Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Kонечно поминаа 2 години и веќе не ме фаќа најглупиот закон во историјата, т.е возењето после 23.00 часот без присуство на возач кој има повеќе од 2 години искуство и е постар од 25 години.
:kuracc:
 
Неколку работи не проаѓаат...

1. Црвена патика на црна фармерка (Призренска лига)
2. Џибер педеруша оптегната на тазе генериран мев од Вили.
3. Рандом тип од веце у диско искача од мочање, девојка се глеа у огледало и коментар: не се глеај, убава си. (Знае и сам дека тоа е единото женско на кое ќе се обрати вечерта...многу многу поразително и лошо)
 
ДК

Почнав во последно да вервам дека се се случва со причина, ми се случват мн мн јаки 'случајности' и слушам мн јаки приказни шо ме терат на истово. На пример некни слушнав песна од една личност на story на инста, личност која мн ми значи и се мислев што песна е, како е што е бидејќи не сме во контакт некое време :) и не ми текнуваше по 2 мин пуштам филм и ете ја песната во филмот значи немаше теоретска шанса главниот лик во 2017та филм што нема допирна точка со песната и тоа време - 1980ти да ја пеј и ооп ја испеа и ми текна текст која е што е :)

Цела недела слушам како некои се споиле после пауза долга, како на некои им се наредиле коцките после лош период итн итн. Се супер, тоа ме движи салам нарпед кајги. Се смешкам нон стоп, фин до немај каде иако натре сум скршен ама ако бе ќе помини знам дека ќе помини и дека морам да сум силен и ќе бидам :). Знам дека нема денес да помини и да е полесно ама ќе биди, мора да биди полесно. Си се движам моментално на еден пат и една патека на кревање на свои лични стандарди и почетно има добар резултат ама иако се осеќам скршен си продолжвам со насмевка, со култура и фин. Па какво чуство е кога влегуваш во сендвичара или продавница или нешто такво и си за промена фин и културен како те гледаат луѓето ти се топли душичката. Вчера на пример на вработената во сендвичара и се понудив и помогнав во раскревање, фаќање работи а отидов само да си порачам сендвич и да не се мачи кутрата сама на работа подраскренав па да ја видиш Кајги таја насмевка на лицето.

Пред месец во една пицерија да земам парче пица а другарка ми прај аууу тука ќе се смрдам не влегвам и јас пред сите и реков - не биди пуфла влези земи си на шо ќе се смрдиш? На пица? На јадење. Не ти земам гладвај- А кутрите 2 чупиња на нејзина возраст натре и една постара скиснаја во лицата. И им реков не знат луѓето шо е поштена работа, нема потреба од срамење бравос што на ваша возраст го работите ова додека врснички ваши не знат колку мажи да поминат и неќат да смрдат, вие си спиете рает си имате поштена работа. И постарата ми рече само фала дечко и се насмеа... Другарка ми збесна и нормално бараше на кој да се качи или да ја гледа....

Овие малечки промени ме движат напред и ми го прат денот и да останам 'broken' и скршен или цел живот сам или не знам ќе си продолжам да си ги прам овие работи. Чудна моќ има една насмевка и културен топол збор колку можи да смени ако не за мене барем за некој друг....

Не ми треба никој, нити внимание, нити центар пажња да сум, туку тој мир и топлина која се осеќа макар на 2 мин, тоа е тоа кајги. Него утре после месеци сум слободен ќе си одам Молика или негде Пелистер сам тотално со апаратот слушалките и полн телефон и ќе олабам кајги. Ми треба...Moжда сум the broken one сега за сега ама знам дека е се среди и деак нешто поубо ме чека и иди ќе истрпам АМА лелеле коќе дојди ^_^

Добра ноќ f
 
^Eднаш така со татко ми незнам како падна муабет за песната 223-305, се возевме во кола патем и по една минута 2 после муабетот пуштам радиото, на радио станица беше наместено не на CD и токму 223-305 и ТОКМУ на рефренот. Се чудевме и смеевме двајцата едно добри 2 минути. Тоа веќе да не правиме муабет колку пати некој што си го зборел оооп одненадеш ќе ти излезе пред очи. Ама вакво нешто прв пат и засега единствен ми се има случено
 
Животна лекции имам последниот период, како прво почнав да не очекувам ништо од никого ама ова стварно го мислам и го практикувам не дека го кажувам од мака или да правам драми и знаете многу подобро почнав да се осеќам , како второ веќе не ме заболе кој ме сака кој ме почитува,кој ме мрзи, кој ме тестира кој збори лошо за мене кој добро се ми е исто знам дека на крај тоа нема да игра важна улога за тоа каков живот ке живеам, како трето веќе ништо не ме чуди апсолутно ништо, се ми е исто некако, знам дека без разлика што ке правам или ке превземам животот нема да биде фер спрема мене.... така да живеам многу помирен живот живеам секој ден како да ми е последен
 
Последно уредено од модератор:
^Eднаш така со татко ми незнам како падна муабет за песната 223-305, се возевме во кола патем и по една минута 2 после муабетот пуштам радиото, на радио станица беше наместено не на CD и токму 223-305 и ТОКМУ на рефренот. Се чудевме и смеевме двајцата едно добри 2 минути. Тоа веќе да не правиме муабет колку пати некој што си го зборел оооп одненадеш ќе ти излезе пред очи. Ама вакво нешто прв пат и засега единствен ми се има случено

 
Драга Кајгана,
Во животот успеваш во оној момент кога прекинуваш да очекуваш од другите:)
 
Се вика Павлина , се сели во Италија , нема 6 месеци и се прекрстува во Паола. :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos: Не е само на заебанција на фб , буквално пичето си го смени името по сите закони и административни процедури.:tapp:

Тежок комплексашки народ сме , свашта ќе направиме за да бидеме прифатени некаде или од некого.
 
Добив понуда да живеам во различни држави низ Европа, а таман се вгнездив овде.
Некои соништа се исполнуваат предоцна, кога повеќе не мечтаеш за нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom