Драгицооооуј.
Татко ми поима неам како ме натера, да сме иделе да купам чизми. Демек ми потребале. АпффФ. Патики зимо лето бре, поубаво нема.
Нема везе ај, идеме таму и ја загледав едни, со мииинијатурна штикла. Ме глеа татко ми и ми вика:
- Шумеча... ти си паѓаш и со рамни патики, знаеш така?
- Знаам...
- А замисли снег?
- Не замислувам.
И ги остаив, нема чизми за мене, не си купив, јее.
После на човекот криво му падна што кај едвај ме натера да разгледувам, па уште ме предомисли и останав без нив, ама има време бе. Уште снег не паднало, дај Боже ич да не падне.
Ама напредувам, лани нејќев ни да погледам чизми, годинава барем погледнав, па догодина здравје, може и ќе купам.
Ич не сфаќам како уживаат да купуваат чевли, ама ич не ми е јасно.
Башка тоа кога веќе продавачката ми ги дала да ги пробам, а мене не ми се свиѓаат, иди па ти кажи ѝ дека сакаш други, или дека нема ич да ги купиш.
Коога сме више кај паѓањево, пак си паднав бе Драга.
Обично женскиве носат црни хулахопки со фустани пошто така им одговара или пошто им е ладно, ја си носам за да не ми се гледа разрешетано колено.
Сите носат пудра на лице, ја пудра на модрици. Ма нек се угоде. Можда пред поише време беше паѓањево, ама по удолница се излизгав, партали се напраив, никако да ми помине. Жииива сум уште, шо има везе. Ехеее.
Башка за 2 секунди се симнав од горе, до доле, фиууу.
Ја иначе арна, фала на прашање.
Почнаа некои коцкички да се редат, што ми одговара, нормално. Легално, легално, легално...
Си смислив еден рецепт, го мислам од прееска, нема смисла више само да го мислам, да си се фатам за работа.
Ај, пријатно.