Обично документарците не се популарни помеѓу поголемиот дел на популацијата, но оние што обожаваат да ги гледаат, ја знаат вистинската вредност и големина која се крие во нив. Еве неколку кои треба да се најдат на вашата листа за гледање.
Луѓето гледаат филмови за да се одморат од реалноста и да се опуштат, но документарците нудат една поинаква корист. Тие нурнуваат длабоко во судбината на луѓето, ја откриваат вистината позади работите на кои не сме ни размислувале и ни даваат слика за светот над нашите граници на реалност. Пренесуваме 10 документарци кои мора да ги погледнете.
„Born Into Brothels: Calcutta’s Red Light Kids“
Во овој документарец, фоторепортерите Зана Бриски и Рос Кауфман патуваат во „Ред Лајт Дистриктот“ на Калкута, каде обрнуваат посебно внимание на децата. Децата добиваат тренинг за фотографија и преку фотографиите ги раскажуваат нивните приказни за животот во бордел.
„ReGeneration“
Документарецот се фокусира на посебна возрасна група, конкретно Генерацијата Х и Генерацијата Y кои стануваат апатични за различни проблеми кои го засегаат светот во кој живеат. Моќна приказна и реалност прикажана од еден посив агол.
„Paradise Lost: The Child Murders at Robin Hood Hills“
Документарецот од 1996 година зборува за убиство на три момчиња кои претходно биле измачувани, а за кое се осудени тројца - Џеси Мискелеј, Џејсон Болдвин и Демиен Еколс, без конкретни и цврсти докази.
„Encounters at the End of the World“
За обожавателите на убавините на природата и животот кој таа го нуди, ова е одличен начин да се опуштат. „Encounters at the End of the World“ го следи патувањето на Антарктикот каде Вернер Херцог го снима животинскиот свет на напуштената тундра, знаејќи дека може многу наскоро да го снема.
„Dear Zachary: A Letter to a Son about His Father“
Креаторот на овој документарец започнува со снимање откако девојката на неговиот најдобар пријател кој е убиен, ќе соопшти дека е бремена. Тематиката се занимава со прашањето како да му се каже на детето чиј татко е убиен, кој е неговиот друг родител. Ова видео, на некој начин, треба да послужи како писмо до синот.
„Soundtrack for a Revolution“
Документарецот ја следи борбата за граѓанските права и борбата помеѓу „белиот“ и „црниот“ народ, раскажани преку моќни песни, од некогаш до денес.
„The Union: The Business behind Getting High“
За сите оние кои сакаат да дознаат како „цвета“ црниот пазар на производство и продажба на дрогата и покрај строгите забрани и закони против тоа, ова е документарецот што треба да го погледнат.
„The Fourth Revolution: Energy Autonomy“
Вистински еко-филм кој покажува како би изгледал светот со обновлива енергија, истовремено демонстрирајќи дека можеме да живееме само со употреба на сонцето, ветерот и водите како извори на енергија.
„Man on Wire“
Документарец за човекот кој дури и Дејвид Коперфилд ќе го фрли во сенка. Филипе Петит е човек кој оди по жица, но неговата точка е многу повеќе од циркуска изведба. Тој е француски изведувач кој има поминато од едниот до другиот крај на Кулите Близначки. Во тие 45 минути, додека е во воздух без никаква заштита под него, тој оди, жонглира, клечи и лежи.
„Cave of Forgotten Dreams“
Ако сте љубители на историјата и сите сведоци кои ги имаме од минатото, ова е вистинскиот документарец за вас. Режисерот Вернер Херцог влегува во француската пештера каде прастарите цртежи се заштитени, а местото е чувствително дури и на најмала топлина.
виа
Кајгана