Кеј,
Ако има некој што пие поише млеко од мене да ми се јави.Луѓе толку вода не пијат колку што ја пијам млеко.И тоа ич не поштуем чоколадно освен со шунка кашкавал лиснатите од камп у Грција.Тие по дифолт идат со чоколадно млеко.Камп ти е светска работа.Посебно тој дел кај Лептокарија.Е таму кеј ти е класична македонска населба со разноразни други малцинства.Нешто налик како нашава држава.Имаш 6 кампа.Ќе почнам да ти кажувам од најубавиот па ќе завршиме со најлошиот кој за иронија го носи името на државата во кој се наоѓа.
ЕСПЕРИДЕС - Во овој камп сме престојувале повеќе пати ама јас се сеќавам само на оној пат кога на татко ми му избегав со пераи во длабокото а не знаев да пливам.Наредното нешто што се сеќавам беа часови за пливање веднаш после враќањето од тој одмор.Денеска овој камп е најсреден и најчист и претставува своевиден рај во рајот.
ПОСЕЈДОН - Е ова ти е веќе прича за себе.Бев трето или четврто одделение и мајка ми реши дека ова лето ќе се оди на друго место односно во Кавала.Јас кога дознав тука после СОлун пошо свртевме на обиколницата плачев наредните 50 километри зошто нема да си ги видам другарчињата од лани.Мајка ми дури и ми кажа дека ќе ме остаи пешки да идам до камп од тука чим толку сум сакал.Среќа татко ми е фациште па намерно го утна патот( нешто за што јас дознав пред 1-2 години).Те обожавам падре.После ова имаше и фестивали од типот првото искачање на плажа со големите и така натака.Јебига деца.
ГОЛДЕН БИЧ - Златна дунда, златна плажа како сакате.Кампот е една улица,ама е фантазија.Е ова ти е буквално македонски камп.На влез од кампот го имаш најубавото гиро во светот и најакиот газда такоѕвани Баби.Баби имаше песто сина , ама ја го знаев само Коста пошо он само ме разбира дека нејќам кромид у гирото.Другите за инат мислам дека ми лупаа песто кила.После ваквиот пречек имаш 4 камп места со шатори кои најчесто беа луѓе петарди дојдени од Полска.Е тоа пољаците ти се најнедефиниран народ у животов што го иам сретнато.Човече се сеќавам се печеа у 2 саат на сонцено на плажа и после влагаа у шокови со сунчаници.А беа побели од мене.После полјаците тука веќе почина Алехандро Македонски и од кај дојдовте да не дојдевте.Типичен македонски живот.Секој со секого живее ,а никој со никого.Имаше еден шо пецаше октоподи секој ден , а ја од 7 години у кампов два пути го имав видено со октопод.Како и да е овде имаше многу деца кои колку мене кои 2-3 години поголеми.Прв пат се очукав на одмор со едно дете од Велес(поз кемба озрачен) и едно пријателче од Скопје со кое имавме дружба добри 2-3 години и во Скопје.Се на се што сум бил во овие три кампа Голден Бич беше најубавиот од сите иако беше само една улица.
АРИОН - Е искрено во Арион никад немав отидено , ама едно знам.Дека најјаките девојки магично излагаа од таму.И тоа чисто зборам за македонки.Имаше едно друштво од таму тројца петарди сеа ми се враќа филмот што секој ден се праеа партали.Едниот беше тежок WoW player, другиот едно време беше фудбалер ,а третиот да ме утепаш не ми текнува.Интересно друштво, никад не им беше досадно.Подоле малце од нив беа двајца братучеди со нивните.Машко и женско.Машкото беше тешка дилајла.Паѓаше добра одбојка со него.Кога сум кај одбојката Есперидес имаше многу јака екипа.Спојка на стара и млада генерација.Имаше и бајаги тензија.Не може на место со полно Македонци да нема по некој чобан што ќе сака да си го измери курот.
После Арион идеа флиперите.Е таму беа правите фестивали.Со другарчињата од Скопје и Велес што ги споменав претходно ги имавме научено на памет.Во првата флиперница после нашиот камп на второто фудбалче жетончето(50 центи) се заглавуваа доле и тој што работи ги собираше.Арно ама при гужва го мрзеше или не знам што и ние ја завршувавме таа работа за него.У глобала секоја вечер бевме по 3 гира у плус за секого.Понатаму во вторава флиперница што кажав после Арион имаше она за фаќање мечиња.И секој од нас си имаше по некоја симпатија па сакаше утредента да ја изненади.Али 50 центи за тоа не ти се фрлаа бе у ниеден случај.Али затоа 2 денари грмеа ко да нема утре.Уште не знам како не не фатија.Мајка ми кога дозна дека татко ми ми даваше денари мислам дека ќе не убиеше и двајцата.
HELLAS - Хелас ти е најголемата мизерија од камп како што напоменав претходно.Ебано во овој камп не беше дозволено да носиш шпорет што е на струја.Се требаше да ти работи на плин.Невидено.Затоа за 3 месеца имаа 30 кампери.Ги пцуев секој пат кога ќе го видев кампот.Едино што ми се свиѓаше е што го имаа македонското знаме на капија меѓу првите.
После HELLAS имаше една полјана што навечер беше окупирана и претворена во класичен пазар за тракатанци све за пола евро едно евро и така натака.Мислам дека ова беше рајот за мајка ми.У глобала за жените што немаа што да прават, а и за мажите богами зошто ќе ги пратеа жените таму место да ги носат со кола до Лептокарија.Вака си пиеја пиво на раат.
Многу од луѓето од камп ги имам забораено, а и последниве неколку години или не одиме или одиме на друго место малце понапред од Лептокарија.Ќе кажувам во наредна прилика кога ќе ме пукне некоја ваква носталгија за камп и дружбите таму.Шестиот камп е иначе пред Есперидес ама ако ми текне на името ќе ве барам.
Поздрав до сите камперчиња и се читаме кеј.