Мојот прв и еден единствен последен пост на оваа тема.
Скиентологија и Дијанетика-религија е, наука е, секта е, филозофија е, толку многу нешта што е, не е, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Се мрднаа тоа стафовите јавувајќи се по телефон, па како ти оди што ти оди, досадни луѓе бре, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Голема сума на пари имам потрошено, на курсеви, семинари, книги, предавања, дури и со домашните мои имав мали препирки за тоа, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Л.Рон Хабард можеби пиел, можеби се дрогирал, можи и да не. Син му се окткажал од него па се помириле, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Луѓето кои имаат завршено курсеви можеби и се самоубивале, а можеби и не. Други ги имаат уценувано, бркано, а можеби и не (не знам), ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Кога ќе ги ставам на кантар сите тие работи на една страна и тој еден единствен факт(болдираната реченица), ќе видам дека тој факт е како планина, и нема никогаш да го заборавам се додека сум жив. ГОСПОД ми е сведок дека не е плацебо ефект.
Толку од мене.