Дијанетика и Скиентологија

Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Кога за прв пат согледав колку сум бил во заблуда, не знаев што да правам со себе!

Сите прават грешки во животот, кај тебе добра страна е што веке самиот си решил да си ја исправиш таа грешка(со тоа што ке се тргеш од таму) која во иднина ке ти биде доста големо искуство во секојдневниот живот.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
53
Поени од реакции
5
Или како што самиот хабард вели„ црвени и злеени апчиња“.

Сите прават грешки во животот, кај тебе добра страна е што веке самиот си решил да си ја исправиш таа грешка(со тоа што ке се тргеш од таму) која во иднина ке ти биде доста големо искуство во секојдневниот живот.
Благодарам за поддршката, не сте свесни колку поддршка им е потребна на луѓето во скн за да излезат од неа, за да се осмелат да погледнат надвор. Скиентологијата ги учи дека без Скинеотлогијата, нема да имаат живот и набрзо ќе пропаднат!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Мислам дека нема многу потреба од лутање по информации за да се донесе конечна одлука барем за тие што се веќе по малку навлезени во саентологијата и се двоумат на што се, доволно е само на интернет да ги најдат и слушнат интервјуата направени со синовите на хабард.

Во секој случај за среќа по тоа што го има на интернет кај нас сеуште саентологијата ја нема достигнато потребанта точка за опасност за разлика од други држави каде што некогашните нивни членови завршуваат трагично.

По се изгледа тоа се должи на тоа што и тука официјално сеуште не е црква и овој менаџмент тука кај нас има многу ограничени ингиренции за разлика да речеме од пример грција.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
53
Поени од реакции
5
Проблемот е што Скиентолозите се наведуваат да веруваат само на Хабард, се друго е ставено од лошите луѓе да ги одвлече од патот кон слободата.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Секоја чест Екс. Убаво е да постојат повеќе како тебе луѓе, кои ќе ги раскринкаат сите профитерски и манипулаторски организации. Надежно е да се знае дека на лагата и се кратки нозете.
Треба активно да се залагаме сите за информирање на јавноста, за био пирамиди, гатачки, саентолози, сомнителни вработувања, пирамидални шеми и слично.
Навистина не ми е јасно како е можно некој да стане толку заслепен и индоктриниран од куп лаги.
Како бе не може да се гледаат логично и рационално нештата околу себе.
Јас ја разбирам потребата на секој човек да припаѓа некаде, да има некој да го ислуша, да го прифаќа -заедно сме посилни- менталитетот, ама зошто баш на ваква погрешна страна да се наклонува.
Најверојатно во недостаток на саглам околина, некој се фаќа за сламка надеж.
Или пак видел дека има пари во сето тоа и рекол што да не.
 
За некој сигурно има нешто од сето тоа.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
53
Поени од реакции
5
Има за тие што се на врвот. Другите, обичните стафови гладуваат и мора да зависат од нивните родители, или да работата нешто екстра за да заработат за живот.. :uvo:

Едно време и јас така... ама се опаметив!
 
Во секој случај, по прочитаните искази на интернет од некои веке Ех како што сега си ти(баш ми е мило и многу го ценам тоа) опасна работа оваа саентологија.

Како што кажав во еден мој претходен пост, можеби тука кај нас во македонија не толку многу опасна според мене заради тоа што се уште не е црква. Мое мислење е тоа.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.032
Низ ХЦДС имаат поминато, макар на читање текстови неколку познати личности. (зборам за времето 2000-2003 кога ја се врткав низ центарот).
Бреј што се се случувало во центарот последниов период. Мој последен контакт беше летото 2006та кога Клари повторно ме повика за да се приклучам на центарот во Будимпешта.

Со Горан се видовме последен пат на саемот за мебел, ама само на кратко се промуабетивме, му се пофалив за тоа што го работам во последно време.

Малку е чудно како Нешо стигнал до толку високо место во мисијата во Скопје, и како најдобрите стафови сега веќе не се таму.

п.с. ќерките на Стефко се ТоБ :) едната ја имаше во спотот Срце Тетовирано на Трифке и Александар, а Бојана одговара на описот на девојка од песната BAD COPY-Sise.

И за малку го заборавив, Васил Шишков. Еден од најголемите а можеби и најголем (физички, во килограми) џанак во Скопје. Благодарение на Narconon програмата која ја помина во Холандија се исчисти од хорс. Се врати во теарарот.
Сега не знам во какава ситуација е.

Нешто што највеќе ме импресионирало во скиентологијата е Purification Run Down, или скратено Пјуриф. Програма за прочистување на телото. Сите што ги знам што го поминале пјурифот се импресионирани од тоа колку им се подобрило телото после тоа.
Кај Елена Пешевска дури отстрани црна дамка на раката, белег кој го носеше од раѓање.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
53
Поени од реакции
5
Еееееееј Тончи брат те знам јас тебе многу добро! Паметно од тебе што со време се дистанцира од Хабардов Центар, и што не отиде за Поморската организација (Sea Org).

Да, да, интересно како во Скиентологија можеш брзо да се качиш нагоре но и да те симнат и одеднаш да станеш персона нон грата т.е. Супресивна личност! Ху ху!!!
Инаку сега ми текна на уште некоја позната личност, Бобан Бабунски има некој што не го знае? Човекот последно што знам го правеше Пјурифот (програмата за прочистување) ама знам дека не ја заврши, многу луѓе что ја правеа програмата последниве години, тешко ја завршуваа програмата и се жалеа дека немаат добри резултати.
Друг човек е Вангел Пановски (мислам се презиваше) кој со години беше во македонска амбасада во Швајцарија, па после преместен во Кина, кој беше напреднат на повисоките нивоа на Мостот (превизни чекори и степени што ги минуваш преку аудитинг и обука за да дојдеш до целосна духовна слобода). Трагично за него е што починал во Кина набрзо по доаѓањето таму, нешто со срцето. Инаку се смета дека како напредуваш по нивоата по „Мостот“, стануваш имун на болести и несреќи, за на крајот воопшто да не се разболуваш и да имаш моќи како мини Господ! Е кон тоа се целат Скиентолозите, да бидат мини Богови! На крајот вистината и луѓето што минуваат низ повисоките нивоа сфаќаат дека болестите им остануваат, дека сеуште се мизерни во однос на животот, дури и многу повеќе од обичниот човек, бидејќи сите пари ги дале на Скиентологијата за лажна надеж за на крај д аоткријат дека се е фарса, и дека не постигнале никакви моќи, освен моментално чувство на благосостојба (плацебо ефект).

Инаку Васил Шишков, колку што знам, брзо откакот се врати од Нарконон во Холандија, се фалеше како никој ништо не му може сега, дека он дури и без курсеви и аудитинг има постигнато напредна духовна состојба. Амаааааа, после тоа почна да с еслуша како луѓе го наоѓаат пијан и во бесвест во градскиот парк, паднат под клупи и слично, како манипулира луѓе да му дадат пари и место за живеење, користејќи го сочувството што луѓето го имаат (посебно бидејќи е син на наш познат актер). ахааааа ќе заборавев! Инаку поради тоа што беше некако позната личност (повеќе заради татко му), сите женски:pipi: во Хабардов Центар и во врска и слободни, му паѓаа на финтата и :smir: флертот:vozbud:, летаа искри насекаде. А он си имаше добра забава смеејќи им се зад грб, мислејќи дека вистински ги симпатише!:pos2:

http://217.16.70.245/?pBroj=1815&stID=38864&pR=9

Леле, се изнасмеав на професионалниот демант од Хабардов центар.:pos2:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мојот прв и еден единствен последен пост на оваа тема.
Скиентологија и Дијанетика-религија е, наука е, секта е, филозофија е, толку многу нешта што е, не е, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Се мрднаа тоа стафовите јавувајќи се по телефон, па како ти оди што ти оди, досадни луѓе бре, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Голема сума на пари имам потрошено, на курсеви, семинари, книги, предавања, дури и со домашните мои имав мали препирки за тоа, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Л.Рон Хабард можеби пиел, можеби се дрогирал, можи и да не. Син му се окткажал од него па се помириле, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Луѓето кои имаат завршено курсеви можеби и се самоубивале, а можеби и не. Други ги имаат уценувано, бркано, а можеби и не (не знам), ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Кога ќе ги ставам на кантар сите тие работи на една страна и тој еден единствен факт(болдираната реченица), ќе видам дека тој факт е како планина, и нема никогаш да го заборавам се додека сум жив. ГОСПОД ми е сведок дека не е плацебо ефект.

Толку од мене.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
53
Поени од реакции
5
Од претходно напишаново Буцио можам да претпоставам, може и се лажам, дека си бил во Нарконон? Би било убаво да ја кажеш подетално твојата приказна.

Иако ќе повторам овде дека луже кога сакаат вистински дас сменат нешто, ќе успеат да го направат тоа, не поради Скиентологија или друга работа, туку поради фактот што самите одлучиле!!!

Но еве дај ни некои факти?

Мојот прв и еден единствен последен пост на оваа тема.
Скиентологија и Дијанетика-религија е, наука е, секта е, филозофија е, толку многу нешта што е, не е, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Се мрднаа тоа стафовите јавувајќи се по телефон, па како ти оди што ти оди, досадни луѓе бре, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Голема сума на пари имам потрошено, на курсеви, семинари, книги, предавања, дури и со домашните мои имав мали препирки за тоа, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Л.Рон Хабард можеби пиел, можеби се дрогирал, можи и да не. Син му се окткажал од него па се помириле, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Луѓето кои имаат завршено курсеви можеби и се самоубивале, а можеби и не. Други ги имаат уценувано, бркано, а можеби и не (не знам), ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Кога ќе ги ставам на кантар сите тие работи на една страна и тој еден единствен факт(болдираната реченица), ќе видам дека тој факт е како планина, и нема никогаш да го заборавам се додека сум жив. ГОСПОД ми е сведок дека не е плацебо ефект.

Толку од мене.
Можеш ли да ни кажеш како точно те спаси скиентологијата? Од дроги? или?
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Л.Рон Хабард можеби пиел, можеби се дрогирал, можи и да не. Син му се окткажал од него па се помириле, ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Ти си жив поради тоа што Хабард пиел,се дрогирал и син му се откажал од него?
Ај размисли малку шо пишуваш.
И уште нешто,како можеш да му веруваш на човек од кого се откажал и сопствениот син и за кого тврди дека е Ѓаволот лично?
Валјда неговиот син го знае подобро од тебе,нели?
И шо беше тоа за вршење абортус со закачалка?
Не знам за другите,ама тоа ми се чини прилично погрешно,гледано од хуман аспект.
Луѓето кои имаат завршено курсеви можеби и се самоубивале, а можеби и не. Други ги имаат уценувано, бркано, а можеби и не (не знам), ма не е битно. Јас поради тоа нешто сум жив ден денеска.
Врв на нелогичноста.
Ти си жив поради тоа што некои луѓе(и тоа голем број),се самоубивале?
Зошто нивната смрт те прави тебе жив денеска?
Појасни малку шо зборуваш.
Еве жив пример за тоа што навистина скиентолошките курсеви за "подобрување",му прават на еден човечки мозок-едноставно,ГО ПЕРАТ!!!
@ExScientologist
Браво за тебе,барем еден човек се освестил и се навратил да ја каже вистинската приказна за Скиентологијата.
Оние кои немаат лично искуство со оваа секта,можат само да шпекулираат и дури и ако тоа што го кажуваат е вистина,може лесно да биде демантирано и отфрлено како обична шпекулација од супресивна личност(така беа?).
Ама кога поранешен член,со искуство ќе дојде и ќе го каже ова што ти го пишуваш тука,тогаш е тешко човек да не поверува и да не сочувствува.
Уште еднаш,браво за храброста и совеста.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Ти си жив поради тоа што Хабард пиел,се дрогирал и син му се откажал од него?
Ај размисли малку шо пишуваш.
И уште нешто,како можеш да му веруваш на човек од кого се откажал и сопствениот син и за кого тврди дека е Ѓаволот лично?
Валјда неговиот син го знае подобро од тебе,нели?
И шо беше тоа за вршење абортус со закачалка?
Не знам за другите,ама тоа ми се чини прилично погрешно,гледано од хуман аспект.

Врв на нелогичноста.
Ти си жив поради тоа што некои луѓе(и тоа голем број),се самоубивале?
Зошто нивната смрт те прави тебе жив денеска?
Појасни малку шо зборуваш.
Еве жив пример за тоа што навистина скиентолошките курсеви за "подобрување",му прават на еден човечки мозок-едноставно,ГО ПЕРАТ!!!
@ExScientologist
Браво за тебе,барем еден човек се освестил и се навратил да ја каже вистинската приказна за Скиентологијата.
Оние кои немаат лично искуство со оваа секта,можат само да шпекулираат и дури и ако тоа што го кажуваат е вистина,може лесно да биде демантирано и отфрлено како обична шпекулација од супресивна личност(така беа?).
Ама кога поранешен член,со искуство ќе дојде и ќе го каже ова што ти го пишуваш тука,тогаш е тешко човек да не поверува и да не сочувствува.
Уште еднаш,браво за храброста и совеста.

За болдираното, можеби стварно го знае повеке од син му, ако си гледал саут парк веке и знаеш на што мислам.

Реинкарнација на Хабард ! ! !

Така учат во саентологијата, сите кои се надвор од триаголникот се лошите(супресивни личности) и не требе да им се верува па било тоа да се и синовите на хабард сеедно.

ЗА Ех :smir:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
a ke bide li nekoj ljubezen....da vooci nekoi razliki koi gi ima skientologijata vo makedonija so taa nadvor od nea...i dali ima nekoja pogolema razlika ili:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom