Во реалниот живот не е баш така како во сериите... Една Круела Девил што гази се пред себе, убива, лаже, вара, расипува врски, крши срца; и една Мајка Тереза што им дава пари на циганчиња на семафори, им помага на сите, нема непријатели, со сите е фина, има секс само со човекот со кого ќе се омажи и е безгрешен верник кој редовно остава зејтин во црква.
Во животот веројатно сите се нешто помеѓу... „Сива“ зона, што би рекле.
Само што некои повеќе „тежат“ кон лошата страна, некои повеќе кон добрата... Никој не е совршено добар или крајно злобен.
А и добро-зло е многу релативна работа...