Докажете дека Господ (не) постои

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Самиот израз „адам„ значи „земјолик„, „од земја роден„. Од таму, може да се каже дека Адам ја имал земјаната боја.
А по истерувањето од Рајот и раѓањето на првите генерации луѓе, дел од нив се растураат по тогаш познатиот свет, почнувајќи од Каин. Бојата од нивната кожа е последица од „географијата„ на која живеат. Така, логично е во Африка луѓето да бидат со темен тен, а глупаво е истото да се очекува од ескимите, кои гледаат Сонце само во дел од годината.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Значи вака. Адам имал земјана боја и имал боја отприлика негде ваква: Ок, решена мистеријата за бојата на кожата на Адам.

Следно: Велиш раѓањето на првите генерации луѓе. Од кого биле родени тие луѓе. Јас колку што знам првите луѓе биле Адам и Ева. Е сега не ми е јасно чив син е Каин. Тој нели го убил брат му. Кој им се родители на овие? Дали во Библијата пишува за други луѓе освен за Каин, брат му, Адам и Ева?

Следно: Велиш распространети по континентите. Значи во Рајот живееле приближно околу 100 фамилии. За да се насели цела планета Земја сигурно не може од 10 максимум фамилии што е и теоретски неможно.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
-Да, од Библијата. Да бидам саркастичен-сигурно не се од дневен весник за 5 денари.
Но добро, да бидам посериозен.
-Нема „одбрани„ и „неодбрани„ евангелија, Има вистинити, кои имаат свој автор, на пример, Апостолите Марко, Матеј, Лука и Јован, а оние „евангелија„ кои не се дел од Новиот Завет, се нарекуваат „апокрифни„ и се водат како невиситнти, т.е. текстови кои Црквата не ги прифаќа за веродостојни.
Црквата одлучила кои Евангелија се вистинити. Црковните свештени лица се собрале и се договориле: „Ти влагаш, а ти не“. Значи обични смртници чија рака не била водена од Бог, ја направиле оваа селекција.

Затоа Евангелијата се ОДБРАНИ.
Вистинитоста може да ја определи само БОГ. А Бог никогаш не рекол ова Евангелије е лажно, а ова вистинито.

Светото Писмо е дефинирано во раниот втор век о.н.е.
Повеќето записи што постојат се од 4 век па наваму. Ниеден од записите не постои во оригинал.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Адам немал боја од хумус (хумусот е дел од земјата а не цела земја), туку мање-више ја имал бојата од денешние „белци„, (окер боја) да бидам појасен.
Адам и Ева се првите луѓе и пра-родители на цел чќовечки род. Зборот „Ева„ значи „мајкат на сите„ па јасно е која е нашата пра-мајка.
Каин и Авел се првата генерација луѓе, а после нив доаѓаат Сит, Енох Ирад и др. Да, Каин го убива Авел од завист, љубомора, оти Бог бил наклонет кон жртвите кои Авел Му ги принесува на Бога доброволно , избирајќи го најдоброто од својот труд (стоката која ја одгледувал) а Каин секогаш го жртвувал својо тнајлош производ (од земјоделието).
Никаде немам кажано дека во Рајот живееле 100 фамили, оти тоа а невозможно. Луѓето почнале да се множат со раѓање НАДВОР од Рајот, по истерувањето од Рајот на Адам и Ева. Рајот бил „затворен„ за родот човечки, со огнен херувим (ангел) кој го чувал влезот во рајот.
Адам живеел 930 а Ева 935 години и за тој период имаат родено многу деца.
Теоретски, се е можно и теретски некои работи не се можни. За Бога, се е можно.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Дали во Библијата пишува за други луѓе освен за Каин, брат му, Адам и Ева?
Адам живеел 900 години и имал многу деца (така пишува во Библијата).

Следно: Велиш распространети по континентите. Значи во Рајот живееле приближно околу 100 фамилии. За да се насели цела планета Земја сигурно не може од 10 максимум фамилии што е и теоретски неможно.
Чекај кога ќе почнеш да размислуваш колку инцести морало да има за да се насели планетата :)

Прво поколение: Адам и Ева (нормално само без папоци).
Второ поколение: Нивните деца најнормални.
Трето поколение: Инцест брат-сестра (првата појава на ретардација).
Четврто поколение: Инцест први братучеди.
Понатамошни поколенија: Сите деца на Адам не се од Ева. Значи си ги работел ќерќите, внуките итн.

И после Бог одлучил нема веќе инцест :)
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Значи Ева и Адам се родителите на Каин и Авел. Ева ми е пра-родител мене, тебе и на сите. Значи ДНК-те ни се горе доле слични. ФАКТ е дека не може од бели родители да испадне црно дете поради гените што ги носат родителите. Но сепак има луѓе со различни бои. Тоа ми е нејасното мене...

Адам и Ева првите на земјата правеле деца. Децата пораснале и правеле деца и така натаму. Тоа е класичен инцест! Дури можно било и мајка со син да имаат дете а камоли сестра со брат. Адам и Ева живееле „малце„ подолго отколку што живи просечен човек. Како може тоа кога тие биле истерани од рајот, проколнати да живеат на земјата и да умираат? Зашто ние не живиме по 900 год. Ако живеевме по 900 год. и правиме по 30-40 деца нема да не собере сите на овој свет. Затоа живееме во просек 70 год. правиме по 2-3-4 деца и има место за сите. Тоа се вика Баланс. Чудо на природата воедно и еволуцијата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Црквата одлучила кои Евангелија се вистинити. Црковните свештени лица се собрале и се договориле: „Ти влагаш, а ти не“. Значи обични смртници чија рака не била водена од Бог, ја направиле оваа селекција.

Затоа Евангелијата се ОДБРАНИ.
Вистинитоста може да ја определи само БОГ. А Бог никогаш не рекол ова Евангелије е лажно, а ова вистинито.



Повеќето записи што постојат се од 4 век па наваму. Ниеден од записите не постои во оригинал.
Црквата ја создаде сам Христос Биог па нормално е дека Црквата, под влијание од благодатната енергија од Светиот Дух, може да одлучи „што е„ а „што не е„ за во Новиот Завет. Веќе реков, не Црквата, туку самиот Апостол Јован ги склопил и проконторлирал евангелијата, но и целиот Нов Завет па неслучјано е тоа што Откровението Јованово е на КРАЈОТ од Нивот Завет а не во средината или почетокот.
Тоа што постојат записи од 4-от век е нечија вистина. За православието, Новиот Завет (па и целото Писмо ) се дефинирани во раниот втор век. Тоа што се чини дека Писмото е оформено дури во 4-от век, претставува стек од историски околности: во првите три векови о.н.е. сите римски владетели ја касапеле раната Црква па нема теорија дека некој во такви околности се занимавал со негово комплетирање. Откако царот Константин, со миланскиот едикт од 313 г. го прифатил и христијанството како рамноправна религија, покрај постојните пагански, значело и полесно дишење за Црквата. Така и се јавува можноста од „занимавање„ со склопување на Писмото, не толку како работа која допрва треба да се случи туку како колкетивен, црковен канонизиран став дека Писмото е составено до Стариот Завет, наследен од јудеите и Новиот Завет, напишан од Апостолите Христови.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Што сакше да каже писателот?...
Твоите заповеди ќе бидат сепак, само твои и никого на ништо нема да го обврзуваат.


Многу добро знаеш што сакал писателот да каже, бидејќи доста читко е изнесено во билдираниот дел во постот од минатат страна.

Во краен случај, зошто бог бара да го славиме и да му обрнуваме внимание..му сеп олни душичката од тоа? му се јача егото ради тоа шо има конкуренција ??? шо е проблемот со него ???
 

диме

When Am I ?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
806
Поени од реакции
21
Јас ќе ти го објаснам. Пола од работите што си ги навел се погрешни.
Има делумна вистина во тоа што го зборуваш, но другпат откако ќе гледаш филм, провери дали и колку од тие работи се точни.

Инаку во ништо не се разликуваш од Библиофилите. Они веруваат во книга, ти веруваш во филм.
Јас не вервам во никаков филм. И работите кои ги имам напишано ги проверив колку што можев. На wikipedia.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Многу добро знаеш што сакал писателот да каже, бидејќи доста читко е изнесено во билдираниот дел во постот од минатат страна.

Во краен случај, зошто бог бара да го славиме и да му обрнуваме внимание..му сеп олни душичката од тоа? му се јача егото ради тоа шо има конкуренција ??? шо е проблемот со него ???
Не е во прашање ШТО е болтувано, туку ШТО е целта од постуваното...
А од каде помислата дека Бог има проблем или дека има конкуренција? Од каде помислата дека Бог е егоистичен? Природно и логично е творението да Го слави својот Творец, оти Он, од желба да ја сподели својата добрина со дриги битија, го создаде Светот и се видливо и невидливо.
Бог нема проблем-родот човечки има проблем. Човекот му прави проблеми на Творецот.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Сигурен си во ова.....или малкуцка покасно било тоа
Дефинитивно од Исус...
И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. Матеј 16:18
Инаку црква е...еkklesia...значи собирање, селекција.
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Муабетов никаде не оди од првата страна па се до оваа е едното исто напишано на различен начин. Фактите кои што ги кажувате за бог се исти ко оние за Чак Норис,марцус си продолжува со цитати , мики1 ни разкажува бајки за ангели и рајот....... дајте освежете кажете нешто ново или на толку се сведува вашата верба во бог на 1 реченица различно напишана 100 пати......
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Добро на што се гради твоето мислење..сигурно на нешто што си го прочитал увидел, научил..епа исто и јас ја користам Библијата оти ја сметам за најверодостојна...да не заборавам дека е Божјо слово. И Што тоа ново треба ..да измислувам топла вода...Какао год да напишеш се сведува на едно зад кое си застанал..постои или не...не се чуди, различни страни различни погледи..за мене нема ништо друго.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
работите кои ги имам напишано ги проверив колку што можев.
Не си проверил ништо.

Одзема време да се пронајдат податоците, но сепак корисно е понекогаш и да се изгуби време за нешто навидум бескорисно.

Видео клипот “Zeitgeist“ кој создава толку контроверзии на многу места по интернетот, не е ништо друго освен - пропагандна порака, понуда за оние што се заинтригирани од содржината, да повелат на веб страницата на извесната M.D. Murdoc, која пишува под псевдоним S. Archaya, и да си ја купат “целата приказна“, сите наводни факти и научни докази на тезите од филмот.

На госпоѓата Murdoc мора да и се оддаде признание за итрото и генијално користење на интернетот во економско пропагандни цели. За да се постигне истиот публицитет по класичен начин, со огласи на телевизија и по весниците, би биле потребни милионски суми.

Отприлика тука завршува генијалноста на Zeitgeist. Понатаму, има многу причини лисицата да не влезе во пештерата кај лавот.

Авторката за себе тврди дека има диплома по грчка класика, дополнета со едногодишно студирање во американската школа по класични студии во Атина. Но, начинот на кој ги презентира материјалите многу повеќе личи на ефтино-сензационалистички одошто на научна дискусија.

Во споредбите на Исус со поранешните религии и култови нема ништо ново - освен тоа што веќе познатите, докажани и недокажани тези се продаваат запакувани во шарена амбалажа - како “сензационално“ ново откритие. Кој милува, нека плати за да ја прочита целосната содржина на творештвото на S. Archaya; кој сака сам да истражува - на интернетот има богатство од податоци, меѓу останатото и страници со интересна критика на Zeitgeist.

Од мене - толку. Немам време за повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom