Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
Не, не ги забравам туку беа опфатени низ историјата човечка, како збирка од војни и чат-пат по некое научно откритие.

Што се однесува до „искористувањето на целиот потенцијал„, (човекот, така?...), и таа можност е решена не од човекот, туку од самиот Создател на човекот.

Отвири ги евангелијата, читни ја приказната за талантите и ќе (у)видиш како човекот треба да го арчи своите потенцијали (таланти-талент-дарови), но не за водење војни, не за себичност, не за алчност, туки и за себеспасение но и во слава Божја.

Така, и тој „проблем„ е веќе решен во рамките од Црквата...
...секоја почит за твојот напор да ја покажиш Црквата во најубаво светло,но Црквата(како Божји дом) и Црквените службеници(како Божји слуги) заборавија зошто и со која цел се таму каде што се
...идеализирањето на нештата што се “допрени од човечека рака„ многу често завршува со страдања и несреќи
...
затоа внимателно со тој спорт @PROROKOT ;)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.764

Твоето неприфаќање на Црква а посредно, и неприфаќање на Божјата волја изразена преку Црквата, не е причина за твое самооправдување па уште и изнесување критики кон самата Црква и нејзините членови.

Во Црквата постои сосема доволна самокритика на членовите, едни кон други и тоа е сосема доволно за нивно самопоправање, што не значи дека учењето од Црквата е погрешно-не е, сосема е исправно и сам Бог Е гарант за таа исправноаст, а друга е приказната дали членовите во Црквата го прифаќаат нејзиното учење во своите животи на правилен, помалку правилен или погрешен начин.
 
...сакаш да ми кажиш дека сум помал верник од тебе или само ад-хок ја отфрлаш реалната состојба во која се наоѓа Црквата?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.764
...сакаш да ми кажиш дека сум помал верник од тебе или само ад-хок ја отфрлаш реалната состојба во која се наоѓа Црквата?
Не те знам лично, така не можам да ја проценам твојата вера, која најдобро може да ја оцени само некој лик кој е свет уште на Земјава, кој стекнал дар за прозорливост и кој може да те „прочита„ при жива средба меѓу тебе и таков лик.

Црквата е поставена на Божјото учење, кое (учење) само по себе е совршено и прилагодено на човековите потреби (за спасение) и за човековите можности и способности, така да тоа учење не ми е предмет на сомнеж, туку е предмет на моја полна доверба.

Друга е приказната за тоа кој член во Црквата во која мера го исполнува учењето од самата Црква, така да да не ги мешаме тие две нешта.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Е ми...тогаш ништо...баталете кумови и крштевање и фаќајте студирање на Телема...од најмала возраст, дискретно, да не ве видат родителите ш‘о прајте по дома...:coffee:
Христијанство, кумство, Телема, Ислам, хиндуизам, будизам - се по ред.
И нема јадење слатки како освен едното другото е сатанизам и зло, како што прават христијанството и исламот.

Затоа реков: учете си ги децата за различноста на светот во однос на внатрешниот пат на еден човек, бидејќи ние секако ќе мора да им укажеме на тоа, да не биде после лудаци и да мислат злобно кон другите.
Толератност мора да има и разбирање, а тоа доаѓа со знаење и искуство.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...животот не е еднонасочна улица....нели @PROROKOT ?
...иако некои уште со љубов гледаат на тоа,во името на Бога
...а предпоставка е дека Бог намерно не направил различни :)
...или не е така?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.764
...животот не е еднонасочна улица....нели @PROROKOT ?
...иако некои уште со љубов гледаат на тоа,во името на Бога
...а предпоставка е дека Бог намерно не направил различни :)
...или не е така?
- Животот е еднонасочна улица и тоа како: или се движам кон заедница со Бога, или се движам кон вечната смрт (скраја да е!).
- да, патот кон Бога е тесен, а патот кон пропаста е бааги широк.
- Навистина, Бог намерно не‘ создава како неповторливи битија, а не како „копи/пејст„ хиперпродукција. Голем Е Бог!
- Така е-се согласувам со погоре изнесените ставови. :)
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Свето Евангелие Според Матеј 4

8. Го одведе ѓаволот потоа на многу висока планина, и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава,
9. и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.”
10. Но Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: »На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само нему да Му служиш!«“

Свето Евангелие Според Матеј 28
18. А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
Дали Исус потклекнал на искушенијата и понудата од непомјаникот..ако е ДА тогај во ред е цитатот што е ставен во контроверзни а ако е НЕ тогај чуму е ставен таму?!
Не ми личЕ на контроверзен него со тек на време тие што преведуваат толку ги изобличуваат текстовите што не знаеш што сака да се каже во самиот текст/цитат..дали свесно се прави тоа можам само да нагаѓам..
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.764
Свето Евангелие Според Матеј 4

8. Го одведе ѓаволот потоа на многу висока планина, и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава,
9. и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.”
10. Но Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: »На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само нему да Му служиш!«“

Свето Евангелие Според Матеј 28
18. А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
Во наведениве стихови нема ништо противречно.

Ај да видиме зашто...

Во првата група од стихови (8, 9 и 10), Сатанаил Го искушува Христа Бога (Синот Божји) со веќе познатата шема, „превземна„ од искушувањето Евино, па на Христа Му нуди три нешта: славољубие, сластољубие и среброљубие. Со „понудата„ за давање на царствата земни, се гледа понудата за славољубие, кое Христос, во својата Богочовечка природа, ја одбива.

Во последниот стих, никаде не е запишано од кого Христос ја добива „секаквата власт на небото и на земјата„, но дури откако Христос воскреснува и пред да седне оддесно на Отецот, така да нема друго, освен заклучокот дека таа власт ја дава Отецот Небесен до Својот Син Единороден.

Дека Бог Отецот има потполна доверба во Својот Син, јасно е запишано во Матеј, 17,5.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
И двајцата ја промашивте поентата од цитатите.

Првиот цитат,Исус е искушуван од ѓаволот кој му ги нуди сите царства и нивната слава само ако му се поклони.Исус одбива.
За да некој ги нуди сите царства на земјата јасно е дека треба да му е дадена власт на земјата.Во конкретниот цитат тоа е ѓаволот.

Вториот цитат, Исус јасно кажува откако воскреснал, му е дадена власт на небото и земјата.
Или, еден ѓавол се заменил со друг ѓавол.(на земјата)

Свесни ли се верниците во котрадикторноста на својата религија,дека кога му се молат на Исус, тие всушност му се обраќаат на самиот ѓавол?

п.с.Иако терминот "ѓавол" кај читателот создава одбивност, нешто лошо и одвратно.Всушност е игра на зборови за да создаде спротивност, при што читателот ќе одбере страна, бранејќи го својот избор за правилен.

Musaeum_Hermeticum_1678_XI._Clavis_AQ39_Key_11.tif (1).jpg

Еден лав е победен од друг лав.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Добро дојде назад @alf :)

Само да надополнам дека сликата е од „Василиј Валентин или Basilius Valentinus“, АЛХЕМИЧАР од XV век.
Сликата е извадок од познатата негова „книга“ Twelve Keys of Basil Valentine.

За сликата може да прочитате во самата книга за која е дадена параболата на овој линк. Единаесетиот клуч XI :)
Пазете како започнува параболата:

There lived in the East a gilded knight, named Orpheus, who was possessed of immense wealth, and had everything that heart can wish. He had taken to wife his own sister, Euridice, who did not, however, bear him any children. This he regarded as the punishment of his sin in having wedded his own sister, and was instant in prayer to God both by day and by night, that the curse might be taken from him.“

P.S. Знам дека ви е помило и полесно сешто да туркате во вашите агенди, но треба малку да знаете тро појче за нештата. Инаку секоја слика сешто ќе значи (не дека имам против тоа, така се чуваат тајните од секогаш) и може самиот човек да западне во тешки лавиринти кои ќе го изморат до смрт ненаоѓајќи ништо, заслепен од ѓаволите кои му го гризаат умот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom