Што предсатавува поимот крвна одмазда?
Крвната одмазда е обичај, карактеристичен за примитивните општества. Имено конфликтот започнат меѓу две фамилии, со убиство на член од една фамилија, а се наставува со меѓусебно убивање, на еден по еден машки член од фамилиите.
Крвна освета е термин кој се користи кога една фамилија “должи крв“ и догот се враќа само со убиство на машки член од другата фамилија.
Овој обичај е доста стар и сеуште постои на просторите на Косово, Албанија,Црна гора, Македонија и Сицилија.
Најчест повод за Крвна одмазда е вообичаено расправија меѓу двоица мажи околу меѓи, околу девојки, сообраќајни несреќи или околу било што – кој со обзир дека се работи за општ примитивизам, ниско ниво на култура и толеранција завршава со убиство.
Во фамилијата на убицата, убиството (крвната одмазда) се оправдува со “осветлување на образот“ и е прашање на “честа“ ...
Според традиционалниот начин на крвна одмазда, семејствата се бранат и од осрамотување на семејната чест, од вербални навреди, а поретко поради нанесена материјална штета. Одмаздата никогаш не застарува.
Така настанува таканаречена војна меѓу фамилиите.
Фамилијата која “должи крв“ – односно членовите на фамилијата чив член има убиено друг член на друга фамилија – поминува во посебен начин на живот.
Машките членови на фамилијата должник – осем децата – не излегуваат надворот од дворот на куќата – која заради овие разлози е опкружена со високи зидини.
Сите работи како – набавување на храна, работа по нивите, чување на добитокот и сл. ги превземаат жените и децата.
Сето ова трае додека не се случи некој од членовите на фамлијата “должник“ не излезе надвор од куќата каде што веќе го чека одбран припадник на другата фамилија за да го убие.
Со убиството спорот не престанува – туку почнува спирала на смрта па сега “долгот на крвта“ поминува во другата фамилија.
Ако одбраниот егзикутор одбие да изврши убиство на член на непријателската фамилија – тој се смета за кукавица, фамилијата се одрекнува од него и тоа се смета за најголема срамота.
Албанците што се уште се раководат според законот на Лека Дукаџини - стар шест века..
Тие тврдат дека во тој законик се опишани строгите правила според кои се наплаќа крвавина по правилото "глава за глава" или "крв за крв". , Во нивните сфаќања таа одмазда е право и должност.
Според криминолозите причини за извршување на одмаздата е тоа што кај Албанците постои страв дека ќе бидат проколнати ако не ја извршат обврската за крв да платат со крв.
Според стариот канон, за убиство на член на семејството одмаздата можела да се изврши со убивање на кој било машки член од семејството на убиецот. Семејството на жртвата решава кој од фамилијата на убиецот треба да плати за злосторот.
Измирување тешко се постигнува а се случува дури по 20 – 30 години на меѓусебни убиства, кога веќе никој не се сеќава зошто почнала спиралата на крвната одмазда.
Тогаш “Советот на мудреците“ на племето почнува долги преговори со двете фамилии – така да фамилијата која “должи крв“ долгот го исплати во пари.
По “спогодбата“ доаѓа до измирување – јавно пред целото племе – и фамилијата која добила пари т.е. најстариот член се ракува со најстариот член на другата фамилија и јавно изјавува дека долгот е измирен.