Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Фарбав тераса 5 саати денес.
Арно што е фино времево.
Лошо е што на мајка ми и текнало дека треба да се фарба од црно во бело.
Утре уште еднаш.

Планирав да си завршам некои од работите што ги влечам некое време, што здравствено, што онака, но некој решил на одмор да иде, некој немал термин, арно ќе биде ако стигнам утре да ја ишишам косава малце. И нормално, ќе си закажувам отсега каде и да било две недели унапред.
Ви ебам тоа организираноста.
Во општина кај нас во тоа за невработеност, една иста работа работат 5 души. Има три канцеларии за истата работа. Дали се тоа они нормални?
Некако се осеќам изморена за да тропам повеќе.
 
Драга,
Vo35iH3.jpg
 
Драга,
И вакви живеат на иста планета, и го дишат истиот воздух со нас o_O, прав начин за одмор :несвест::pistoldz::uzi::toe:
 
Кајг,

Денес ми рекоа дека сум ваљда генерација 1982-84.
Одам на лифтинзи. ИАМ ФАКИНГ 10 ГОДИНИ ПОМАЛКУ ОД ТОА
 
Драга...

... не знам како да го пишам ова за да ме сфати озбилно некој, али Елитни Одреди се распаднале и јас се осеќам многу тапа у моментов. Особено со оглед на тоа што нивна песна ми седи на рингтон веќе речиси 4 години, all time омилената, Београд, и ќе продолжи да ми седи уште долго време. А како и да не седи, омиленото дуо со омилената пеачка пеат за омилениот град. Не се скарани или нешто, фамилијарен посао си бркаат, не ја исклучуваат можноста пак да соработуваат, али доволно јасно ми е за да знам дека тешко ќе се деси тоа. А и не е малце искрено, 10 години газат заедно, све си има крај. Али у пм бе се договаравме со другари обавезно да идеме следниот пат кога ќе дојдат у МКД, и не дочекав :( Сега ќе морам да ги слушам Ин Виво, also known as Сеоски Елитни Одреди. Не дека се лоши, напротив баш топ се дечките, али не е тоа-тоа, Е.О беа институција на Балканов, незаменливи.

Мислам дека ова е добар повод да се треснам од земја со алкохол, секако одамна не сум се самоинфицирал со огромна доза на отров за да не знам кај се наоѓам, има едно 8 месеци можеби. Не дека не сум бил пијан од тогаш, ама треба да не знам кај сум бил, кај сум во моментот и каде ќе бидам после тоа, за да се важи пијанството, ваљда ќе биде у блиска иднина.

Како и да е, уживај за крај со мојата омилена песна:


- Пробуди ме из сна, дај ми само једну лаж, да она ме оживи. И пољуби ме за крај, ове ночи као тад, то морам да преживим.


Фала што ми го правевте животот позабавен и овозможивте со вашата музика во позадина да поминувам низ истиот :cuc:
 
Колку е само најак филмов а и тракава, нели? :kuracc:


Ми кажуваат дома татко ми тоа време ја отворил ординацијата и збирал пари за видео плеер, одел до Белград и го купил, прв пуштен филм, Терминатор 2 \m/

Влага Шварци во ходникот кај што е Џон и сите чекаат да го убие како мисијата во кецот и бам плот твист, пратен е да го заштити. Тоа збориме и со Ред Џон и Клипче на чет сега, порано беше правиот доживљај со филмовите, не знаеш што ќе те удри. Денес спојлер од ваму, трејлер од онаму, овој ќе глумел вака, онаа ослабела за онака, ајт у пм. Некогаш што помалку се знае, толку подобро.

Си го спуштив пак горниов филм, ќе си го гледам сега иако напамет го знам. Не ги прават денес како порано :cuc:
 
Еден другар од друштвово додека си идал од Битола си измислил ново име, Танаско, и сега на сите од друштвово ни се обраќа со Танаско. За празници не вика Танасије, на вибер во групна порака сите му сме Тасе/Таско и слични варијации од името.
Претходно не викаше божји деца. Едно добри година дена разговорот му почнуваше - кај си божјо дете :cautious:
Сега секој ден добивам пораки - Танаско кога ќе ојме на кафе :вонзем:
Утре не знам што ќе бидам.
 
,,Калеш бре Анѓо"


Целото битисување на македонскиот народ, тагата, очајот, непокорот, гордоста. Сето ова собрано во неколку минути.
Звукот не допира, не допира ниту мелодијата, ниту текстот.
Туку те крши одвнатре. На ситни парчиња и делови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom