Момче, гледам дека си во голема заблуда...
Не сте: лидери, храбри, пожртвувани за повисоки(националистичко идеолошки) цели, тактичко настроени.
Како бе не се лидери? Само можеби имаат различни ПОВИСОКИ цели, кои не се “националистичко идеолошки“, туку хуманитарни на пример. А ова со недостатокот на тактичка настроеност каде се познава? Во секојдневниот живот или во војна? Ако е во секојдневниот живот, дообјасни, а за во случај на војна .. неќу да знам. А кога сме веќе тука, да те прашам нешто: за колку жени терористи си чул? Една преку сила. Тероризмот разумен ли е?
Не знаете да соработувате(кога се работи на нешто голема нема место за караници затоа што не ти го вратил некој фенот, личните суети се далеку настрана а жените тоа не можат да го направат се рчкаат за најмала ситница).
Ти збориш за девојчиња у основно и средно. Во светот на возрасните е итекако поинаку. Жените соработуваат на многу нивоа, и тоа знаеш зошто? Затоа што егото не ги спречува да признаат дека им треба помош и истата да ја прифатат кога ќе им биде понудена.
За да бидеш лидер треба да бидеш практичен. Практинчост е автомобилот да биде побезбеден, комфорен, јак, брз, и да троши помалку ресурски(гориво)...а не да биде жолт или виолетов-жените да владееа со светот до сега ќе ги истрошеме сите ресурси.
Колата мора да има некаква боја, затоа што таа ќе ја заштити од корозија. Дали ќе биде жолта, розева или црна, не прави голема разлика во цена. Голема разлика прави она такмичењено “на мене ми е поголем“, ти текнуе? Поголема кола, поголем мотор, поголем (кхм). Ова не е женска карактеристика.
Жените по дифолт кога се виновни за нешто почињаат да се лигават и пекмезат за да не биде така.Се разбира дека такво однесување е најстрого забрането ако сакаш да го владееш светот(сакаш да го кркаш кајмакот треба да знаеш да ги голташ и лајната)
И повторно, зборуваш за карактеристики на девојчиња, а не за жени. И онака светот нема да го владеат деца нели?
Во светот денес има тренд (не ми верувајте мене, прашајте го Google) високо образование да завршуваат многу повеќе жени од мажи. Ако вака продолжи, голема е веројатноста дека во средно далечна идина, повеќе жени ќе држат раководни позиции, додека мажите ќе преживуваат користејќи го она што најмногу ги разликува од жените - сурова “машка“ работна сила..