Доброто и злото се како акција и реакција, ако го има едното, го има и другото, ако го снема едното, ќе го снема и другото. Тоа се основите на дуалноста, а дуалноста е карактеристика на релативноста. Токму поради ова ние цело време укажуваме дека е апсурдно да се тврди дека апсолутно битие би имало дуална перцепција, дуален поглед на светот. Ако нештата ги делиш на добри и зли, тогаш ти си ограничен од дуалноста, што те прави подложен на законите на релативноста и автоматски ја исклучува можноста да бидеш апсолутно битие, а боговите што подложат на законите на дуалноста се викаат демијурзи, тоа се политеистичките богови, каде мора да има пантеон од богови, секој надлежен за посебен сектор од реалноста.
Монотеизмот е обид да се прикаже еден единствен Бог како апсолутно битие, но ако тврдите дека тој Бог има дуални карактеристики, тогаш само сте создале уште еден плус демијург.