Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК,
приметив кога народот меѓу себе ќе се испотепа, брат свој брат да убие, секогаш природата потсетува со пожар, поплава или земјотрес дека не смеат тоа да го сторат !
 
Колку е чудно, и убаво, и тажно. Една од првите симпатии ми стана девојка после 10 години од првото симпатишење. Колку само спомени ми навираат. И не само спомени.
 
Кога за прилично кратко време ќе ти се натоварат премногу обврски, сериозни и тоа, јака е шансата да зафркнеш се, и така блокиран да не направиш ништо, што секако ќе има долгорочни последици. Во животот има место за сешто, па и за напади на глупост, мрзливост и болење на извесен дел од телото ама баш за се'.
Иначе милката со јогурт и вкус на јагода супер оди со пиво и цигари :D
 
Д,

како ти иде пробување да влезеш во туѓи чевли? Знам дека не си Кармен од Наше Маало, ама пробај.

Од една страна, имаш живот, свој и едини. Знаеш како е, има и добри и лоши моменти. Знаеш да се фокусираш на едните, или на другите, зависи од периодот. И генерално тоа ти го окупира времето. Преживување на искуства.
Од друга страна, имаш работа, која тебе ти е само дел од животот. И сакаш да ти е така, зошто не сакаш да си го убиеш себето.
А имаш и човек, што да беше нормална работа ќе ти беше клиент, ама вака ти е пациент. И ти многу добро си знаел цело време што значи тој збор, и каква должност тебе ти носи тоа.
Знаете и ти и тој, дека проблемот му е нерешлив. Не само во одредени услови, туку општо.
И ти пишува дека ќе се докрајчи, ако прогредира. Знаете, и ти и тој кои се шансите.
Ти, вадиш студии, бројки, проценти за да го зголемиш процентот на шансата, ама од човек во болка не барај оптимизам.
И упорно, и упорно.
Се тегавите, ти со твоето, он со неговото.

Лошо е чувството кога некогаш чиниш дека твоето е поблиску до неговото, откоку неговото до твоето.
Не оправдуваш се што разбираш. Го убедуваш, упорно и упорно, во нешто во што сам едвај веруваш.

Не е до него што е со мака, не е до тебе што не си одговорот.
А туѓиот товар брзо те заморува.
Тажно е што, единствениот начин на кој што ќе се ослободиш од тој товар, ќе ти создаде поголем.

Кажи ми сега ти, се чувствуваш ли некогаш виновно без потреба?
 
Кајгич, ја само што се слизнав на лушпа од банана. А све си мислев дека тоа само кај Том и Џери се дешава. :X3: Али јако беше у секој случај, најбитно e шо не трснав, па сеа. :D

И ондак то. Ај пријатно. :D
 
Се мислев дали ова да го пишам во фан клубот, ама пошто е мој личен јубилеј, нека стои тука.

Пред точно 20 години, 14 мај 1997, бев дете на неполни девет години и уште не се разбирав ни од спорт ни па сум знаел што е фудбалски клуб. Тогаш случајно го изгледав првиот мој фудбалски меч на телевизија. Барселона - ПСЖ, финале на тогашниот Куп на победници на купови.

Малку се сеќавам, ама знам дека го прашував татко ми работи како „што е тоа клуб“, „колку играчи играат“, „кој е овој“, „што игра оној“... Се сеќавам на голот на Роналдо од пенал, на Стоичков, на славјето... И од тогаш почна мојата љубов кон нешто што за мене е повеќе од фудбалски клуб - ФК Барселона. И тоа ќе трае додека сум жив.

20 години навивање, уживања, нервози, незаборавни моменти. Навивав и кога газеа се пред себе, и освојуваа двојни и тројни круни, а и кога шест сезони се мачеа без трофеј. Цели девет години чекав на титула во Лига на шампиони, а после се радував на четири. Колку ли само пати Барса ми донесувала радост кога сум имал тешки моменти на приватен план. Нека каже некој сто пати дека тоа е само фудбал, ама секој прав фудбалски фан ќе разбере што значи да се сака и да се бодри омилениот тим со години.


За во иднина ми останува желбата да ги гледам во живо на Камп Ноу, нешто што уште го немам искусено. ;)
 
Гледајќи ја денес прославата на навивачите на Феенорд се уверив дека ваква љубов за странски клуб што никогаш не си го гледал во живо не постои, лажна е.То е како да мислиш дека си заљубен во некоја а само на фб си пишите. Едноставно не е фер покрај луѓе што живеат реално со клубот и ние да велиме дека сакаме некој странски клуб исто како нив.
Ништо лично кон членот погоре нормално, само кажувам мој став.
 
и дека наставниците не се замараат ама баш ич.
Сакаш да знаеш колку се замарам?
Сакаш искрено да знаеш колку се замарам?
Е, знаеш, имам едно правило во училницата кога станува збор за искреноста и за тепањето.
Ако си ги бараш, ќе ги добиеш.
Сакаш да знаеш што правам?
Ги терам децата макотрпно да работат повеќе од што мислеле дека можат.
Можам двојкаш да го натерам да се чувствува како шампион.
Можам петкаш да го натерам да се чувствува тажно.
„Како се осмелувате да го трошите моето време со нешто помалку од вашиот максимум?“
Можам да ги натерам да седат 40 минути без збор да кажат.
„Не, не може да работите во парови“.
„Не, не може да ме прашаш, спушти ја раката“.
„Зошто не те пуштам да одиш во тоалет? Затоа што не ти се оди, досадно ти е, така?“.
Ги правам родителите да се уплашат кога ќе им се јавам во 7 вечер.
„Добровечер, овде Анон, се надевам не Ви сметам. Само сакав да Ви пренесам нешто што Вашето дете го кажа денес во училиште. На најголемиот неранимајко му рече: Еј, остави го тоа дете на раат. Јас се уште плачам понекогаш, зар ти не?“.
И тоа беше најхраброто нешто што сум го видел досега.
Правам родителите да ја видат вистинската слика за нивните деца, и за се она што можат да го постигнат.
Знаеш што правам?
Ги терам децата да прашуваат, да критикуваат, да се извинуваат искрено.
Ги терам децата да веруваат во себе, да го следат своето срце.
И ако некој некогаш ти рече „ти не се замараш на работа“, покажи го средниот прст.
Еве, да ти појаснам, како би знаел дека ја говорам вистината.
Наставниците, наставниците се замараат да направат промена.
А сега, што правиш ти?

(C) Taylor.
 
Драга Кајгана,
Има луѓе што постојано гледаат што прават другите луѓе, само од тоа стојат, си тераат сеир, коментиираат кој е дно, кој е неписмен, а себе си самите не се гледаат каква канализација се. Кажи им дека се ситни и трули во душата:)
 
ДК, oвoј сунѓер ќе сoбере пoвеќе лaјкoви oд тoј нaд мене

Utility%20Sponge.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв