Докажете дека Господ (не) постои

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Целото неверување на атеистите му е базирано на една,повторно ќе потенцираме теорија од Дарвин. Знаете што е сатаната нели?Дадов мало објаснување во темата за ангелите,дека е тој ангел кој се погордеал и посакал тој да биде на местото од својот создател Бог. Истото се случува и со оваа личност толку ценета од атеистите. Знаете ли дека тој,Дарвин бил свештеник кој поради некои причини се откажал од својата вера и слично на сатаната застанал против Бога. ѓаволот со себе повлекол и други ангели и се сега оние црнила за кои нашиот верен православен народ не сака ни името да му го спомне. А овој Дарвин исто како него повлекува голем дел од човечките созданија во царството на темнината(не му е интересно сам да биде таму).И има слепи поклоници кои го следат.Срамота. И уште оваа така да ја наречам побуна против Севишниот со гордост ја пропагираат. Има ли пострашно нешто децата да го толку замразат својот Татко кој толку ги сака да Својот единороден Син го даде за своите созданиа,да секој кој поверува се спаси. Е до каде отиде човештвото,па застана на страната од идеите на тој натемаго(народски). Доајѓа ли апокалипсата сега се прашуваме, што толку зло се рашири кај нас луѓето?
Што зборуваш глупости. Како може Господ да ми биде татко? Нема никакви физички докази дека Исус постоел. НИКАКВИ. Ниеден автор во периодот од 0 до 450 год. не го спомнува Исус. Одеднаш почнува да се кажува за негови дела и слично.

Кажи ми ти мене што е пологично: Да веруваш дека некој старец со бела брада ги создал Адам и Ева кои тие подоцна биле избркани од рајот и почнале да прават деца? (инаку инцестот е строго забранет од црквата) или да веруваш дека самата природа по пат на еволуција на одредени микро организми е создадено секое живо суштество на планетата.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Што зборуваш глупости. Како може Господ да ми биде татко? Нема никакви физички докази дека Исус постоел. НИКАКВИ. Ниеден автор во периодот од 0 до 450 год. не го спомнува Исус. Одеднаш почнува да се кажува за негови дела и слично.

Кажи ми ти мене што е пологично: Да веруваш дека некој старец со бела брада ги создал Адам и Ева кои тие подоцна биле избркани од рајот и почнале да прават деца? (инаку инцестот е строго забранет од црквата) или да веруваш дека самата природа по пат на еволуција на одредени микро организми е создадено секое живо суштество на планетата.
Shorty бе од каде го извади ова...
Настрана од евангелијата и библиските записи..знаш ли колку автори пишувале за Исус...
Чисто за пример...Тациј..дело "Анали"...Tалмуд..го спомнува Исус во најпознатот еврејско дело на првиот век..Плиниј Помладиот...Јосиф Флавие..Светониј..римски историчар...грци, евреи, римјани,сите писатели и историчари...
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Што зборуваш глупости. Како може Господ да ми биде татко? Нема никакви физички докази дека Исус постоел. НИКАКВИ. Ниеден автор во период од период од 0 до 450 год. не го спомнува Исус. Одеднаш почнува да се кажува за негови дела и слично.

Кажи ми ти мене што е пологично: Да веруваш дека некој старец со бела брада ги создал Адам и Ева кои тие подоцна биле избркани од рајот и почнале да прават деца? (инаку инцестот е строго забранет од црквата) или да веруваш дека самата природа по пат на еволуција на одредени микро организми е создадено секое живо суштество на планетата.

Да не се повторувам.

Поенатата е тоа што никој што ги пишал евангелијата не го видел Исус. Тие се настанати децении и векови ПО снртта на Исус. Тоа е само показател.. колку треба тогаш да е верно пишувањето во евангелијата. Што рекол Исус?? Кај бил... што и како проповедал. Ние имаме описи кај бил кога бил што рекол каде рекол...

Izvinete za intervencijata!
Но ако некои од форумѓиите не ја познаваат доволно историјата на христијанството,не значи дека треба да ги трујаме со секакви дезинформации. Двајцата од евангелистите,биле современици на ГИ Христос а тоа се Лука кој е роден во Антиохија. Кој ја изучувал грчката филозофија,медицина и живопис. За време на И Христос се видел лице во лице со него,ја слушнал Неговата наука и бил сведок на чидните и големи дела Негови. Поверувал во Него И Лука бил избран за во 70те Апостоли негови и бил испретен на проповед. Бил и сведок,поточно со свои очи го видел воскреснатиот Исус кога бил на пат за Емаус заедно со една личност кој се викал Клеопа(Лк.24). Тој го напишал едното од четирите евангелија. Св.Лука бил голем проповедник кој проповедал за вистината после смрта на на апостол Павле.Проповедал во:Италија,Далмација,Македонија и други страни. Бил познат лекар и иконописец. Ја насликал Пресвета Богородица неколку пати(три пати),а исто ги насликал и Апостол Павле и Апостол Петар.Од таму тој Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис. Имал 84год кога пострадал од незнабошците,бил обесен на маслиново дрво после големи измачувања во градот Теба(Тиви)Беотијска.
Св.апостол Јован-евангелист: Брат на Јаков,кои заедно биле повикани од ГИ Христос за да го следат. А тие одлучно ги оставаат своите рибарски мрежи и тргнуваат по Него.И отогаш тој Јован не се одели од ИХристос се до крајот. Со Петар и Јаков учествувал на воскресението на ќерката од Јаир и бил на планината Тавор кога Господ во слава се преобразил. На Тајната Вечера тој бил со главата потпрен на градите Исусови.(А сега според Холивуд Марија Магдалена):nesum: И кога сите го напуштија распнатиот Исус,Јован со св.Богородица остана до крај под Крстот. По наредба од Господ тој и постана син на Богородица кој се грижеше за неа се до незиното успение. Бил гонет,тепан,измачуван но се истрпел. Најмногу време останал да работи во Ефес. Бил прогонет и на островот Патмос каде го напиша евангелието и познатото Откровение. Живеел 100год.и се удостоил да ја предосети својата смрт.Кога го почувствувал тој час ги зел своите 7ученици и излегол над Ефес и му наредил на своите ученици да го ископаат неговиот гроб во вид на Крст.
Добро,мислам е доста за денес и бидете внимателни кога нешто кажувате а не сте сигурни,поготово за многу важни детали.:smir:
__________________
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Двајцата од евангелистите,биле современици на ГИ Христос а тоа се Лука кој е роден во Антиохија. Кој ја изучувал ...................
Св.апостол Јован-евангелист: Брат на Јаков,кои заедно биле повикани од ГИ Христос за да го следат. А тие одлучно ги оставаат своите рибарски мрежи и тргнуваат по Него
aj вака кратко ГИ ХРИСТОС што ти значи..?????????
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Markus, od ovde go najdov toj podatok LINK

Vo prvite 24 min e
 
R

reactive89

Гостин
Господ неможе да се докаже дали постои или не со опипливи работи, но тој се докажува со она што тој ќе го постигне во твојот живот!
Јас, ЗНАМ и верувам оти Господ постои, зашто?! - Епа ради тоа што јас му дозволив на Него, ако е вистинит, да поработи во мојот живот и да ме промени, да ме направи подобар човек од тоа што сум бил порано... Кога на Бога ќе му предадеш се што имаш, и целосно ќе му веруваш оти Тој постои.... тогаш Бог ќе почне да ти го менува целиот твој живот... Ќе му даде нова цел и нови работи со кој ти ќе му служиш на Него!

Кога ти веќе ќе го прифатиш Бога за твој личен спасител, јас со сигурност ти гарантирам дека ти ќе бидеш тотално променет...( нормално ако ти целосно вреуваш во тоа и ако ти целосно му предадеш се што е од тебе ). Јас гарантирам ако ти тоа го сториш (му предадеш се на Бога искрено) дека твојот живот ќе има нова цел и дека ти како личност ќе бидеш многу повесел, посреќен, подобар, поблагороден, поценет, пољубезен, потрпелив кон било која работа, ќе сакаш се' многу повеќе одколку што ти мислиш, ќе прекинеш со предрасудите, ќе бидеш многу послободен.... зашто послободен, зашто ќе му препуштиш се' на Тој што те создал и на Тој што вети оти ќе се грижи за тебе доколку ти му дозволиш да влезе во твоето срце...
Јас го направив тоа, ја почувствував неговата милост, добрина и љубов која Тој ја дари за мене... и сето тоа го покажал што Тој умрел за мене на крстот на Голгота...за да јас не требам да ги платам моите гревови сега... зашто Тој ме возљубил и не дозволи јас да страдам заради моите гревови.... а, се' што треба јас да направам е да го повикам во моето срце да управува со мојот живот и да му верувам во било која ситуација!
Откако ти ќе го повикаш во твоето срце, ќе дозволиш да управува Тој со него и ќе имаш вера во Него, е тек тогаш Тој ќе го промени твојот живот целосно и ти таа промена ќе ја почувствуваш и ќе дознаеш дека Бог стварно постои, и дека Бог е Бог над се'!!!
Дали сакаш да дознаеш дали Бог постои?! Едноставно предај му се' на Него и ќе видиш дека постои со тоа што животот ќе ти се промени на многу подобар!!!
Јас гарантирам оти Бог постои, зашто?! - Зашто сум го почувствувал во мојот живот!
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Ако му се предадем целосно значи тој ќе управува со мене за да ги подобри работите? Каде е слободната волја? Дали Господ ако сака може и да ме убие?
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
ај да кажеме дека постои...ок од кај тогаш глад во светот и војни и секакви други срања, да беше господ ова ќе го немаше (барем мојата логика ваква е)
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
ne za dzabe e svetiot duh,nemoze da se vidi ali zatoa moze da se pocustvuva,i dosta so toa stradanjata ubistvata bla bla bla
sami si go pravime toa samo so go barate gospod da go krivite on na site da im pomogne togas zosto ke ziveete ako se ke bide ok???isus umre zaradi grevovite na drugite ja prezema vinata sinot na gospod za da gi nauci lugeto ali nie nisto ne naucivme i barame pak nekoj da krivime neli!!!!!!!
Site greski se napraveni od nas ne se od gospod!!!
Gospod gi dal 10te zapovedi ali ne se pocituvaat neli i sigurno ima ubistva i drugi gluposti epa so sakate???
zivotot da go gledate na televizija dodeka lezete na krevetot so jadenje u vas i se da e super???
Stvarno ne razmisluvate ko so treba!
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
ај да кажеме дека постои...ок од кај тогаш глад во светот и војни и секакви други срања, да беше господ ова ќе го немаше (барем мојата логика ваква е)
нема врска тоа! Не може секогаш да преовладува мир и све да е розово во светот! ако беше така немаше ни да постоиме! Ако сите живеевме вечно кај ке не собереше? мислам, умираат млади и за тоа го обвинуваат господ како можел да дозволи такво нешто....така им било пишано... малце гревови правиме ние? а сепак ни е опростено од бога....сепак тоа се тие "закони" во животот и мора да ги прифатиме...и господ постои!
 
R

reactive89

Гостин
Ако му се предадем целосно значи тој ќе управува со мене за да ги подобри работите? Каде е слободната волја? Дали Господ ако сака може и да ме убие?

Целосно се согласувам со Kocka и со MarryJane-Poison. Kocka убаво си кажа, од тоа можам ја да подразбирам секој со своја глава се' си прави и на крај бара да го обвине Бога за тоа, зашто?! Што Бог ти згрешил во тој поглед?!
Аааа, да да... и да појасниме нешто... Исус кога дојде на земјата, Тој бил безгрешен човек, значи не грешел и неправел никаква грешка во ништо. Е, сега, од тука ние ќе извлечеме заклучок дека Господ е безгрешен односно совршен... А, дали ние сме совршени?! Ете нека ми каже било кој оти е совршен, а после ние ќе видиме дали е стварно тој совршен, во ред?!

Што се однесува до цитираново, слободната волја тебе не ти е одземана... ти сепак ја имаш - слободна волја во Бога!!! Ти можеш да одлучиш дали нешто ќе го сториш или не, но пази за тоа одговараш пред Бога, значи ти си ја имаш твојата слободна волја, но ако нешто е против Законот и против Него, тогаш ти ќе си одговараш за тоа на судниот ден... Не за џабе Бог ги дал 10те Божји Заповеди... На Него не му текнало туку така, ај ќе направам некои си правила иако знам дека нема да ги исполнуваат т.е. нема ни да се трудат да ги исполнат, туку ај ради реда ќе ги поставам... епа не дечки грешка сте во ова....
Бог непознава средина... Кај него или ќе му служиш на Него (на Бога) или ќе му служиш на Ѓаволот! Така е и со тоа што прееска го кажав, пред неколку збора!

Како одговор на последното прашање јас ќе ти поставам друго прашање, зашто секогаш бараме грешката кај Бог?! Нели е тој совршен и не греши?! Нели Тој е милостив и добар?!

Па, ако веќе Тој е добар зашто Тој би убивал?! Ако веќе тој не возљуби, зашто ти мислиш оти би те убил?!

Господ не убива, Господ е милостив и ни проштева за се' , но само ако ние искрено му побараме прошка... Господ може само да дозволи на ѓаволот да западнеш во некои бељи, тестирајки те дали ти стварно си му верен на Него, но Тој никогаш не убива! Јес да Тој ти дал живот и има право да го одзеде! Но, Тој никогаш не би те убил тебе! Тој ти дава живот вечен, Тој тоа го вети, само ако вистински поверуваш во Него и го прифатиш за твој Спасител, и сеа Тој тоа ти го ветува, а ти тука прашуваш зашто ако сака Тој може кога било да ме убие... Има ли смисол на два контраста?!

И да се надоврзам на она што го кажа Kocka, ја знаеме ние познатата поговорка, ' Кој што сеел, тоа и ќе си го жнее' така?!
Епа истото е и со тоа што се случува во светов; убиства, војни итн...
Тоа самиот човек си го праи, Господ не го прави тоа... Туку човекот, човекот ги измисли оружјата, убиствата и така натаму... Зарем Бог во 10те Заповеди, ти наредува иди убивај?! Не, Тој токму спротивното го кажал, Немој да УБИВАШ!!! Тоа е најголемиот Закон од 10те поставени, но ние, ние како луѓе тоа многу го игнорираме и одиме и убиваме правиме насилства и сите тие работи кои од Бога не се дозволени... Значи, Бог нема ништо со тоа... туку ние си го правиме сето тоа, и така и постануваат тие војни, убиства, насилства....
Кога Исус проповедал на Гората, Тој рекол; Ве предупредувам, немојте да мислите дека ако ме прифатите Мене и Мојот Отец кој што ме пратил, дека вашиот живот ќе биде премногу лесен... Не, напротив, тој ќе е ист како и другите!!!
Значи, ако го прифатиме Бога за наш Спасител и му го предадам мојот живот на Него целосно, јас нема да имам живот полесен, напротив јас ќе имам живот многу поодговорен, но покрај сето тоа многу подобар (во смисол на мир, љубовта која ќе ја имам кон сите, трпението и многуте други работите кои Бог ми ги вети дека ќе ми ги даде откако ќе го примам во мојот живот) и поблагословен, даден од Бога!!!
Јас сепак ќе ја имам таа слободна волја, да изберам, да направам, да охрабрам, да помогнам и што уште не... Но, ако јас таа слободна волја ја злоупотребам и отидам против Божјите Закони и против Бога, епа тогаш нормално дека ќе мораш да одговараш за своите постапки...
И на Замјава, ако некој згреши, иде на судење, така?! Значи одговара за своите постапки!!!

И за крај, луѓе дајте ве молам освестете се', и прекинете со тие детски зборови, Господ е крив за ова за она... зашто Господ не сака ние да страдаме, но самите ние тоа си го правиме и после обвинуваме некој друг, некој друг кој е совршен, Зарем има некаква логика во ова?! ДА обвинуваш некој кој е Совршен?!

Тоа што си го сееме, тоа и си го жнееме!!!

Многу е лесно да обвиниме некој друг, но зашто првин не истражуваме и гледаме дали ние сме погрешиле некаде, и дали ние сме обвинетите или е некој друг, некој совршен?! :salut:

И сосема на крај да оставам една Негова мисла:

Ние (луѓето) сме само гости на Земјава... местото кое му припаѓа на БОЖЈИОТ НАРОД (се збори на тие што ќе го прифатат Бога за нивен личен Спасител) е горе на Небото, кое што Тој ни го припрема!!!

Местото е незамисливо, барем така е опишано во Библијата, дека никој не може ни да го замисли... Даден е мал опис во Библијата, но сепак таа слика никој од нас неможе да си ја разјасни и појасни...
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Ok Reactive, добар текст си напишал но јас никогаш не го обвинувам Господ за моите грешни постапки зашто не верувам во него. Потоа има верници кои иако веруваат во Господ тие него го обвинуваат ако им се случи нешто лошо во животот и бараат од него тој да им ја поправи грешката. 10-те Божји заповеди би ги заменил со највисокиот законодавен акт- Уставот. Кога веќе еднаш би ми се судело за моите грешки на Земјата зашто пак да ми се суди кај Господ.

4. Празнувај го неделниот ден. Шест дена работи и свршувај ги сите работи, а седмиот ден посвети го на твојот Господ Бог.

Кажете ми искрено дали некој се сетил на ова? Малку дебилно е... Јас цела недела да работам да се мачам и едвај чекам да се одморам во Недела а тој сака на него да му го посветим? Дали вие редовно го практикувате ова или кога како?

А тоа дека ако нема војни, страдања во светот, тогаш животот не би бил интересен е стварно глупаво.... Како би ви било вас да немате покрив на глава, да немате за јадење, да ви умре детето на млади год. само затоа што некои луѓе сакаат животот да им биде интересен...
 
R

reactive89

Гостин
Ok Reactive, добар текст си напишал но јас никогаш не го обвинувам Господ за моите грешни постапки зашто не верувам во него. Потоа има верници кои иако веруваат во Господ тие него го обвинуваат ако им се случи нешто лошо во животот и бараат од него тој да им ја поправи грешката. 10-те Божји заповеди би ги заменил со највисокиот законодавен акт- Уставот. Кога веќе еднаш би ми се судело за моите грешки на Земјата зашто пак да ми се суди кај Господ.

4. Празнувај го неделниот ден. Шест дена работи и свршувај ги сите работи, а седмиот ден посвети го на твојот Господ Бог.

Кажете ми искрено дали некој се сетил на ова? Малку дебилно е... Јас цела недела да работам да се мачам и едвај чекам да се одморам во Недела а тој сака на него да му го посветим? Дали вие редовно го практикувате ова или кога како?

А тоа дека ако нема војни, страдања во светот, тогаш животот не би бил интересен е стварно глупаво.... Како би ви било вас да немате покрив на глава, да немате за јадење, да ви умре детето на млади год. само затоа што некои луѓе сакаат животот да им биде интересен...

Човече слушај, на светов никој не е ист, сите сме различни!!! Така да има секакви луѓе на светов и едното и другото го прават што ти го кажа, но само едно е правилно, така??? А правилното е да не го криват Бога за своите постапки!!!
Во врска со болдираното, само едно ќе те прашам; Како можеш земното и небесното да го сташ под ист кантар?!

Да, јас прееска во минатиот пост го реков тоа, но го дадов како компарација дека ако некој е крив за нешто му се суди!!! Јас не го ставив земното на кантар со небесното!!! Тоа под никој случај неможе да се стави и размислува така!!!

Не за џабе Бог рекол; Тоа што е земно оставето го на Земјата, а она што мене ми припаѓа (на Небесата) дајте ми го мене!!!

За четвриот закон ако веќе сакаш да знаеш, јас лично посетувам и го посветувам 7миот ден на Бога!!!

Види работата е во тоа што... ти работиш од понеделник до петок, доаѓаш дома во 5 да кажеме... зарем немаш ниту најмалку време да посветиш на Бога, да удриш по нашки речено што се вика една молитва?! или пак немаш ниту најмалку време едно барем 15 мин да одвоиш да прочиташ нешто од Библијата?!
Секој вика немам време за Бога, ма дај те молам, кого лажеш дека немаш?! Ако ти е цел ден па опфатен, до толку неможеш едно 5 до 10 мин да одвоиш од времето за спиење?! не ме зезај со тоа немам време те молам!!! И за тоа што ти викаш работам цела недела, зарем да посветам време на Бога баш кога тој ден треба да ми е за одмарање.... Ма дај те молам... Дали Бог те тера да копаш нива за него?! НЕ!!! туку само ти вика одвој време, помини со мене некое време, сакам да одвоиш време за мене во Недела.... А тоа значи, посета на црква, молитва, читање Библија и тоа... Ти пак можеш да се одмараш, Бог не ти вика иди копај нива за мене... Ти и да читаш, пак се одмараш!!!

Ама само едно нешто да знаеш, Бог вели; Остави се на мене јас да се грижам за твоите грижи, и ќе се одмориш во моите прегратки!!! Е сеа ова мораш да го сфатиш малку подобро и треба во овие зборови да копаш малку за да можеш да ја најдеш ср'жта на зборовите!!! :smir:


И плс, без НЕМАМ ВРЕМЕ, секој има, само тоа е еден од начините да избегнеш нешто!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom