Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.134
Поени од реакции
10.147
[QUOTE="alf, post: 9799143, member:
Тоа беше поентата, дека лушпите од овој свет, остануваат на земјата.
[/QUOTE]

Дали тоа би значело дека Божјиот суд е овде на земјата??
Инаку...како би била прочистена за на оној вечниот свет?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Дали тоа би значело дека Божјиот суд е овде на земјата??
Тоа значи дека сите сме грешни како што зборуваат евреите и христијаните во нивните свети книги? :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.029
[QUOTE="alf, post: 9799143, member:
Тоа беше поентата, дека лушпите од овој свет, остануваат на земјата.

Дали тоа би значело дека Божјиот суд е овде на земјата??
Инаку...како би била прочистена за на оној вечниот свет?
[/QUOTE]

Постојата два Божји судови:
- поединечниот, кога душата од секој упокоен ќе излезе пред Христа Судијата за да добие од Него привремен суд и престој (или во Рајот или во пеколот).
- конечниот Суд Христов, на Неговото второ доаѓање на Земјава, по општото воскресение, кога Он ќе им (ни) суди на сите, на целиот човвечки род, и тој Суд ќе биде конечен, без никаква можност за промена на одлуката Божја.

Прочистувањето на своето битие (дух+душа+тело) се врши во овој живот, преку покајанието, и не постои друго „сретство„ со кое можеме да се појавиме пред Судијата во најчистата можна состојба...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Грешни се раѓаме:toe:
Не. Тоа се христијански концепти на „наследен грев“ со кој се оправдува и постоењето на спасител или Христос а со тоа и „следно доаѓање“ и нормално потреба од некаков суд. :coffee:
Исфрли го „наследниот грев“ и старара религија нема ништо... затоа „сите мора да се грешни и такви да се раѓаат“ а со тоа и деца да се воведуваат/иницираат во религии не разбирајќи ништо.

P.S. Замисли деца на Телемити да се иницираат во Телема и тајни Редови уште како деца? Што со тоа?
Бројност?
Дека треба детето да го учиш на најдоброто од себе си стекнато од искуство е едно, друго е да се воведува директно во некое учење... кои сме ние да судиме детето што е и од каде доаѓа? :)
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.134
Поени од реакции
10.147
Не. Тоа се христијански концепти на „наследен грев“ со кој се оправдува и постоењето на спасител или Христос а со тоа и „следно доаѓање“ и нормално потреба од некаков суд. :coffee:
Исфрли го „наследниот грев“ и старара религија нема ништо... затоа „сите мора да се грешни и такви да се раѓаат“ а со тоа и деца да се воведуваат/иницираат во религии не разбирајќи ништо.
Искрено..и мене некако не ми оди у глава тој наследен грев, не ми се допаѓа, но, кога ќе видиш, факт е дека не постои безгрешен човек, ниту ке се роди таков.:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Искрено..и мене некако не ми оди у глава тој наследен грев, не ми се допаѓа, но, кога ќе видиш, факт е дека не постои безгрешен човек, ниту ке се роди таков.:)
Долга тема за дискутирање и потребно е длабоко туркање главата во тоа блато од идеи од каде доаѓа идејата за грев, па и наследен. Грев и грешен според дејствување и размислување се различна работа мислам...

Тоа дали некој е грешен или не, најмалку можеме јас и ти да судиме... тоа е алатка на оние кои мафтаатр со свети книги и убиваат луѓе бидејќи се „неверници“ и „грешни“. Тоа не е добро за човештвото и неговата карма.

„ Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението.
И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?“
- Liber XXX, Книгата на Рамнотежа

Друго е некому да му укажеш дека знае малку и дека има премалку исксуство на Земјата за да зборува за религиите... тука за жал, најблиска книга на луѓето им е библијата... и сите дискусии почнуваат, завршуваат и кружат околу таа христијанска книга уредена во IV век од грчки преведувачи кои... не знам , не ми стојат дека добро го знаеле еверјскиот закон - но го мразеле од петни жили. Од таму е и наследството Евреите да се виновни за се и сешто - бидејќи тие се креатори на она што денес го знаеме како христијанство и ислам. Од нив доаѓа... и тоа е тоа...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.029
Искрено..и мене некако не ми оди у глава тој наследен грев, не ми се допаѓа, но, кога ќе видиш, факт е дека не постои безгрешен човек, ниту ке се роди таков.:)
Потполно е небитно дали нешто прифаќаш или не, оти реалноста непрекидно те убедува дека „нешто„ наследуваме од своите (пра)родители и од кое „нема бегање„, а тие нешта се:
- склоноста кон гревовно однесување,
- склоноста кон болести и стареење и,
- неизбежната смрт.

Утешно е тоа што Синот Божји, ради Своето човекољубие, дојде првиот пат и ни донесе решение за сите наши животни проблеми и потреби...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Дали тоа би значело дека Божјиот суд е овде на земјата??
Инаку...како би била прочистена за на оној вечниот свет?
Има еден текст кој многу добро го објаснува тоа што го прашуваш.

Трета книга Ездра 4

<„Еве, јас отидов во честарот на едно поле и ги најдов дрвјата како се договараат.
14. Тие рекоа: ајде да му објавиме војна на морето, за да отстапи од нас и таму да насадиме други горички.
15. Исто така: и морските бранови имаа совет, тие рекоа: ајде да востанеме и да ги завладееме шумите во полето, за да придобиеме и таму друго место.
16. Но планот на шумата се покажа залуден, зашто дојде огнот и таа изгоре. 17. Така заврши и замислата на морските бранови, зашто песокот застана пред нив и ги задржа.
18. А ти, ако им беше судија: кого ќе го оправдаше и кого ќе го обвинеше?»»
19. Јас одговорив: <„Навистина нивните замисли биле попусти, затоа на шумата ѝ е дадена земјата, а и на морето му е дадено неговото место, за да ги разнесува своите бранови.

Сега од текстот, дрвата замени ги со оние кој се телесни, а водата и морето со духовни.
Погледни на светот и кажи дали има баланс?
Нема, во голем број се телесни, а духовни колку едно мало езерце, не многу длабоко.
Колкав огин ќе биде потребен да се донесат работите во баланс?

И знај, телесните се судат со телесните-огин,поради нивната бројност затоа и толку голема галама за судниот ден.
А духовните со духовните- песок(зрнца мудрост)

Судот божји значи баланс и да , на земјата е.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Телото е глупост да е вечно. Затоа требаат болести и стареење.
Што сте се наплашиле од смртта на телото бреј :) И ајде ќе прифаќаме христијанство бидејќи христијани се наплашија од смртта и вечноста и мислат дека секому му треба спасител и секој е грешен и роден со грев...
Не бидува така таа „апсолутна вистина“ да важи за сите - премногу ограничува и осудува. А човештвото ги распнува оние кои го осудуваат.

Неизбежна смрт на телото е ништо...

Заради ова не треба причина за син божји ниту спасител однадвор... Решение нема, затоа ќе доаѓа и доаѓа ... веќе доаѓа многу време, што е нели едно трепнување на окото на боговите...

Земјата е игралиште на боговите, терен за искуство на човекот-ѕвезда :) Ајде малку поживо со искуствата... единствен грев е ограничувањето. Другото се празни фрази на ропските богови.
 
Хммм...и тоа што велиш...
Што ќе ти е било што, кога ионака ќе умреш...ќе те изедат црвите...
Така да можноста за своеглаво однесување ти е отворена до максимум...како „широкиот пат„...

Верните пак, ги следат „знаците на времињата„ и расудуваат за тоа колку блиску сме до второто Христово доаѓање.

Се‘ што ветил, Христос го исполнува.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Припадник на твојата религија може да прави што му е волја исто како и јас... јас не велам ти што да правиш, ти кажувам дека твојата религија насекаде зборува со страв за смртта и како телото ќе умрело и ќе го јаделе црви... еми нели од земја сме и земја ќе станеме, според евреите од кои собравте се што денес го зборувате наоколу... јас ви го критикувам постојаното зборување како „сите имаат наследен грев“ дека е насилно туркање на твојата религија дека е апсолутна вистина за нештата поврзани со човештвото - а тоа е лага...

Не постои грев посебно наследен во многу други учења и философии на живеење надвор од твојата религија... верување во наследен грев реков дека е сржта на христијанството за да има причина да постои месија кој што го најавија нели евреите...

Има системи во кои не постои спасител како во христијанството, кој доаѓал и поправил, но ќе дојде пак за да досреди на Земјата и да суди... во ред е верување и надеж, но намелете малку со стравот и проповедта дека христијанството е „апсолутното нешто кое содржи се што му треба на секој поединец на Земјата“. Посебно проповедање со задскриена омраза кон другите кои не го делат вашето верување за гревови...

Тоа е удирање во гради со мокар чорап - се слуша премногу непотребна врева, а резултатот е лудница...

Телото е небитно, само возило за искуство меѓу мноштвото на живите, што би рекле старите Египјани во нивните ритуали... телото е небитно кај сите други учења освен ете ти сега што си се фатил за телото, ќе го јаделе црви...
Тоа пак не значи да се запусти тој храм на Земјата! Затоа се имаат пракси за одржување на храмот, бидејќи во неуреден храм - божественото не вирее :love:

Можеби ќе начекаме во Македонија да има кремирање - ниту црви, ниту земја - што му се толку плашиш :)

П.С. Ако нешто тебе Исус ти ветил и ти исполнил - одлично! Ти посакувам уште многу нешта да ти исполни и да имаш живот каков што заслужуваш.
 
„Нека ти биде според верата твоја„...како што би рекол Христос...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
„Нека ти биде според верата твоја„...како што би рекол Христос...
И волја... Не оди вера без волја... Започнува со вера но крајот е волја :)
Како што велат тајните мајстори на човештвото...
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
„Нека ти биде според верата твоја„...како што би рекол Христос...
Пророк да земеме да баталиме све во што веруваме пошто ја и ти сме во тешка заблуда ,,изгледа”..:coffee:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom