Доказ дека времето не постои или е еден вид „паралелна димензија“

Што мислите за времето?


  • Вкупно гласачи
    211

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Времето е четвртата димензија. Математички.
Трите димензии се просторни (x,y,z во координатниот систем) а четвртата е времето.
Има почеток (големата експлозија), а ќе има и крај. Крајот на времето би бил голема имплозија (малку веројатно), или кога вселената толку многу ќе се рашири, гравтацијата ќе биде се послаба и на крај материјата ќе се распадне на кваркови и лептони. Но за ова да се случи ќе бидат потребни многу милијарди години.
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Времето ги менува работите..фаза по фаза во животот. Постои моментална ситуација која може да се промени секој момент во било која насока, од тука, не знаеме што не чека утре, да не речам појма немаме што може да не' снајде. Време...колку да можеш да се договориш да се најдеш со луѓе на одредено место во одредено време. Би требало да се живее во сегашноста, вчера веќе не постои, а утре ќе дојде кога ќе се разбудиме. Според тоа, во овој момент треба да се направи најдоброто што може :D
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Времето ги менува работите..фаза по фаза во животот. Постои моментална ситуација која може да се промени секој момент во било која насока, од тука, не знаеме што не чека утре, да не речам појма немаме што може да не' снајде. Време...колку да можеш да се договориш да се најдеш со луѓе на одредено место во одредено време. Би требало да се живее во сегашноста, вчера веќе не постои, а утре ќе дојде кога ќе се разбудиме. Според тоа, во овој момент треба да се направи најдоброто што може :D
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
401
Поени од реакции
244
ke vi tekni deka postoi ko ke site ostarime hehehe:)))))))
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
12
искрено ова прашање ми задава некои забегани мисли и се губам во нив ... any tip how to stop thinking about it? :|
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Значи има 9083458230587234 пати попаметни луѓе од нас и не дале одговор :) така да не се мачете :) едноставно живејте го времето секој момент од времето и не мислете на времето зошто така си го губите времето.
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
12
ова звучеше малце раперски =)
а иначе пробуем да немислим на тоа али сами ми доаѓаа мислите да ги еб*м :S
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Гоблен на кој секојдневно нижам работи кои ме прават среќна и се плашам дека ќе се преполни еден ден. За мене времето е минимална шанса да бидеш сеприсутен во формирањето на нештата кои те прават среќен. И следниот момент да исчезнат. Времето е кутија во која сите ти ставаат и колачи. Некое можеби е расипано, но од сите ќе пробаш.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Времето? Четврта димензија! :vozbud: Инаку времето, интересно нешто, крајно интересно... Од кога постои? Смешно прашање. Што дека го мериме и што АКО не го мериме? Пак смешно...

Времето е она што поминало она што минува и она што ке помине.
Квантитативна мерка за она што сме го правеле, што го правиме, и што ке го правиме...
Ако го нема, нема да доцнам повеке на училиште :pos2:
 
Член од
4 април 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
21
Законот втор на термодинамиката тврди дека настаните се одвиваат во една насока,имено енергијата тежнее кон безредие,ентропија.
Топлината од шпоретот се растура низ собата,тоа значи дека стрелката на времето оди во една насока,замката е следнава - ладниот воздух оди према топлиот и му ја краде енергијата,па и исто за да се движат молекулите во воздухот потребна им е енергија.Топлиот воздух поседува поголема енергија во однос на ладниот,затоа молекулите на топлиот воздух се пораздвижени.како последица се намалува воздусниот притисок кај топлиот или загреаниот воздух.Притисоците тежнеат кон изедначување така што ладните молекули навлегуваат во просторот на топлите и им ја крадат топлината.Така гледано произлегува дека имаме два процеса кои истовремено се одвиваат,или времето тече во две спротиставени насоки истовремено.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ќе се обидам да бидам што е можно појасен. Гледиштето за времето е комплетно погрешно. Еве зашто. Да си го замислиме времето како една бесконечна права. На таа права избираме една точка, која што ни претставува сегашноста, а минатото и иднината се двете полуправи чија граница е сегашноста. И зарем точката како точка може да се измери? Дали е разумно да бараш единици за да ја измериш вредноста на точката? Додека пак со иднината и минатото е друг случај, кај нив можеш да зборуваш за мерни единици, секунда, час, година... што ти претставуваат отсечки од правата. Значи времето постои и математички, додека неговото реално постоење не е дискутабилно. За постоењето на било што материјално или од енергетска природа, или пак за постоењето на четирите основни фундаментални сили (оние кои се запознаени со квантната физика, поточно со Стандардниот Модел, знаат за што зборувам) е потребно простор, дефиниран со просторните димензии, и се разбира времето како засебна димензија. Она кое постои само во рамките на просторните димензии се нарекува виртуелност, и е нешто "безвременско", во контекст на тоа дека се работи за прецизно дефинирани функции. За да биде ова појасно, ќе ја земам математиката, вклучувајќи ги полиномите, матриците, векторите, геометриските тела. Велам безвременски само затоа што 2+2 од секогаш било 4, најпросто кажано. Додека постојат и апстракции кои имаат само временска димензија. Со ова повеќе се занимава филозофијата... нешто кое го утврдил и самиот Сократ. Така, само временска димензија имаат мислите, идејата за постоење на нештата. Поточно двојната природа на реалноста. За нешто да биде реално постоечко, му се потребни специфични вредности за просторните димензии и да се изреализира во временската димензија. На пример за една коцка реално да постои се потребни нејзини димензии, поточно просторни координати на СЕКОЈА нејзина можна честичка, и нејзина реализација во времето, односно природата на секоја честичка на посакуваната топка (дали ќе се работи, за кварк, електрон, неутрин... или пак некој босон). Токму затоа времето и просторот се ставаат во еден ист кош, наречен димензии, затоа што токму тие се потреби за реално постоење на нештата. А инаку, не постојат само 3 просторни димензии, односно должина, ширина и висина. Ако нешто не можеме да детектираме со нашите сетила, не значи дека тоа не постои во реалноста. Верувале или не, на макро просторно ниво, постојат 6 димензии, а од некои гледишта, тие се дури седум. Додека на микро ниво, квантното ниво, постојат 26. Повторно нешто кое е во директна врска со Стандардниот Модел. Во овие димензии, егзистираат честичките на различните нивоа на материја, и босоните, односно честичките на фундаменталните сили, нешто кое што е сосема друга приказна.

Со овие работи се занимава квантната физика, се учат на студии. Сепак мојата преголема љубопитност направи да сум одлично упатен во оваа проблематика. Доколку имате било какви прашања, тука сум да ви одговорам.
Odlicen post IsNoGood vo interes na postov moze da se pogledne linkot ,problemot se javuva kako i ti samiot sto naglasi koga nekoj misli deka sekoj kvanten bran mora da go detektira nasiot entitet i deka istiot toj bran ne moze da kolapsira.

http://www.bottomlayer.com/bottom/kim-scully/kim-scully-web.htm
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Времето од една страна можеби ќе се согласам со постот на Агора дека не постои, меѓутоа што е она што изминува за време на нашиот живот?
-Времето.
Времето на некој начин го сфаќам како да е во некаква врска со нас,луѓето. Доколку не би постоеле, не би имало ни време.
Всушност све некако сфаќам како некоја потисна сила на човековиот ум.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Мислам дека не постојат минато и иднина,туку само сегашност и таа е точка која ги поврзува.
Всушност секој момент е минато и иднина во исто време.Тоа е сегашност.
Човекот порано или подоцна ќе морал да го измисли времето,за да има некаков ред.
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
64
Поени од реакции
1
Мислам дека е димензија. Се што постои, постои некое време. Односно не можеш да кажеш дека нешто што не траело ни еден момент навистина постои. Многу ми е логично времето да биде 4та димензија. IMHO.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom