Дијанетика и Скиентологија

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.623
Поени од реакции
11.657
Хаха, не сум запознаен со ликот и делото на Кроули. Тоа ќе ја прашаш новинарката од Утрински :)
Ќе треба таа да ме побара, пронајде и контактира, не јас неа да ја барам :)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Ја имам прочитано дијанетика, и иако има некаква логика во неа, на крајот сватив дека се работи за многу паметен начин за уцена на членовите на овој, според мене, култ. Имено, во Дијанетика пишува дека со цел да се отарасите (или контролирате, не ми текнува сега) од болните сеќавања во минатото, морате да бидете во соба со тип од скиентолошката црква, и на него да му ги кажете сите ваши тајни. Често на овие сесии ќе користите и различни видови на дроги, што исто така е напишано во книгата. Скиентолошката црква ги зема овие признанија и ги става на безбедно место во своето седиште, од кое нормално, можат многу лесно да дојдат во раце на разноразни новинари, телевизии , кои би ја уништиле вашата репутација..во случај да скате да ја напуштите црквата.
Освен тоа, таа функционира како типичен култ - нема некоја врска со општеството во кое постои, дури и гиохрабрува членовите да се откажат од своите блиски, и се базира на принцип на финансиска солидарност, од типот, дај ми пари, ќе станеш побитен член во црквата.
Има некои успеси со зависност од дрога, алкохолизам и самоубистени тенденции, но тоа го има секоја црква на планетава ако верувате дека може да ви се помогне. Мој совет е, ако веќе сакате да верувате во нешто , видете подлабоко во вашата сопствена религија, зборувајте со свештено лице и слично, отколку да се зачленувате во култови .
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.339
Поени од реакции
7.452
видете подлабоко во вашата сопствена религија, зборувајте со свештено лице и слично, отколку да се зачленувате во култови .
А ние атеистите??
Е со попот си го имам муабетот, збориме за спорт :)

Кај тебе е добро што книгата сам си ја земал и добро си ја прочитал :) Кај мене имаше силно влијание професорката по англиски од основно. Откако и кажав дека ја напуштам скиентологијата ме избриша од листа на пријатели од Хи5 (ФБ уште немаше во Македонија).
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Моментот кога решив да се откажам од скиентологијата беше кон крајот на 2005та година. Требаше да заминам за Будимпешта во Sea Org-от кој беше надлежен за јуно и источно од Унгарија. Таму требаше да бидам графички уредник на изданијата кои ќе се печатат на македонски јазик, и плус уште неколку задолженија.
Откако неколку членови на ХЦДС Скопје беа одбиени при барањето на виза, дојде мојот ред да се обидам. Кога стигнав пред амбасадата забележав дека во мене не носам пари за банкарски провизии, и тргнав да си одам пешки кон дома. Размислувајќи по пат ги ставив на кантар од една страна работење цел живот за скиентологијата да ги прави луѓето подобри, притоа живеејќи како монах, а од друга страна да се обидам самиот за себе да створам некаков капитал и материјални добра. Во донесувањето на одлуката малку помогна и тоа што недела две пред да одам во амбасадата фатив девојка. Доколку заминев во Будимпешта требаше да заборавам на такви работи се додека не стигнам до ОТ-2 нивото на развој на мојот тетан.
И си реков, фак дис шит, ќе бидам себичен.

Е после тоа стана интересното. Кога почнав да комуницирам со луѓе кои се борат против скиентологијата. Повеќето беа со некои неосновани факти (оние кои никогаш не стапнале во ХЦДС) и оние кои точно знаеја што е и како е, и ми ги посочија сите негативни страни на скиентологијата.

А сега ќе пренесам еден текст на Валентина Тодоровска објавен во Утрински Весник.

Научна фантастика што требаше да го спаси светот

Саентологијата е религија, филозофија и наука втемелена во верување и со практична примена, нешто како прирачник за ментално здравје

Многуте мистерии врзани за смртните случаи во саентологијата ја ставаат под знак прашање и трагедијата на Зорана Лебедик, која на Флорида беше на шестмесечна обука за идните предавачи-саентолози.

Што зборува саентологијата? Всушност, за да ги дознаете нејзините тајни, треба да посетите многу курсеви, а тие не се џабе.

Во квалификувањето и објаснувањето на саентологијата можеме да спомнеме неколку термини - религија, филозофија, наука втемелена на верување и на практична примена, прирачник за ментално здравје, бришењето на проблемите во комуникација, а седум милиони луѓе на планетава и' се приклонуваат, ја почитуваат и ја применуваат. Германските стручњаци за секти велат дека личност која еднаш ќе влезе во редовите на саентологијата има задача да ја почитува хиерархијата, а лидерите располагаат и со психата и со имотната состојба на нејзините членови. Пред неколку години, германската влада ја забрани работата на саентологијата, прогласувајќи ја за секта, по што следуваа реакции на тема - загрозување на човечките права.

Саентологијата од самото создавање ја следат приказни, скандали. Еден од првите скандали се случи во 1971 година кога новинарката Полет Купер ја објави книгата „Скандалите на саентологијата“, критички извештај за активностите на црквата и тоа најмногу поради лекувањето што го пропагираше неговиот создавач Рон Хабард. Имено, тој сметал дека детоксикацијата е многу подобра од сите дозволени и признаени медицински методи, а тоа значеше вистинска трагедија во неколку случаи - Лиза Мекферсон, припадничка на саентолозите, почина во 36. година затоа што не сакаше по сообраќајната несреќа да го продолжи лекувањето во болница, туку отиде на 17 дена детоксикација кај „своите“.

Уште еден пример е врзан за 46-годишен Германец Уве Стукенброк, кој 12 години боледувал од мултиплекс склероза, а откако им се придружил на саентолозите престанал да зема лекарства и починал. Во еден од скандалите врзани за скаентолозите е вплетен и Том Круз, иницијатор за отворање на New York Rescue Detoxification Projecta, контроверзната клиника на Менхетен, која по терористичкиот напад во 2001 година им нудеше програма за детоксикација на пожарникарите, полицајците и останатите работници. Наводно, поради несоодветно лекување, починал и синот на Џон Траволта.

Светот ја смета саентологијата за профитабилна организација, а во Америка, Канада и во Италија се осудени многубројни членови на саентолошката црква поради прикривање данок и перење пари. Постои податок дека во ФБИ во 1977 година има документи што велат дека постои мрежа што ги контролира своите членови.

Митот на саентологијата за многумина е врзан за научна фантастика на нејзиниот создавач Рон Хабарт, а главна саентолошка литература е „Дијанетика“, која ја нарекуваат - нивна религија.

Имено, верувањето е врзано за самото детство на човештвото, кога Земјата била окупирана од лошиот галактички император Ксену, кој се обидел да ја исчисти од таканаречените „тхетани“, духови што ги бркал на Земјата, а тие потоа добивале човечки ликови. Всушност, се' било на ниво на спиритуална енергија, а главна цел на саентолозите е да се исчистат од гнасотиите собирани низ текот на годините, од болестите... Освен тоа, саентологијата верува во реинкарнација, верува дека „тхетани“, се селат од едно во друго тело и затоа, на пример, кога ќе ви почине маж, не треба да тагувате, туку само да ја препознаете енергијата, сместена кај некој друг помлад човек.

Зборот саентологија потекнува од латинскиот scinetia, што во превод значи знаење и вештина, што доаѓа, пак, од глаголот scire - да знаеш и грчкиот логос, што значи збор.

Интересни се пишувањата и дискусиите врзани за саентологијата, денес можат да се слушнат најконтрадикторни, најразлични процени и судови, а саентолозите често истакнуваат за себе дека се религија на иднината и религија што ќе го освои светот. Прилично самоуверено, нели?!

Виновникот или таткото на ова учење, создадено во 1954 година, нејзиниот основач е писателот на романи на научна фантастика Рон Хабард (1911-1986). За него се зборува дека бил интересен тип, некаде го опишуваат и како сомнителна персона. Ама факт е дека Рон почина речиси во делириум, што се косеше со неговото учење и верување дека смртта е остварување, чистина, бистрина и разбирање на сите овоземски мистерии. Оние што и' се противат на саентологијата велат дека токму желбата да се избега од валканиот свет ги тера нејзините поборници во смрт, каде што ќе наидат на големо и чисто просветлување...

Но, уште малку за Хабард - познато е дека по многубројните патувања низ Африка, Азија, Кина, Индија и други земји, тој го запознал окултизмот, некои велат дека бил член на сатански здруженија (Ordo Templi Orientis), дека се восхитувал на црномагиски вештини на Алистер Кроули, ама не смее да се заборави дека студирал нуклеарна физика и математика. И покрај сите предрасуди, човекот беше вистински гениј да им го пренесе на другите своето мислење, беше многу сугестивен и знаеше како да заработи пари. „За да се збогатиш, треба да имаш своја религија“, велеше тој и така ја оствари својата мисија.

Опстани

Хабард вели дека целиот живот е раководен од една команда, која гласи опстани. Ама, на каков начин? Неговиот прв голем чекор кон такво нешто и следствено на неговата „Дијанетика“ е направен во 1945 година за време на Втората светска војна. Хабард, полковник во американската војска, наидува на 15 бивши воени затвореници, кои по изгладнувачкиот режим, не биле способни да апсорбираат протеин и покрај сите можни третмани.

Заинтригиран од ова, заклучил дека умот го контролира телото, а не обратно, и дека тој може да создаде ментални пречки. Ова станува првиот принцип во „Дијанетика“.
после не верувај во чудата на љубовта, те спасила девојката, инаку читав за Sea Org-от многумина завршувале во длабочините на океанот и никогаш не се пронајдени.

Вистина или не, незнам, кој сака нека каже, но најдобро е да си независен тогаш си најслободен и една од убавините на Христијанството е токму слободата, никој не те врзува за религија, не ограничува и не те осудува никој доколку не постиш или тераш обичаи, кога сакаш ќе се отпишеш без никакви проблеми и последици.
--- надополнето: Oct 4, 2011 3:59 PM ---
Ја имам прочитано дијанетика, и иако има некаква логика во неа, на крајот сватив дека се работи за многу паметен начин за уцена на членовите на овој, според мене, култ. Имено, во Дијанетика пишува дека со цел да се отарасите (или контролирате, не ми текнува сега) од болните сеќавања во минатото, морате да бидете во соба со тип од скиентолошката црква, и на него да му ги кажете сите ваши тајни. Често на овие сесии ќе користите и различни видови на дроги, што исто така е напишано во книгата. Скиентолошката црква ги зема овие признанија и ги става на безбедно место во своето седиште, од кое нормално, можат многу лесно да дојдат во раце на разноразни новинари, телевизии , кои би ја уништиле вашата репутација..во случај да скате да ја напуштите црквата.
Освен тоа, таа функционира како типичен култ - нема некоја врска со општеството во кое постои, дури и гиохрабрува членовите да се откажат од своите блиски, и се базира на принцип на финансиска солидарност, од типот, дај ми пари, ќе станеш побитен член во црквата.
Има некои успеси со зависност од дрога, алкохолизам и самоубистени тенденции, но тоа го има секоја црква на планетава ако верувате дека може да ви се помогне. Мој совет е, ако веќе сакате да верувате во нешто , видете подлабоко во вашата сопствена религија, зборувајте со свештено лице и слично, отколку да се зачленувате во култови .
Ова како во католицизмот кога одиш на исповед со цел да се ослободш од насобраната негативна енергија-гревовите со кажување на истите на попот, но со таа разлика што, тој е зад решетки и не го гледа верникот, со тоа тој е потполно заштитен, што значи попот и да сака неможе тоа да го злоупотреби, сепак дискрецијата е загарантирана до максимум.

И некој ќе ми кажува дека Скиентологијата е подобра и поморална од Христијанството утре сабајле.:pos:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.731
Откако и кажав дека ја напуштам скиентологијата ме избриша од листа на пријатели од Хи5 (ФБ уште немаше во Македонија).
:eek:Тончи, да ти кажам прао, не ми се веруе дека такво нешто можела да ти напраи!
Види ја ти неа безобразна низаедна... Толку обзир да се немало бре, бре...

:)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.339
Поени од реакции
7.452
Јас, најдобар ученик од нејзината прва генерација ученици... ама тоа е. Наредено им е доколку некој ја напушти скиентологијата да прекинат контакт со таа личност.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.731
Јас, најдобар ученик од нејзината прва генерација ученици... ама тоа е. Наредено им е доколку некој ја напушти скиентологијата да прекинат контакт со таа личност.
...за да не им влијае "лошо", со објаснување на причините за раскинот со организацијата, кои може на членот да почнат да му звучат разумно, па и тој да се реши на таков чекор.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Што стана со Елена?
Баш ми беше интересна нејзината приказна.

Искрено, ми имаат нудено стрес тестови, и се и сешто по улициве, јас не ги ни разликувам кој е кој.
Во секој случај, кога би дознале дека сум психолог, тешко би ме примиле и да сакам да дојдам :pos:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.339
Поени од реакции
7.452
Што стана со Елена?
Ziva, zdrava i prava vo Panama. Posleden pat gledav na FB nekoi sliki od nejze, razmenivme po nekoj mail posle smrtta na Zorana, i to. Slabo e aktivna na internet vo posledno vreme, i za reply na mail cekav nekoj den, porano razmenuvavme po nekolku mailovi dnevno. Izgleda e bizi na rabota or something.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Смртта на Зорана?
А која е па таа?

Сеедно, убаво слушам - Панама. Кај ќе одам на одмор, види види.... :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.339
Поени од реакции
7.452
Zavisi na koi vesti, na nekoi kazaa deka bila na obuka vo Clearwater. Jas licno... ne znam... ja bataliv skientologijata pred nekolku godini, i ne sum po teorii na zagovor i slichno.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom