Скиентологијата не е лоша наука, и не е направено за лошото на луѓето, баш напротив.
У принцип се што кажуваат таму се сведува на едното исто а тоа е ВИСТИНАТА, исто како што говорат религиите итн.
Само тука заебанцијата е што има многу терминолошки манипулации, ако можам така да се изразам...
Играта на еволуцијата на Скиентологијата е играта на зборовите, затоа веќе и се класифицира како СЕКТА..
Затоа секој нормален човек, со нормални проблеми кои му ги носи животот не би требало да ја проучува оваа наука, затоа што од старт ќе отиде у курац.
Тие термини кој што ги употребуваат, мора кристално јасно да бидат јасно за да може подоцна да бидат споменати во практика.
Јас имам читано само вовед во Скиентологија и тоа неколку пати, плус и некои други работи .. и го сфатив ова што сега го пишувам.
Апсурдно е да човекот го сфати УМОТ , и како тоа постојат три ВИДА НА УМ, а тоа се: Аналитичен, Соматичен и Реактивен. ; Тие '' умови '' постојат, но во други сегменти на други науки имаат други терминологии и дефиниции, така да се поклопува таа теорија во однос на умот и на многу други работи, но сепак сметам дека би било погрешно некој кој што живее просечен живот да си дозволи да навлезе во ова многу и да има амбиции да стане / КЛИЕР / , ако така се викаше тоа. ( иако не постои нешто како грешка )
Тие процеси кои што би можеле да се процесираат да се унапредите 100% , т.е да бидете 15 степен на тетан, или еднакво со 8 динамик или Господ.
За сите тие ствари се потребни мислам околу 500.000 евра... Не сум сигурен колку пари што како само знам дека има ебено многу работи во оваа област, и интересно е да се проучи делумно, но не и да се навлезе потполно затоа што нема некоја посебна полза.. доволно е да правиш добро во опшеството и да ја знаеш вистината, ама исто така е многу добро да си сочуваш просечно интелектуално ниво за да можеш да се разбереш со обичните смртници... иако интелектуалното ниво би ти било многу пати поголемо од останатите луѓе, важно е да бидеш на слична фрекфренција со соговорникот за да може да има простор за интеракција. Адиос!