Феминистичка ода на неблагодарноста
Таа стана утрово. Седна во својот автомобил кој го измислија и направија мажи, од метал кој го излија мажи од руда што ја ископаа мажи. Потоа таа стави бензин од нафта која ја ископаа и преработија мажи и замина по патот кој го асфалтираа мажи. .
Влезе во зграда која ја изградија мажи од бетон кој го создадоа мажи и цигли кои ги заѕидаа мажи и која се грееше од котелот кој го направија мажи со помош на гориво кое повторно го обработија мажи. Влезе во лифтот кој го монтираа мажи.Запали светло кое го наместија мажи, стави топла вода загреана на гас кој го добија мажи, и го прели кафето кое мажи го пренесоа со авион од платанжите кои ги обработуваат мажи. Седна на компјутер што го измислија мажи, отвори програма што ја напишаа мажи, влезе на интернет страница која ја смислија мажи и на Фејсбук напиша "Сите мажи се идиоти!!!"