До кога вака?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ја заборави "религија" на прво место од топ листата! :helou:
Поздрав и до тебе....(ха-ха-ха!)

--- надополнето ---

Како можете како религиозно лице да обвинувате некој кој има податок кој се базира на истражување?
И плус тоа да немате никаков доказ.
1. Чии се овие истражувања? Која институција го има тоа сторено?
2. Како сакаш да изгледа доказот?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Колку што знам, секогаш треба при критика да тргнеме од себеси...така да...случајно ги погледнав начелата на оваа тема за сатанистите
http://forum.kajgana.com/showthread.php?28336-%D0%A1%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC&p=1693110&viewfull=1#post1693110

Значи што тоа овозможува твојата или друго (не)верување за да може да се каже -до кога вака...да ги оставиме на страна даноците и образот оти има теми за тие аспекти.
Јас имам избор да се однесувам според оние закони и законитости во мојата религија...колку што е можно во оваа денешница -преизматеријализирана....дали тоа е ист случај кај атеисти, сатанисти, нон-биливери...? Фрлате греди по христијаните и муслиманите, а не гледате дали истото го имате пред вас...интересна ситуација.

--- надополнето ---

Имаш слики, графици погоре, линкови од извори на веста,.....
Еве ги податоците, истите говорат за она што го споменав -стандард, институции, пари...



Кога ќе ги споиме претходниот и овој графикон ќе добиеме дека???
од ова заклучуваме дека богатството го формира акјуто, а случајно IQ на сиромашните се поклопува со религиозноста...но богатството по автоматизам не значи доблест, ниту добрина, ниту моралност. Напротив, во голем број случаи сиромашниот е поскромен, подоблесен...генерализирам, но статистиката е генерализација :)
 
T

Tetro

Гостин
Фрлате греди по христијаните и муслиманите, а не гледате дали истото го имате пред вас...интересна ситуација.
"Не фрламе греди", "не дереме мачки, лилјаци", "не плукаме по никој", сме како сите граѓани :) Единствената разлика е дека ние имаме сватено нешто. Тоа е дека не сме заслепени од религија која ни ја наметнале предците.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Интересно и многу убаво кажано од еден форумџија од 2008
Ne postoi glupava religija, samo glupavi luge, sto ne gi pocituvaat tugite religii.
МеталХамер, конкретно не мислев на тебе или неколкумина...има форумџии кои навистина се мајтапат (нивно право, но и мое право да споменам :) ) и ругаат со нечие верување и неговите белези

Тоа е дека не сме заслепени од религија која ни ја наметнале предците.
Инаку, тоа не е заслепеност, едноставно верување...пошто не знаеме точно (сите сме во матрицата која ни го блокира погледот надалеку и низ просторот и низ времето) што и како е, не можеме да тврдиме дека е заслепеност било верувањето, било неверувањето. Но, се покажува дека добар дел од оние кои имаат критички однос кон Аврамовите религии (мислам дека вака би ги опфатил со еден збор), истите подоцна дознаваме дека имаат некои чудни гледишта и постапки-членуваат во инетересни групи, секти, вери... Типичен пример со онаа тема за која прашав -сатанизмот и сатанистите кои пробуваат да најдат проблем во овие религии, а не ги гледаат (или кажуваат) проблемите во практикувањето на сатанизмот.
Според мене, тоа што јас судам некому дека не го врти образот, а истовремено јас правам прељуба или крадам или продавам на црно...правам било каков грев...јас сум тогаш дволичен, нели :)
Тоа е проблемот со овие теми, дволичноста :smir:
 
T

Tetro

Гостин
истите подоцна дознаваме дека имаат некои чудни гледишта и постапки-членуваат во инетересни групи, секти, вери...
Тоа е очекувано од луѓе кои се со било какви проблеми во животот (кои ги има секој втор земјанин ако опфатиме глобално). Е сега, некои ќе најдат решение во љубов, некои во домашно милениче, некои во пороци како алкохол, дроги, а некои и во секти и самоубиства...

Типичен пример со онаа тема за која прашав -сатанизмот и сатанистите кои пробуваат да најдат проблем во овие религии, а не ги гледаат (или кажуваат) проблемите во практикувањето на сатанизмот.
Во секоја религија или верување ќе се најде привлечност од некои луѓе. Еве друг пример, со Ошо:
На почетокот од книга една, скоро ја загледав некаде и почнав да читам од неа, на првите редови објаснува дека се е илузија, секоја религија, сите богови се измислени,.... После тоа објаснува за спиртуалност и медитација нешто, со цел да го навлече читателот на нова религија.
**ќе ме мава некој со камења за ова

Според мене, тоа што јас судам некому дека не го врти образот, а истовремено јас правам прељуба или крадам или продавам на црно...правам било каков грев...јас сум тогаш дволичен, нели :)
Тоа е проблемот со овие теми, дволичноста :smir:
Дволичноста е проблем насекаде, не само тука. Најголемите верници одат во црква/џамија барем еднаш во неделата. Тие подобро од нас знаат дека попот, кој со судни маки завршил школо, оти родителите негови не биле многу моќни за да плаќаат, сега истиот тој вози AUDI Q7, платено во ќеш, од платата која ја земал последниве 3-4 години откако се вработил. :uvo:
Секој ќе го стичне божјата казна, само не попот кој вели "Слушајте ме што ви кажувам, не ме гледајте што правам" :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Праени сме у таква матрица...како луѓе...мислам дека не постои некој што не верува во нешто световно/духовно, ват евер. Некој дека утре ќе најде работа и парче леб, друг дека ќе се спаси од некоја подмолна болест, трет дека ќе се спаси од инфарктот, четврт дека неговото дете ќе си го најде правиот пат...материјални, видливи, духовни верувања, а што сметам дека не се чести луѓето ки макар на секунда не поверувале во нешто, било што, во одреден момент...па дали ќе се поклопи тоа негово верување со Јехова, Сатан, Исус, дали со некоја Сила, Судбина...негова работа...доколку општеството и луѓето наоколу немаат последици од тоа верување, немам ниту јас. Затоа и го цитирав постот на Радапцигер :)
 
Ч

Чај

Гостин
Ова е чист приказ само како човекот напредува без неговите бајки и приказни за мали дечиња.
Не ми беше поентата да ги плукам верниците, ниту да речам НЕ ВЕРУВАЈТЕ туку ми беше само приказ на она што тие го нарекуваат реалност. Сите имаме различна точка на реалност и сите имаме различни гледишта за неа.Но сепак,кога гледам теми како пишуваат и толку се внесени сериозно во тоа, толку реално го сфаќаат од типот на “Бог се отелотвори во човек, или бог е таму и таму тоа и тоа прави, бог вака бог така“ сфаќајќи го како реалност, и буквалистичко читање на библии курани и сл, е веќе претерано, и звучи како дете кое објаснува дека го видело супермен кога погледнало нагоре, а мајка му му вели “Сине авионче леташе..“

И толку христијанското сфаќање дека бог ја создал земјата, одговорете ми од каде тој ја создал? Материјал од каде? Нискоградба Битола?

Библијата е само една метафорична книга во неа имате напишано, на почетокот се беше темно,а потоа бог рече нека биде светлина и се осветли.
Значењето на ова, е раѓањето на човекот, како фетус кога е и е затворен во матката, и единствениот контакт му е папочната врвца преку која се храни. ни гледа ни размислува но сепак живее некој облик на живот.Затоа е и во библијата така објаснето.

После тоа има: Прво бог го создаде Адам а од него ја создаде жената.

На почетокот на светот , односно животот во него и сите денешни облици, знаеме дека биле почетните микроогранизми, овие едноставни што дене ги гледаме, бактерии алги и што знам што.
НА почетокот успеало да се создаде една жива клетка која со делба се размножува на две клетки, (Значи од Адам излегува жената).
И сите знаеме кој е начинот на размножување на клетките :wink:


И колку што има докази верник да ми објасни дека господ постои, (Како што тие го замислуваат Надреалистичко суштество со супер моќи) толку имам јас да објаснам дека не постои.
Верувајте во што сакате, имајте си своја верба, само не проповедајте ја на другите.

Не ми е јасно само, зошто Христијаните се прават секогаш слепи , кога ќе им се спомни мрачната доба ? Големото издигање на христијанската црква кога била на власт. низ форумот имам читано и секогаш коа на некој му се поставува тоа прашање сите ја вртат темата и молчат. Молчат затоа што знаат дека тоа е голем проблем ;)
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Не можам да бидам сигурен, но можам да пробам да докажам.
Еве, ти посочи било што и ќе почнеме... :)
Јас не губам ништо, докажи ми дека Бог го создал човекот и во тоа ќе верува. Се што треба е доказ...
Ме прашуваш кој не создаде, од каде потекнуваме? Еве јас викам Бог.
Те прашувам кој не создаде и од каде потекнуваме? Ти викаш не знам. Ко прво не знаеш од каде потекнуваш а сакаш со докзи да си играме ? Не може така, кога ќе дознаеш од каде потекнуваш тогаш ќе си играме со докази и ќе дебатираме.
:)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Ме прашуваш кој не создаде, од каде потекнуваме? Еве јас викам Бог.
Те прашувам кој не создаде и од каде потекнуваме? Ти викаш не знам. Ко прво не знаеш од каде потекнуваш а сакаш со докзи да си играме ?
Кукло, ај дефинирај доказ. Свесна си што претставува тоа како поим?

Муабетот ти е за 13 годишна, не 17.

Инаку, штом сечие мислење се рачуна, јас викам Штркот.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Кукло, ај дефинирај доказ. Свесна си што претставува тоа како поим?

Муабетот ти е за 13 годишна, не 17.

Инаку, штом сечие мислење се рачуна, јас викам Штркот.
Џабе ќе ти вадам докази кои нема да ги разбериш, ниту некогаш ќе можеш да го разбереш.
:tapp:

--- надополнето ---

Па некој и во хероинот и во алкохолот пронаоѓаат мир и спокојство!:toe:
Па ти се чудам и ти се древам.
Добро во тој момент пронаоѓа мир и спокојство од ко ќе се нафурцат нашприцат или напуфкат :).. Но за последиците не мисли. Мислам ги знаеш последиците да не ги наведуваме.
Додека пак верата мислела и за последиците. =D
 
Ч

Чај

Гостин
Ме прашуваш кој не создаде, од каде потекнуваме? Еве јас викам Бог.
Те прашувам кој не создаде и од каде потекнуваме? Ти викаш не знам. Ко прво не знаеш од каде потекнуваш а сакаш со докзи да си играме ? Не може така, кога ќе дознаеш од каде потекнуваш тогаш ќе си играме со докази и ќе дебатираме.
:)
Како прво, извини ти мене нигде не ме праша од кај сме потекнале. А ти кога викаш, БОГ не создал и тврдиш, ајде да објасниш се овдека, како не создал и кога и зошто?
Да видиме ТИ кои докази ги имаш. Па после јас моите. Може?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom