Искрено, не ти посакувам ништо лошо Girl Sk, јас би бил најсреќен да слушнам дека работите ќе се сменат на подобро и дека добрите работи од Скиентологијата и дијанетиката ќе останат, а налудничавите и деструктивните ќе бидат елиминирани, подобро од самата внатрешна организација отколку од законот, а верувај ми обрачот ссе повеќе се стега.
Ја гледаше последната роденденска ЛРХ (Л Рон Хабард) Прослава?
Каде беа статистиките што покажуваат како работеле скиентолошките организации низ светот? Каде беа Студентските поени кои покажуваат колку луѓе одат да учат курсеви, или колку аудитинг саати се направени во минатата година?
*За тие што не знаат, Скн центрите низ светот фактички праат пари со тоа што продаваат обука(курсеви) и аудитинг (техники кои ти ги испорачува обучен аудитор-консултант кои ги плаќаш од 1000 до 3000 евра за 12:30 саати интензивен аудитинг)
Каде беа вестите за широка експанзија на скиентологијата во другите полиња, Нарконон, Криминон, Применето школство исл. Сите овие активности биваат затварани низ светот, и должат огромни пари на доверителите за кирија, сметки, даноци...
Што прикажуваше овој пат Дејвид Мискевиџ (David Miscavige)?
прикажуваше план за реконструкција, градба и купување ан нови организации, за на крај на прославата како и вообичаено, да ги затвори присутните и со помош на своите Регистратори (Salesmen) да ги истиска сите можни пари за донација кон овие градби кои ќе станат новите Идеални оргови (организации) кои ќе опслужувааат стампедо од луѓе заинтересирани за скиентологијата.
Проблемот е што и постоечките Идеални оргови се во моментов празни, а донациите од луѓето се користат, за купување недвижнини, за најновиот бизнис на менаџментот на скиентологијата, кој кутрите скиентолози на пониски нивоа не го знаат....
Кажи ми што се обидуваш да заштитиш? Која скиентологија? принципите пишани од Хабард? Сегашниот менаџмент? Својата одлука еднаш донесена дека без Скиентологијата светот нема да продолжи?
Јас се обидувам да ја отстранам компулзивноста на скиентолозите да веруваат слепо во билошто, чисто затоа што тоа им е сервирано од Скиентолошка организација, од стаф скиентолог, или од Sea org (скиентолошкиот менаџмент).
Сам Хабард вели: Гледај, не слушај
Епа покажи ми дека го правиш тоа. знаеш ли како умрел Хабард и како Мискевиџ дошол на власт? Знаеш ли како во 1982 повеќето сопственици на мисии (мали скн организации како Хабардовиот центар во Скопје) и тоа најуспешните се декларирани за Супресивни личности?
Ако кажуваш дека знаеш се повеќе за скиентологијата треба да ги знаеш и овие факти. Знаеш ли зошто никој во Скиентолошка организација нема да ти одговори на овие прашања? Ако скиентологијата се бори за Вистината и за човекови права, треба секој скиентолого да ја знае целата историја на Хабард и Дијанетика и Скиентологија.
Се согласуваш GirlSk?