Леле мори мајко, ти ептен си влегол во филмот на овие од Anonymous!:pos2:
Мене ич не ме интересира кој си ти иако може и да се знаеме, само те прашав што толку ти се деси страшно за да ја напаѓаш Скиентологијата?
Ако си 99.9%сигурен дека знаеш, слободно кажи, ја од ништо и од никој не се срамам!
Гледам дека бараташ со “факти“ од интернет што си ги симнал, што за мене се чиста глупост и не ме интересираат тие тврдења, ги знам тие теории, во тоа само мали деца може да поверуваат.
Искрено, знам како ти е Ненад. Додека си во Скн сметаш дека само Скн е ВИСТИНА, и не смееш да погледнеш во друга вистина а камоли да се посомневаш.
Во Скн постои курсот Надминување на нестабилноста, кој те учи дека постојат добри (социјални) и лоши луѓе (Супресивни личности - Антисоцијални личности).
Прво те учат дека се лошо што ти се случува во животот, и секоја болест или грешка, се бидејќи си поврзан со Супресивна личност. тоа е за почетници, бидејќи нели? Многу убаво звучи сите мизериии и грешки во твојот живот, целата вина да ја префрлиш на некоја „супресивна личност“ што ја знаеш. Со ова автоматски ти е полесно на душичката а на „стафовите“ (вработените) во Скн им е полесно да те обработат за следни курсеви, оти сега кутриов човек уништен од супресивна личност, кој сега се сомнева во цела своја фамилија, и пријатели дека му мисдлат лошо, ќе се сврти кон скиентологијата за да биде спасен.
Ама чееекај, не било така лесно, после неколку курсеви кога веќе си проголтал дека Хабард со Скиентоогијава го пронашол (измислил ) секое решение за сите проблеми, сега ти кажуваат дека всушност се што ти се случува добро и лошо е затоа што ти си го предизвикал тоа. :nesvest: Ти дава гоолемо чувство на одговорност, а? Тоа значи ако некој ти ја украде колата, тоа е затоа што ти претходно си направил некоја штета што сега ја криеш, и „сам си го барал“ со други зборови.
Тука доаѓа Скн на спас и во Скн организација постои стаф наречен Етички офицер, кој за да не ти се случуваат вакви работи, ќе бара од тебе да му ги откриеш сите мали, големи злочини, лоши мисли, нешта што си мислел дека треба да ги направиш а не си ги направил, нешта што си ги направил па си се покајал што си ги направил исл, тука спаѓаат и секс мисли,
![Дрк :drk: :drk:](/styles/default/xenforo/emot/drk.gif)
, мисла дека некоја женска изгледа добро, додека ти имаш девојка... исл. Штетните акти ги нарекуваат ОВЕРТИ, а ако си го премолчел овертот тоа е ВИТХОЛД.
Сите овие работи ти ги запишуваш детално на овој начин:
Наслов: (пример ја излажав девојка ми)
Време: петок 13ти 2006
Место: дома кај мене во дневна
Форма: девојка ми не може да го поднесе Зоки еден од моите другари, сабајлето ме викнаа друг другар да му помогнам со компјутерот нешто, и кај него беше и Зоки, и подоцна сите излеговмена ручек Кај Злате. Бев договорен Девојка ми да дојде вечерта дома. и кога дојде и ме праша за дента што праев, јас и кажав дека јас бев сам со другаров со расианиот компјутер. Не и кажав дека и Зоки беше со нас.
Настан: Не и ја кажав вистината и сега се плашам да не дознае од другиот другар и после тоа да имаме голема расправија.
И батка, ако завршиш кај етичкиот офицер, или ако си на курсот Лични вредности и интегритет, ќе зазвршиш пишувајќи многу вакви вистински оверти и витхолди, и тие НЕ завршуваат во канта, туку остануваат во твое личнбо досие во Скн организација.
Во случај после некое време да почнеш да критикуваш некоја нивна практика, наместо тивко да си ќутиш и да не ја кажуваш вистината на другите, тогаш ти стануваш супресивна личност официјално. т.е. Те декларираат Супресивна личност, каде често ќе искористат нешто од твоите пишани оверти и ќе го испревртсат да изгледа многу лошо, или во случај да не најдат ништо, без проблем ќе го измислат и ќе им забаранат на другите скииентолози да комуницираат со тебе.
Искрено многу скиентолози од страв да не бидат злоупотребени нивните „исповеди“, официјално остануваат скиентолози и се сеуште љубезни кон стафовите што ги тормозат по телефон за да дојдат во Скн организација за да следат некое предавање, или Настан (после кој обавезно те тераат да купиш некоја книга или да донираш пари за нешто)....
Girl Sk tuka si? :smir: