Добитници на лотарија за САД

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Ќе стартуваме во Северна Каролина, со опција да се преселиме во Чикаго ако не ни тргне ваму.
--- надополнето: Nov 8, 2011 5:40 AM ---
Не смееш да изнесиш од државава во кеш повеќе од две илјади евра, се надевам дека не мислевте во кеш да ги носите, од кај е законски неможно и ризично е да ве фатат или да ви ги украдат. Многу ви се 10 000, со гаранција. 2000-3000 за двајца се доволно, за почеток. Ако ви требаат плус недај боже ќе ви пратат од тука.
навистина мислевме да ги носиме парите со нас, но ако може на картичка тоа би било помудро. :)
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Vie aplicirate za USA, vo Opcija deka imate kade da zivetee i so kogo? ILi drzhavata vi obezbeduva stan/kuka itn itn?
 
Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Vie aplicirate za USA, vo Opcija deka imate kade da zivetee i so kogo? ILi drzhavata vi obezbeduva stan/kuka itn itn?
Државата не ти обезбедува ништо. Ако те извлечат на лотаријата и ако ги исполнуваш законските услови за виза (меѓу кои е и најмалку 4-годишно образование ССС), треба да си најдеш спонзор од таму или да прикажеш дека си способен да преживееш таму без да станеш социјален случај. Тука треба да се „плеснеш“ едни добри 8 000 евра (зборам за 4-члено семејство) до тргнување. А и таму не треба да одиш со празни раце, оти првите 2-3 месеци треба да се снајдеш ама не и да умреш, од нешто треба да живееш! Сите тие пари се потребни за медицински прегледи, визи, подготовка на цивилни документи вклучувајќи превод на англиски на секој божји документ и нивна нотаризација. И авионските карти до САД.
--- надополнето: Nov 8, 2011 1:41 PM ---
Не смееш да изнесиш од државава во кеш повеќе од две илјади евра, се надевам дека не мислевте во кеш да ги носите, од кај е законски неможно и ризично е да ве фатат или да ви ги украдат. Многу ви се 10 000, со гаранција. 2000-3000 за двајца се доволно, за почеток. Ако ви требаат плус недај боже ќе ви пратат од тука.
2000-3000 евра не се доволно. Ние не сме 2-ца туку 4-ца. Имаме и малолетни деца. И САД не се тоа што беа, затоа човек треба да земе се во предвид. 10 000 долари за три месеци - во нив влегува купување кола (без кола не можеш да мрднеш никаде со деца!) и кирии и животни трошоци додека да дојдат првите заработени пари.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Добронамерен совет, одете првите месец-два без децата.Снајдете се па повлечете ги таму.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Добронамерен совет, одете првите месец-два без децата.Снајдете се па повлечете ги таму.
Дали смее така да се прави, да не треба сите кои што се на апликацијата во исто време да направат влез? И да како што знаете гол на свадба не се иде, па и за таму ви требаат минимум едно 10 илјади долари или евра па да тргнете инаку маф ви е работа, никој не ве чека со чекот во раце и бујрум на директорска столица, прво ќе перете, миете чинии, косите трева, превезувате мебел, па потоа полека ке се изборите за подобра позиција во Соединетото семејство. Гуд лак ту еври уан!
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Со картица или со банкарски трансфер на пари што ќе ви бидат таму пратени. Кој оди со кеш (толку голем) во раце сега. Искрено и 200-300 долари колку за трошоци мислам се доволни а после уште прв ден да си имате начин за редовен прилив на кеш испретен од ваму или ако може со некоја овдешна картица да си повлекувате пари што ви се ставени на сметка.
Така мислам е најбезбедно...
 
Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Добронамерен совет, одете првите месец-два без децата.Снајдете се па повлечете ги таму.
Кога се пополнува апликацијата (по извлекувањето) имаш опција да напишиш дали некој ќе те придружува покасно (веројатно е тоа дадено за деца) но ние ќе одиме сите заедно - еден за сите, сите за еден. И таму кај што одиме има мали деца :) така да за децата ич не се секирам...
--- надополнето: Nov 9, 2011 3:28 PM ---
Дали смее така да се прави, да не треба сите кои што се на апликацијата во исто време да направат влез? И да како што знаете гол на свадба не се иде, па и за таму ви требаат минимум едно 10 илјади долари или евра па да тргнете инаку маф ви е работа, никој не ве чека со чекот во раце и бујрум на директорска столица, прво ќе перете, миете чинии, косите трева, превезувате мебел, па потоа полека ке се изборите за подобра позиција во Соединетото семејство. Гуд лак ту еври уан!
За почеток, спремни сме да работиме ама баш што било. Имам високо образование но не ми пречи и чинии да мијам и чистачка да бидам. Знам дека порано или покасно работите ќе дојдат на место. Тоа е разликата меѓу САД и тука. Тука цел живот можеш да останеш мијач на садови, а таму ќе дојде време кога ќе си дојдеш на тоа што ти е твое и ќе бидеш платен за тоа колку вредиш.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Понеси колку што сакаш не би требало да ти прават проблеми, јас се вратив со пет цифрена сума и никој не ме пипна за пари.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
со кеш во џеп од 1000 или 2000 долари за двајца никој нети прави проблем ако се работи за иселеничка!зашто праите проблем околу тоа кој колку ке понесе, па денес имаш можност да ставиш пари на картица колку имаш и ич да не ти чуе.....
 
Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Не се плаќа никаков надомест за нејзе се е на трошок на Америчка амбасада но мораш да отидеш на Интервју според догворениот термин во секој случај за да те прашаат шо ќе правиш таму и дали имаш роднини или како да најдеш легално работа.

Тоа е тоа во кратки црти ако си женет и имаш деца тогаш и тие добиваат исто работна дозвола .

И едно да знаеш дека ако работиш таму нема да имаш слободни денови ова она туку се ти е буквално пресметано од здравствен осигурување па се до Слободен одмор ,гориво,храна останати трошоци......

Со плата од 2000усд во месецот тешко се живее таму со 2 работи ќе заштедиш нешто.
Не е точно дека не се плаќа надомест. Трошоците за процесирање на визата се неповратни (мислам дека се 305 долари по човек) а ако ти ја одобрат плаќаш уште 400 и нешто долари за самата виза. Јас аплицирав на ланската лотарија и сум извлечена и веќе имам закажано интервју во амбасадата. Значи, одам со цела фамилија. Пошто ме извлекоа, сите идат со мене, сопругот и децата. Тоа важи само за малолетни деца, до 18 години.
И амбасадата и државата не ти гарантираат ништо, за се мораш да се снајдеш сам. Затоа и бараат да имаш спонзор, американски граѓанин кој ќе гарантира со пари и имот за тебе дека ако не се снајдеш нема да станеш социјален случај (на товар на државата) туку тој ќе те издржува и тебе и фамилијата во рок од 10 години.
Затоа, извлекувањето и не е нешто недостижно, но тоа што следи после е макотрпно!!!
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475

Не те разбирам прво велиш ВИЗА ја мислам на ГРЕЕН КАРД

второ велиш да ти ја одобрат или не ВИЗАТА тоа е друго

трето Ако немаш пари да одиш таму и некаква банкарска Гаранција нема да те примат во Африка па камоли таму
 
S

Sagan

Гостин
Боже, боже, колку повеќе дознавам за условите, сѐ помалку посакувам да бидам избран...
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Боже, боже, колку повеќе дознавам за условите, сѐ помалку посакувам да бидам избран...
Во секој случај добра игра ама еве јас никако да аплицирам се немам време ќе видиме другата година можеби со малце среќа ќе успеам.

Ама шо ќе барам таму сем ако не правам некој бизнис .Не цветаат рози веќе таму

Најголем трошок ти е Авионот ќе треба да патуеш 12 саати друго се си е ОК веќе знаеме за Америка како ако немаш некој таму ќе биде ебено тешко.
 
Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Верувам во оваа лотарија зошто мојата најдобра другарка замина преку нив во Америка. Беше во врска па го ожени дечкото пред тргање за да добие и он документи. Од кога ја извлекоа беше во Амбасада (ова е пред 6 години) и платија за секој по 800 долари. Се разбира немаа толку пари и земаа кредит. Ги добија документите и за одреден рок (мислам дека беше 6 месеци) мораше да направат влез во Америка.

И не напоменав, моментално е многу тешко за работа во Америка, кризата ги утепа.
Леандра, ме интересира дали на другарката твоја и бараа гарантно писмо од амерички граѓанин или едноставно им дадоа виза само со фактот што беа извлечени?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра, ме интересира дали на другарката твоја и бараа гарантно писмо од амерички граѓанин или едноставно им дадоа виза само со фактот што беа извлечени?
Им дадоа виза без гарантно писмо со самото тоа што беа извлечени. Денес веќе и пасош имаат и државјанство во Америката :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom