Конечно да ги изгледам скоро сите (уште True Grit и The Kids are all right не сум ги гледал).
Можам да почнам од првиот на анкетата.
Black Swan - многу сакав да го имам гледано кога на форумов траеше сета таа фама околу филмов. Го гледав пред 2-3 недели. Не бев фасциниран воопшто колку што очекував. Мислам, некои форумџии откорнаа коси кога го опишуваа филмов. Darling (немам ништо лично против неа) напиша нешто во стилот "не ми се верува што гледав пред малку".
Често се предомислував дали да пишам рецензија за филмов ама не знам какви зборови да одберам. Првиот дел од филмот се одвива премногу бавно се додека премине во ефтин порно филм. Мислам, сте го гледале Mulholland Dr.? Има подобра лезбејска сцена, далеку подобра. Дури истите елементи од тој филм ги има во Black Swan. Го гледал некој Trois couleurs: Bleu? Приказна за трансформација на "невина" жена во... жена. И анализирање на женската психа многу добро, премногу уметнички, иако феминистички, одличен филм, уште поневеројатна режија.
Black Swan е добар филм, ама не за корнење коси и гризење нокти. Има одлична глума, и за мене останува на зборот "добар" и ништо друго. Не би го гледал пак за брзо. И многу ме изнервира целата прашина што се крена за филмот. Исто ко се крена тогаш за The Dark Knight, и фамозното прашање "го гледаше Бетмен?". Ми се чинеше дека не смеам од дома да излезам дур не го изгледам него. Исто се осеќав и за Блек Свон, и лани за Аватар. Преценет, многу преценет.
The Fighter - го гледав денес. Кристијан Бејл, оскар за глума, проверен актер и вистински професионалец. Марк Валберг - просечен, како и секогаш. Ко Тоби Мегвајер, требаше да глуми во Brothers за човек да се увери дека е воопшто актер.
Приказната според вистинит настан. И овој филм е добар, ама само добар. Не е ни инспиративен, а не е ни близу другите филмови за и околу боксот како спорт и проблемите кои ги носи. Во Due Date има еден интересен дијалог кога Роберт Дауни му вели на Зак дека треба да одглуми тренер на Супер Боул тим кој губи 21 поен пред крајот и мора да ги утеши. И тогаш Зак го прашува - but, do they make any movies about Super Bowl? - Yes. They make that kind of movies every 2 years.
Цитатов е доволен. Уште колку филмови за бокс ни требаат?
Inception - овај е од оние филмови од кои си возбуден кога ке завршат и импресиониран ама после одма ги забораваш. Го гледав пред неколку месеци во рамстор и сега едвај да ми текне на нешто од филмот. Скоро цел го имам заборавено, можеби поради тоа што држи импресии само еден ден.
The King's Speech - Колин Фирт во неговата најдобра улога. Улога за оскар. Вака не сум видел некој да глуми откако Дениел Деј Луис зеде оскар за There Will be Blood. Колин Фирт е актер кој без разлика дали се појавил во неколку сегменти од Love Actually или ова, е неверојатен човек. Овој филм го прави добар актерското дуо - Фирт и Џефри Раш. И двајцата сигурно дале се од себе. Ама приказната во филмот? Сосема... обична. Мислам, во која насока се движеше цело време? Без никакво возбудување, без ништо. Ова е еден од четирите филмови номинирани за оскар кои се базирани според вистинит настан. И ова е добар филм, ќе се повторам, ама само добар. Ништо друго. А да, има и солиден саундтрак.
127 hours - интересен филм, брзо ми помина времето со него. Ама за најдобар филм, далеку. Се има доста коментирано за филмов на форумов па да не се повторувам. Џејмс Франко не заслужува оскар ни приближно колку Колин Фирт. Од мене има една 6ка филмов. Дури и слушнав дека се планирало да биде номиниран уште пред да биде целосно реализиран. Ко Walk the line пред неколку години. И тој беше "номиниран" уште пред да излезе.
The Social Network - го гледав уште кога немав ни поим дека ќе биде номиниран за оскар. Ама овој ќе добие дефинитивно, затоа што зад него стојат имиња како Финчер и Кевин Спејси. И затоа што филмот е од американци за американци, а таквите филмови најмногу добиваат оскари. Сетете се лани на The Hurt Locker. И овој филм е според мене глуп. Ептен глуп. Саундтракот многу потсеќа на The Game кој патем е ремек дело на Финчер, а овој е мизерно просечен филм. Никогаш пак не би го гледал.
Winter's Bone - го гледав сега пред неколку минути. Не очекував многу од филмов па не добив ништо. Буквално ништо. Сосема обичен филм кој претставува своевиден осврт на херојството и борбата за преживување. А такви филмови, има премногу. Плус премногу бавен за мое расположение.
Toy Story не го коментирам. True Grit едвај чекам да го гледам затоа што и од него очекувам многу, а The kids are all right не ни планирам да го спуштам.