Целта на модераторот е да одвои „глупи досетки" кои се најчесто офтопик, подјебавање со темите и сл. (честопати затскриени како онтопици) од мислења поврзани со темата на дискусија. Модераторот не реагира зависно од тоа дали мисли дека мислењата за темата се глупи (неточни) или паметни (точни).
Пример...
1. Неточно (глупо) онтопик мислење шо не треба да се избрише ниту да се казни...
„Фамилијата на Ошо нема направено ниту еден нелегален акт, тоа е пропаганда на ЦИА. Во документарецот за Ошо сите ликови се SGI, фабрикувано од ЦИА, со цел Евреите да владеат со светот.
Ова модераторот не го казнуе без разлика на тоа што мисли за мислењето.
2. Точно (паметно) онтопик мислење.
Религиозното движење на Ошо има напраено неколку злостори и документарецот
Wild, Wild Country до некаде непристрасно прикажува дел од овие настани, а во него од прва рука сведочат луѓе кои биле дел од религиозното движење на Ошо и нивните противници.
Ова модераторот не го казнуе без разлика на тоа што мисли за мислењето.
3. Глупо офтопик мислење у комбинација со обид да усереш тема.
Osho... Mosho.. Sigurno
@Beric Dondarrion treba da naprai edna plaza za da se iscisti... Dali Beric e plazata? Dali decata na berik se krijat od plazata?
Jas go zapoznav
@Govinda i toj rece deka saka trojka so zena mi no toj e perverzen i se nalutif. Ama posle ja vidov gradinata, pticite i tisinata... Sfativ deka i jas imam ego. Izvini Beric, sakas da pieme pivo?
Lj.
У случајов членот е офтопик и ја усеруе темата. Он може да шиба адхок хипотези за симболика у неговиот пост која ја објаснува тишината у нас, потребата да се тргнеме од страдањето и да ја најдеме „плажата" итн. Но он можда трола и малициозно сака да јаде гомна. Кој би знаел? У вакви ситуации модераторот трга пост, опоменуе и ако не добие добар фидбек, шиба казнени. Сеа секако, уметноста е у тоа модераторот да препознае кога треба да почне да реагира. Овде Атеист беше преригиден и се надевам дека Хептаграм нема да биде. Некад членови може да отидат офтопик со два-три поста и да се вратат на темата на дискусија, нормално е, луѓе сме. Некад ќе падне некоја заебанција. Ама со усул. Ако членовите ја посерат темата со пеесет вакви постови и покрај опомена/бришење пост, јадат бан од тема и јаки казнени.
4. Некад има офтопик, онтопик, нешо шала, нешо вистина.
Ошо не бил баш најарен. Иам другар у маало што почна да праи ваков култ со женска му и женска му проба да нѐ отруе сите у маало. Е сеа, другаров поима немаше шо праи женска му, ама ние сумњавме дека знае само се праи наудрен. Кога раскинаа, ја пријави у полиција. Кога сме кај праење наудрен, питање е дали другарот е конзистентен со неговите тврдења и неговата цел беше да ја стаи женска му на испит, Бок знае.
Ова е суптилна аналогија за Ошо (у форма на измислена прича) и неговите постапки. Прикажана со рандом пример, личи на офтопик, ама не е баш. Овде е битно модераторот да има знаења за темата и сенс за сарказам/алегорија/индиректен говор. Ова не се казнуе. Е сеа, Атеист беше исто ригиден за вакви ствари, се надевам дека Хепта нема да биде.