Oваа тема,штотуку ме потсети на еден филм,се вика
Control,
Го даваа на канал5,па кој го гледал ќе знае за што зборам,еден човек кој убиваше рандом луѓе,му исудија смртна казна,но поради пробни испити на апчиња од еден човек,тој беше тргнат од смртната казна да ги испроба апчињата. Дејството на апчињата беше да го направи човекот да разликува добро од лошо и да се стреми кон доброто. Човекот стана добар,престана да убива и се тоа,но една вечер не можеше да ги земе апчињата,и буквално ко да полуде,имаше вкупно 20 луѓе ко него на кои испитуваа,додека научниците што испитуваа на 10 од нив им го дале лекот,на 10 им дале шеќер,така што лекот на 10те ги убил,додека на другите 10 меѓу кој и човекот им давале шеќер и тој самиот станал свесен што правел,за жал на крајот човекот умре ама не е темава за филмот
Eве сега малку повеќе да кажам за темава. Луѓето не се раѓаат по дифолт со исти особини,не верувам дека секое бебе кога ќе се роди ќе сака да цица млеко 30 минути,туку едно ќе сака 15,друго 10,друго ќе сака да спие и мајката да го лула. т.е. сите сме различни уште кога се раѓаме,едноставно сеуште сме мали и можеби немаме никакви особини освен плачење, спиење, јадење,какање и мочање у пелени сепак се разликуваме. Ок тоа беше за особините....Ама без разлика на нив,детето од мало не може да разликува што е добро што е лошо,така да можеби у право сте дека од мало не може да биде добро или лошо бидејќи сите они нит направиле нешто добро,нит нешто лошо. Кога веќе пораснува,сепак повеќето луѓе пак сме слични,бидејќи сите ние ги имаме истите особини,само кај некој едната е поистакната,кај друг другата,бидејќи длабоко у себе сите ние потискаме некоја наша особина. Еве јас,искрено да одговорам,сум ненормално љубоморен на секој и сешто и знам некад да пукам од љубомора кога ќе ми зборува колку убаво си поминал,или шо направил,шо видел,но тоа чувство знам да го потиснам добро,и ретко кој е свесен дека воопшто го поседувам,додека оние лошите момци/девојки како што ги викаме повеќето,мислам дека едноставно одбрале да потиснат погрешна особина,со што ја намалиле нивната човечност,а ги зголемиле нивните ненаситни особини за надвладување или:убивање, ограбување, уценување,себичност, лицемерие, љубомора, одмаздољубивост или што и да е за да бидат над нив. Како и да е,ова е само мое мислење,бидејќи мислам дека секој човек може да се смени,ама не секој човек сака и не секој човек сваќа дека тоа што го прави е погрешно и тврдоглавата особина го тера да прави само како што тој мисли дека е правилно :helou: