Докажете дека Господ (не) постои

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Добро на што се гради твоето мислење..сигурно на нешто што си го прочитал увидел, научил..епа исто и јас ја користам Библијата оти ја сметам за најверодостојна...да не заборавам дека е Божјо слово. И Што тоа ново треба ..да измислувам топла вода...Какао год да напишеш се сведува на едно зад кое си застанал..постои или не...не се чуди, различни страни различни погледи..за мене нема ништо друго.
Токму за тоа и зборев целото мислење ви е изградено на 1 книга(логично размисли а пошо нема да ти иде во прилог не одговарај јавно) не ли е банално да се ограничиш на една книга и целиот живот да се раководиш според неа,тоа е таа рамка во која религијата ги става своитте поданици....и да мики не си саркастичен весникот од 5 денари е поверодосоен од библијата, а место да ја зачувате и онаа малку почит која што лугето ја имаат кон библијата(не дека е веродостојна него почит поради тоа што некој се потрудил да ја напише) вие со вадење на цитати и притоа незнаејки да ги објасните ја доведувате на исто рамниште со Зоки Поки.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Трикстер не се ограничувам на една книга...немам едностран поглед на светот..туку го изградувам со читање..не само на Библијата..сепак колку повеќе читам толку повеќе сум сигурен во што верувам..и незнам од каде ти идеата дека незнам да ги објаснам цитатите..не би ги ни користел ако незнам што значат..нели?
На крај не ни очекувам да ме разбереш....барем што се однесува до верата...иако и јас не те разбирам тебе..
Доказите кои ги барате неможете да ги најдете..затоа што пробате да споите две сосема различни работи...Ако сакаш да го докажеш постоењето на Господ треба да го бараш Господ..оти тогаш тој ќе те најде тебе.. а не да бараш факти.
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Трикстер не се ограничувам на една книга...немам едностран поглед на светот..туку го изградувам со читање..не само на Библијата..сепак колку повеќе читам толку повеќе сум сигурен во што верувам..и незнам од каде ти идеата дека незнам да ги објаснам цитатите..не би ги ни користел ако незнам што значат..нели?
На крај не ни очекувам да ме разбереш....барем што се однесува до верата...иако и јас не те разбирам тебе..
Доказите кои ги барате неможете да ги најдете..затоа што пробате да споите две сосема различни работи...Ако сакаш да го докажеш постоењето на Господ треба да го бараш Господ..оти тогаш тој ќе те најде тебе.. а не да бараш факти.
Епа вака идеата дека незнаеш да ги објасниш цитатите ни ти а ни останатите верници на форумов доага од тоа што имам дебатирано со доста религиозни луге имам неколку праијатели попови и секогаш ама во буквална смисла секогаш кога требало да објаснат некој дел од библијата сите го објаснувале раазлично.Така да совет: не ги користи повеке(твое право е дали сакаш ) ова е само совет.

Дека начинот на кои ги објаснувате работите го уриваат угледот на библијата и верата прочитај ја целава тема и ке сватиш , не за џабе ви посочив дека начинот на кој објаснувате за вас нешто толку свето е слично како да зборите за Чак Норис(втората болдувана реченица) така да размисли и кази ми дека не сум во право.

Да се надоврзам на првиот пасус, точното значење на цитатите од библијата не ги знаеш ама затоа ги модифицираш према твоите потреби и желби од што можеш да заклучиш дека и верата е нешто што трпи промени и не е трајна категорија како што кажа мики1. Прашај или поразговарај со било кој верник во врска со верата во што точно верувате и ке западнете во конфликт затоа што сите гледате различно на тоа т.е секој ја има изморифицирано како што му одговара, за некого бог се наога во душата , за некој во дрвјата , за некој во воздухот итн итн.Мојот пример е исто сличен на твојот (може ке звучи банално ама знам дека ке ме сватиш кон што целам)Јас самиот себеси си се сметам за господ од проста причина што што знам дека сам одлучувам за мојата судбина и за моите постапки и се раководам не според фикција него според нешто што моите сетила можат да го осетат, секоја моја грешка не погледнувам во небо и викам прости ми боже него барам поршка од личноста на која сум и згрешил.
Да резимирам јас и ти не сме толку различни и двајцата веруваме во нешто разликата е во што,јас во ниту еден момент не ја нагрдив верата или библијата само укажувам на нејзините невистини и бариери.
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Твоите„ објаснувања се само обични готови информации кои може да ги научи и изрецитира секој поединец кој знае да чита и пишува, без притоа подлабоко да подразмисли за логиката, смислата и целта од прочитаното. А христијанската вера има суштинско а не „физикално„ објаснување на сите нешта во Вселената.

Е сега чии се вакви ... размисли добро .. Кој цело време цитира книга .. Да одеше ти по логика , не ќе беше тоа што си сега ..

Е само ми дај каде да го најдам физикалното објаснување за се околу мене ...
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Чекам одговор на ова
Ќе дочекаш ..:helou:

Инаку Микица , не ми кажа , дали го оправдуваш убивањето на 9.000 Кинези , пошто според тебе тоа е дело на Бог , им враќа пошто не веруваат во него , ниту пак слушнале за него ..И зашо е толку суров , не мора да ги убива , нека им каже јасно и гласно , јас сум ваш Бог и верујте во мене .. или пак и нее толку добар колку што изгледа ?

И уште нешто ме интересира , колку од верниците тука , го подржуваат МИКИ дека земјотресите , и сите други појави се дело на Бог и дел од нас луѓето ..молам за одговор :smir:


Е МИКИ-ца , уше нешто да те питам .. велиш дека болестите се дело на Бог , епа зашо кога си болен не одиш во Црква да се лечиш , туку доаѓаш во болница на третман ? Еве ти еден пример : дали тврдокорен верник од раѓање ,кој е болен од рак на белите дробови , може да се излечи ако оди и се моли во Црква , или пак нека и спие таму 24/7 .. дали тоа ќе му помогне да се излечи ?
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Ах Мики Мики и ти самиот знаеш дека сме во право...но сега веке и нема како да паднеш на грб...жалосно е да веруваш во некоја книга која е напишана пред 2000 години а да не веруваш на нешто кое е поткрепено со цврсти докази
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Е МИКИ-ца , уше нешто да те питам .. велиш дека болестите се дело на Бог , епа зашо кога си болен не одиш во Црква да се лечиш , туку доаѓаш во болница на третман ? Еве ти еден пример : дали тврдокорен верник од раѓање ,кој е болен ......... може да се излечи ако оди и се моли во Црква , или пак нека и спие таму 24/7 .. дали тоа ќе му помогне да се излечи ?
Имаше еден кој го тврдеше тоа.....чорбаџијата...30 СЕСТРИ се молеле...
Само не знам зошто не ја употреби истата метода за проблемот со грците... бар некоја корист да видиме од молитвите....зар не сме библиски народ:kesa:
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Имаше еден кој го тврдеше тоа.....чорбаџијата...30 СЕСТРИ се молеле...
Само не знам зошто не ја употреби истата метода за проблемот со грците... бар некоја корист да видиме од молитвите....зар не сме библиски народ:kesa:
Да , 30 сестри + хемотерапија .. па погоди од каде се излекувал ..
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Како ќе му докажеш на Далтонист која боја е црвена а која зелена ?
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Никако , он има пореметување на окото ... а шо сакаше да кажеш со ова ?
Соодветстува со насловот на темата...

Како на слеп ќе му покажеш нешто... никако треба да ти верува... исто и со далтонист.... (атеистите)

Како на стар човек ќе му го тргнеш пердето пред очите ? И тоа не можеш, ќе ти умре на операција... ќе го оставиш така да живее. (верниците)
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Соодветстува со насловот на темата...

Како на слеп ќе му покажеш нешто... никако треба да ти верува... исто и со далтонист.... (атеистите)

Како на стар човек ќе му го тргнеш пердето пред очите ? И тоа не можеш, ќе ти умре на операција... ќе го оставиш така да живее. (верниците)
Баш за тоа те прашав .. значи ние ( атеистите ) не гледаме добро или ?

И малку компарацијата не ти е на место , ошто вака излегува дека неверниците имаат пореметено некој дел ..

Инаку зашо ти веруваш во Него , ако може да знам ?
И темата е ако можеш да пробаш да ми докажеш ...
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Еве да пообјаснам за некој на кого сеуште не му беше јасно ...

1 Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови:

2 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. ( Со зборовите јас сум Господ, твој Бог се наметнува идентитет на повисока вредност од таа на човечкото сучтество и притоа се користи за управување со сите прашања кои си ги има на УМ. Со тоа што самиот совршен Бог те потсеќа дека те извадил од Египетската земја-куќа на ропството те задолжува да му служиш само нему како негов вешен должник за твојата слобода од прангите на друг народ а не небесна сила )

3 Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене. ( Со овие зборови господ ти наложува тотална поданост кон него, и раѓа дуализам доколку пред тебе се исправи друго Его со друг религиозен идентитет...што подоцна низ примерите на историјата резултирало со војни и огромен број жртви. Со оваа реченица се раѓа подлога за бесконечни расправии меѓу верниците од разни религии.. или поточно..од разни збирки на раскази )

4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. ( Ова е одличен пример за избегнување на понатамошни расправии околу ликот на господ како субјект на кој ти целосно му го подаруваш твојот ум и разбирање на твоето постоење на овааа планета, и како што би се рекло...не прашувај многу-многу туку верувај во мене и терај си по патот! )

5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, ( многу ме интересира на која основа го има разработено неговиот суд за да стигне до третото или четвртото колено на одредена неверничка фамилија. Како може тоа некој апстрактен грев и свето прекчување на некои правила да се пренесуваат генетски по законите на материјализмот )

6 а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди. ( Поделба на лоши и добри и уште еден пример за се повеќе страданија на човечкиот род кој нема да се согласи со христијанството )

7 Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име. ( ве молам запазете го моментов: Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име. Изгледа демократијата е поголема религија од Христијанството.. )

8 Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.

9 Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.

10 А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. ( како сума сумарум на 8,9 и 10 ќе кажам дека денот не е ништо посебно освен поделба според сваќањата на човекот за Мракот и греењето на Сонцето а ведоно и пресметка на времето како мерка дадена од човекот за да има ориентација. Јас ќе запрашам и дали ќе може јас да се молам на господ месец дена, и после да не се молам во наредните недели почто имам други планови?! Причината за ова е нормално, а тоа е да случајно ако не се молиш еднашка неделно ќе заборавиш на него.. )

11 Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и си што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден. ( Преку нашите астролошки опсервации и преку научните лабаратории може да се врши набљудување на веке започнатиот процес на правење планети и водата во нив. А воедно тој процес трае со милиони години а не 6 дена )

12 Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог. ( Каква психологија пази молим те... Спој на Фамилија и живот на земјата а измеѓу како најзначаен фактор кој ти помага да го осознаеч тоа е тој, Господ... Воедно тука ке напоменам дека господ нели збори за задгробен живот..зошто да те држи подолго на земјата кога мање-више продолзжуваш ти и понатаму откога ке умреш? )

13 Не ќе убиваш!

14 Не ќе прељубодејствуваш!

15 Не ќе крадеш!

16 Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен!

17 Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!” ( како збир на 13,14,15,16 и 17 ќе кажам дека се сосема позитивни работи кои човекот со здрава свест и без ниски вредности воопшто и нема да ги направи, значи во краен случај пак зависи од свеста на човекот а не од наредбата на некој бог )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom