Налетав на една изрека: "Failure is an option. Trying is not". Не ми е логично некако. Во било која ситуација, имаш опција да се обидеш (да направиш нешто). Неуспехот е нешто што понекогаш се случува. Неуспехот не е опција, таа е резултат на обидувањето. Да се има опција значи да постојат најмалку 2 работи помеѓу кои би можел да бираш, така да, кога неуспехот би бил една од тие 2 опции, кој човек би го избрал?
Прашањето е: дали треба да се плашиме од него? Одговорот на тоа прашање не тера да размислиме дали ќе го прифатиме обидувањето како опција. Би сакала да се убедам дека не треба да се плашам, али тоа е тешко. Ако не се плашиме од неуспехот, сите ќе одбереме да се обидеме. И тогаш нема да постои разлика помеѓу луѓето. Но реалноста и поинаква. Постои група луѓе кои и покрај стравот од неуспех, одбираат обидување. Но, постои и група луѓе кои поради стравот од неуспехот, не се ни обидуваат и со тоа си ја кратат и шансата да успеат. Во која група спаѓаш ти?