- Член од
- 9 март 2009
- Мислења
- 53
- Поени од реакции
- 5
Точно е тоа Linux, не сакав ептен да навредувам, вистинскиот проблем лежи тука уствари. Луѓето што доаѓаат во Скиентологија се убедувани дека сето ова го открил Хабард, дека претходно биле откривани мали работички ама ништо „функционално“. Мижи да ти баам.Мислам дека доброто што е во саентологијата не е ништо ново што тие ги измислиле!
Сите тие добри работи што тие ги проповедаат дека се добри сега, не се ништо ново, и се проповедале многу време пред да се појави саентологијата.
Работата е што дури и ти забрануваат да користиш било каква друга технологија и знаење за да си го подобриш животот.
Ако како скиентолого се разболиш, не дај боже да побараш прво лекарска помош, неее, мора прво да добиеш Асист (постапка слична на масажа, вклучува пипкање на различни делови од твоето тело од обучен аудитор во асисти), па потоа мора да се видиш со Етичкиот офицер, за да ти каже дека етиката (одговорноста) не ти била на место па затоа треба да пишеш Оверти и витхолди и мораш да ги пишеш додека не се почувствуваш подобро. Често на многу луѓе им станува полошо и ккога ќе стане ептен лошо тогаш тебуткаат да направиш прегледи и што и да треба (освен апчиња за болка и седативи). И така ем болен ем изнервиран ке бидеш, чисто затоа што некој инсистира дека Скиентологијата ги има сите решенија. Не дозволуваат, Јога, медитација, молитви (ни под разно!)
Ова е мнооогу важно!!!
Иако како новајлија или поради добри односи со јавноста официјално ќе ти кажат дека секој од секој религија може да биде и скиентолог и да верува во својата религија, вистината е дека, од записите на Хабард подоцна разбираш дека не приознава никаков Господ, и дека сите ние како души (или „тетани“ на скиентолошки)сме биле првобитно богови и со време и погрешни одлуки сме ги загубиле нашите моќи и способности. Еден од стафовите на Хабардов Центар беше вистински православен верник, и неколку пати беше силно убедувана да се откаже од таа идеја дека постои еден Господ, сега тој стаф веќе не е стаф и подобро за него. За обичен „public“ (лице кое не е стаф туку плаќа за курсеви и аудитинг), религиозната определба се трпи колку толку ако не ја промовираш гласно и јасно. Само сакав со овој мал пример да покажам колку се омаловажува религијата на другите а самата Скиентологија беснее ако и се оспори религиозноста...