Секако дека прифаќам. Не сум некој буквалиста...баш напротив, сфаќам шала, и не ми пречи дури и ако тоа е на моја сметка. Кругот се врти така да еден ден и јас ќе му пукам сеир на тој што мене ми пукал
И нема зашто ни јас ни он да се лутиме за тоа. Ама за се постои граница. Доколку сеирот е во врска со некаква глупост што сум ја направила, некој кикс или сл. ок, зашто да не, се случува. Ама кога тоа веќе преминува во вреѓање на некој начин, ми пречи. Или кога се исмева нешто што сум се потрудила да го постигнам...сум се потрудила да успеам во тоа...а некој да се исмејува со тоа...навистина не е во ред.