Ова е чист приказ само како човекот напредува без неговите бајки и приказни за мали дечиња.
Не ми беше поентата да ги плукам верниците, ниту да речам НЕ ВЕРУВАЈТЕ туку ми беше само приказ на она што тие го нарекуваат реалност. Сите имаме различна точка на реалност и сите имаме различни гледишта за неа.Но сепак,кога гледам теми како пишуваат и толку се внесени сериозно во тоа, толку реално го сфаќаат од типот на “Бог се отелотвори во човек, или бог е таму и таму тоа и тоа прави, бог вака бог така“ сфаќајќи го како реалност, и буквалистичко читање на библии курани и сл, е веќе претерано, и звучи како дете кое објаснува дека го видело супермен кога погледнало нагоре, а мајка му му вели “Сине авионче леташе..“
И толку христијанското сфаќање дека бог ја создал земјата, одговорете ми од каде тој ја создал? Материјал од каде? Нискоградба Битола?
Библијата е само една метафорична книга во неа имате напишано, на почетокот се беше темно,а потоа бог рече нека биде светлина и се осветли.
Значењето на ова, е раѓањето на човекот, како фетус кога е и е затворен во матката, и единствениот контакт му е папочната врвца преку која се храни. ни гледа ни размислува но сепак живее некој облик на живот.Затоа е и во библијата така објаснето.
После тоа има: Прво бог го создаде Адам а од него ја создаде жената.
На почетокот на светот , односно животот во него и сите денешни облици, знаеме дека биле почетните микроогранизми, овие едноставни што дене ги гледаме, бактерии алги и што знам што.
НА почетокот успеало да се создаде една жива клетка која со делба се размножува на две клетки, (Значи од Адам излегува жената).
И сите знаеме кој е начинот на размножување на клетките :wink:
И колку што има докази верник да ми објасни дека господ постои, (Како што тие го замислуваат Надреалистичко суштество со супер моќи) толку имам јас да објаснам дека не постои.
Верувајте во што сакате, имајте си своја верба, само не проповедајте ја на другите.
Не ми е јасно само, зошто Христијаните се прават секогаш слепи , кога ќе им се спомни мрачната доба ? Големото издигање на христијанската црква кога била на власт. низ форумот имам читано и секогаш коа на некој му се поставува тоа прашање сите ја вртат темата и молчат. Молчат затоа што знаат дека тоа е голем проблем