GTFO
Pushing the button
- Член од
- 3 април 2009
- Мислења
- 5.654
- Поени од реакции
- 4.579
Од 700 метри под земја право на "Бернабе" и "Олд Трафорд"Рударите затрупани во дарови
Кај 70 дена не мораа да си ги гледаат жените и децата, да ги слушаат шефовите како им тапанат на глава, да се замараат да одат на работа, па и воопшто нешто да работат, сега рударите не можат глава да дигнат од поклони и слава.
Уште пред да излезат Оукли му поклони на секој од 33-та рудари по еден пар супер заштитни очила, кои чинат 200 долари парче, за рударите да не ослепат кога ќе излегуваат.
Сега, првиот човек на Епл, воодушевен од храброста на рударите реши и тој да ги награди, па на секого му поклони по еден АјПод тач. Пред ова, рударите од еден локален пејач и бизнисмен добија по 10 илјади долари.
А кога ќе им се досади Чиле и општо работата, рударите имаат покана од една грчка компанија за бесплатно летување во Грција. Истовремено со летувањето тие добија и бесплатни влезници од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
МАМЕ ИМ ИБАМ
Животната драма на 33-цата чилеански рудари, кои 69 дена минаа 700 метри под земја, имаше среќен крај. Честитки, пораки со поддршка, подароци и покани стигнуваат од целиот свет, меѓу нив и од Реал Мадрид. Претседателот Флорентино Перес ги покани рударите во Мадрид за да бидат специјални гости на еден натпревар на Реал и да "ја прослави нивната школа на преживување". Иста најава дојде и од Манчестер јунајтед и аргентинска Бока.
- Вашето спасување е доказ дека чуда се уште постојат. Вие сте едно од нив - се огласи Диего Армандо Марадона.
Фудбалскиот свет со посебен интерес ја следеше агонијата на рударите откако се дозна дека меѓу нив е и еден бивш професионален играч. Станува збор за 53-годишниот Франклин Лобос, чии слободни удари за прволигашот Кобресал, каде што во рана фаза од кариерата соиграч му беше и славниот Иван Заморано, му донесоа прекар Магичниот Минофрлач. На излегувањето на површина, чилеанскиот претседател Себастијан Пинера му подаде топка, а Лобос, кој настапи за репрезентацијата на квалификацискиот турнир за ОИ 1984, пред камерите покажа дека се уште умее со неа. Лобос прво станал таксист по завршувањето на играчката кариера во 1995 година, а една деценија подоцна се вработил како возач на камион во рудникот Копијапо.
Колку фудбалот им недостигал на рударите, покажа и второизвлечениот Омар Рејхадас, кој трчаше наоколу, нагрнат со знаме на својот омилен клуб Коло Коло.
Потекнувајќи од рударско семејство од Астурија, напаѓачот на Барселона Давид Вилја призна дека оваа драма лично ја преживувал.
- Го следев спасувањето како и секој друг, но тоа го гледаш од друга перспектива ако си го искусил тој свет. Сите во Барселона и во шпанскиот фудбал сме среќни и горди што ова заврши добро - изјави Вилја, кој на Лобос му пратил два дреса од својот клуб.
--- надополнето ---
Ова тебе ти е за сеир?
70 дена беа под земја, во дупка ЕЕЕеееееј, со црви и со минимум воздух за преживување.
Храброста нивна не е за смеење.
--- надополнето ---
Ова тебе ти е за сеир?
70 дена беа под земја, во дупка ЕЕЕеееееј, со црви и со минимум воздух за преживување.
Храброста нивна не е за смеење.
Нема тема отворена за ова затоа пишувам во ЧДА,инаку нема ништо смешно да издржиш 70 дена под земја