Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Zbo

Член од
12 јануари 2014
Мислења
107
Поени од реакции
277
Знаеш што слушам вечерва? Абе уживам! Nothin' on the top, but a bucket and a mop and an illustrated book about birds." Појма ти у ствари немаш!
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.334
Поени од реакции
4.640
Џоа противник на вемеро се осечам шо го лајкнав погорниот статус, немој Стеф да ме најде кој сум и од кај сум, али че ризикувам.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Само Госпо знајт, усвари и тој незнајт, како успеав ова да го напишам во овој тежок момент алал да му е. Маршалот ни го расплака мамичето, ууу сорта твоа гнасна, сабајле сне на рабоќе волу неваспитан! Налет то, уш ова мојава двајс пати до кај си, шо прајш, ах мор несто да не си ми во кожава неразбрана една. Се надевам, дек ак и пишам нешто разумно ќе ме разберит, али уш поќе како да и кажам дек сум одвај на пола свеќица. Искрено ваш М-1, ве сакам сите, останете со зравје, сакајте се и бијте паметни. Не пијте ногу, да ме вервате.
Маршалот не стори парампарче ииии да ти ебам муцката!! Photo0180.jpg
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

Одам во студио. Овој глас треба да рикне.

Не ми е баш арно. Од 23 степени, денес е 11. Април вљубен во студенило. Гребам низ гласни жици и септолетувам. Вчера ме галеше сонце и хранев луѓе. Како знам и умеам. Утрово мајка ми ничим изазвана проба да се кавгаџосува со мене, и ја прелажав со пица чипс. Фантастично е како родителствувањето на сопствените родители знае да биде забавно. На миг.


Тој е толку бел. Без ниедна боја со која би се борела. Прекрасно. Така го видов и вчера. Се менуваат вибрациите. Си посакуваме убавини.
Вкусот на задоволство е рамен на вкусот на домашно ќофте.
Собирам песни и се чудам. Секој ден се чудам.
Небото ќе биде сино. Секој ќе си го дофати сонот.
Без занес потрес, што би била јас?
Па би печела колачи секако.

М.
 
D

dobramuzika

Гостин
драга, сабајле како што е редот, бурек со јогурт, па сега чекам да почне Вардар, ајде ајде Вардаре.
 
B

Blade Torch

Гостин
Шо ми е бре мене ?

Пола саат како варам макарони , 15 минути ставено вода да се стопли , 15 минути како ги истурив и макароните , на 5 минути одам да ги бркам .
И ете сега гледам грешна рингла сум имал уклучено ...
 

Jolene

принцеза
Член од
31 март 2014
Мислења
151
Поени од реакции
398
Драга се дотерав во памучни адидас тренерки, на нозете пума патики, на главата очила за сонце, на лицето крема со Q 10 и екстрат за подмладување, на усните медицински балсам.
Ај чао, ќе ја палам колата и ќе одам компири да садам не сум како оваа багра невработени мрзливци :D.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ди Qay,

го пишав вчерашниот пост скоцкан на тњиттер колку што дозволува и ме обвинија за говор на омраза. Значи @Crazy in Love ме нема обвинето за говор на омраза, овие најдоа :( Крејзи запиши таму у нотесите, не е хејт спич само ако линчуваш Македонци и христијани, другово е.

Де некој ако е на тие факултети кај што се разглабаат вакви работи нека ми пише, ќе му ги предадам материјаливе за магистерска, дипломска, проектна, ватевр. Малколм пусти пишуваше за тоа почна и на бомби да го има.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom