Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.642
Поени од реакции
11.678
Се подготвува масовна сеча на шумата околу ,,Успение на Пресвета Богородица“ во близина на Јанковец

"Жителите на ресенското село Јанковец, повторно се на нога и алармираат дека се подготвува масовна сеча на високо квалитетна шума , што се наоѓа на црковен имот околу манастирот ,,Успение на Пресвета Богородица“. Ваков обид имаше и минатата година, но тогаш јанковчани самоиницијативно организирани , го спречија соголувањето на планината.

Митрополитот на Преспанско-Пелагониската епархија, владиката Петар, тогаш објаснуваше дека се работи за црковен имот, па со тоа црквата има владение и врз шумското богатство. Тој тврдеше дека дрвјата ќе се сечат за потребите на манастирот.

,,Успение на Пресвета Богородица“ е граден пред 18 век, но нема податоци точно која година . Таа шума своевремено била имот на РМ, подоцна станала имот на црквата. Станува збор за површина од 80 хектари стара дабова шума, а се наоѓа на сртот на селото. Првите куќи се оддалечени едвај десетина метри.

Во два поранешни обиди жителите на Јанковец, но и на целиот ресенски крај, го спречија владиката Петар, да ја оствари својата намера, дополнително што тој немаше изготвено елаборат, како што налага законот. Сега, некој професор од Шумарски факултет го направил потребниот елаборат и според сознанија на жителите, потписот за сеча на шумите веќе е ставен."
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Само ти можеш во еден ист пост самиот себе си да си контраш.... Талент, нема што.
Ипси,

во својот нареден допис до мене, почни да цитираш мој допис буква по буква па дури тогаш ќе видиш колку ти се погрешни заклучоците...:icon_lol:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

Што бидна со реперот со кој ќе се увериме дека баш вие сте во право?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Што бидна со реперот со кој ќе се увериме дека баш вие сте во право?
Реперот е соврешно едноставен; вера, ефектуирана во дела а не во испразно философирање, без негова практична применливост во реалниот живот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Реперот е соврешно едноставен; вера, ефектуирана во дела а не во испразно философирање, без негова практична применливост во реалниот живот.
Има илјадници вери, религии со свои сопствени ,,ефектуирани дела". Не сте по ништо посебни. Вашата ,,вистина" е истата заблуда како и на сите останати вери. Со верување нема дела, за дела се потребни конкретни резултати до кои се доаѓа со конкретни и проверени методи.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Има илјадници вери, религии со свои сопствени ,,ефектуирани дела". Не сте по ништо посебни. Вашата ,,вистина" е истата заблуда како и на сите останати вери. Со верување нема дела, за дела се потребни конкретни резултати до кои се доаѓа со конкретни и проверени методи.
Дека „...има илјадници вери...„ е типично атеистичко самооправдување на личното неверие и со тоа не се разликуваш од било кој атеист, небитно што себе си се гледаш за ѓоамити „аспирант на редот„.

Нашата посебност е она кое веќе го имам напишано миљон пати; вера, пренесена во дела. Делата се вреднувани од Црквата и конечно од Бога, па така, Црквата изобилува со Божји праведници, чии титулари се наоѓаат во распон од “праведен„ до „рамноапостолен„. Делата, со кои се стекнува Божјата милост, се практикуваат во распон даден од Бога; од подавање вода, преку подавање материјална милостиња па се‘ до положување на душата своја ради своите пријатели.

Ајде сега, да ги видиме делата и наградите од твојата идеолошка заблуда.

Едно е сигурно; дека ќе умрете. Што правите до смртта?...

Или смртта веќе ви е загарантирана награда?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.860
Се подготвува масовна сеча на шумата околу ,,Успение на Пресвета Богородица“ во близина на Јанковец

"Жителите на ресенското село Јанковец, повторно се на нога и алармираат дека се подготвува масовна сеча на високо квалитетна шума , што се наоѓа на црковен имот околу манастирот ,,Успение на Пресвета Богородица“. Ваков обид имаше и минатата година, но тогаш јанковчани самоиницијативно организирани , го спречија соголувањето на планината.

Митрополитот на Преспанско-Пелагониската епархија, владиката Петар, тогаш објаснуваше дека се работи за црковен имот, па со тоа црквата има владение и врз шумското богатство. Тој тврдеше дека дрвјата ќе се сечат за потребите на манастирот.

,,Успение на Пресвета Богородица“ е граден пред 18 век, но нема податоци точно која година . Таа шума своевремено била имот на РМ, подоцна станала имот на црквата. Станува збор за површина од 80 хектари стара дабова шума, а се наоѓа на сртот на селото. Првите куќи се оддалечени едвај десетина метри.

Во два поранешни обиди жителите на Јанковец, но и на целиот ресенски крај, го спречија владиката Петар, да ја оствари својата намера, дополнително што тој немаше изготвено елаборат, како што налага законот. Сега, некој професор од Шумарски факултет го направил потребниот елаборат и според сознанија на жителите, потписот за сеча на шумите веќе е ставен."
Значи, у оваа тема може да се постираат негативности на религиите?:vozbud:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Дека „...има илјадници вери...„ е типично атеистичко самооправдување на личното неверие и со тоа не се разликуваш од било кој атеист, небитно што себе си се гледаш за ѓоамити „аспирант на редот„.

Нашата посебност е она кое веќе го имам напишано миљон пати; вера, пренесена во дела. Делата се вреднувани од Црквата и конечно од Бога, па така, Црквата изобилува со Божји праведници, чии титулари се наоѓаат во распон од “праведен„ до „рамноапостолен„. Делата, со кои се стекнува Божјата милост, се практикуваат во распон даден од Бога; од подавање вода, преку подавање материјална милостиња па се‘ до положување на душата своја ради своите пријатели.

Ајде сега, да ги видиме делата и наградите од твојата идеолошка заблуда.

Едно е сигурно; дека ќе умрете. Што правите до смртта?...

Или смртта веќе ви е загарантирана награда?
Секоја религија тврди дека баш нивната вера е таа вистинската, сите вие продавате ветер и магла, лажна надеж за лекоумните и глупите, ништо повеќе. Во својата патетика ви останува само упорното да плукате по она што не го разбирате. Тоа само ја истакнува патетиката и мизеријата кај вас.... покажува какви бедни изговори од луѓе сте.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Значи, у оваа тема може да се постираат негативности на религиите?:vozbud:
Да, може. Дури може и нова тема ако сакаш да отвориш за негативностите на одредена религија. На “Верски Вести“ не може.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.642
Поени од реакции
11.678
Значи, у оваа тема може да се постираат негативности на религиите?:vozbud:
@Атеист ,
Со таква тема тука ...
Има да биде хаос со старо-еонските религии и нивните дијагонално спротиставени религии од истиот закон, само со друго „разбирање“ на истиот...
Секој со секој е таму непријател (дури и се обидуваат тоа непријателство да го префрлат во овој еон) бидејќи нивниот еон беше поделба, брат со брат, татко син, итн итн... донесоа меч, сега откако имаме solve, идеме coagula :) Знаеш, како сликата на Елифас Леви - Бафомет.
Но ќе мора да се заборави на сектите од стариот еон... и идеите за гревови и казнувања после физичка смрт на Земјата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Секоја религија тврди дека баш нивната вера е таа вистинската, сите вие продавате ветер и магла, лажна надеж за лекоумните и глупите, ништо повеќе. Во својата патетика ви останува само упорното да плукате по она што не го разбирате. Тоа само ја истакнува патетиката и мизеријата кај вас.... покажува какви бедни изговори од луѓе сте.
Да се потсетиме на моето прашање, нагласено со болдување:

„...Дека „...има илјадници вери...„ е типично атеистичко самооправдување на личното неверие и со тоа не се разликуваш од било кој атеист, небитно што себе си се гледаш за ѓоамити „аспирант на редот„.

Нашата посебност е она кое веќе го имам напишано миљон пати; вера, пренесена во дела. Делата се вреднувани од Црквата и конечно од Бога, па така, Црквата изобилува со Божји праведници, чии титулари се наоѓаат во распон од “праведен„ до „рамноапостолен„. Делата, со кои се стекнува Божјата милост, се практикуваат во распон даден од Бога; од подавање вода, преку подавање материјална милостиња па се‘ до положување на душата своја ради своите пријатели.

Ајде сега, да ги видиме делата и наградите од твојата идеолошка заблуда.

Едно е сигурно; дека ќе умрете. Што правите до смртта?...

Или смртта веќе ви е загарантирана награда?...„

И велиш, вашите дела и награди се?...
Не можам да прочитам што си ми одговорил.[DOUBLEPOST=1517431934][/DOUBLEPOST]
@Атеист ,
Со таква тема тука ...
Има да биде хаос со старо-еонските религии и нивните дијагонално спротиставени религии од истиот закон, само со друго „разбирање“ на истиот...
Секој со секој е таму непријател (дури и се обидуваат тоа непријателство да го префрлат во овој еон) бидејќи нивниот еон беше поделба, брат со брат, татко син, итн итн... донесоа меч, сега откако имаме solve, идеме coagula :) Знаеш, како сликата на Елифас Леви - Бафомет.
Но ќе мора да се заборави на сектите од стариот еон... и идеите за гревови и казнувања после физичка смрт на Земјата.
Хепта,

како е засегнат бајато-новиот еон од сечата на шумите околу Јанковец?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.642
Поени од реакции
11.678
Се разбираш барем ти што прашуваш?
Или те напнува нечие мислење или споделен линк на форумов каде е засегната твојата црква па мора да дотрчаш веднаш како загар?
Седи мирен гледај си иконостасите со добра резба и уживај...

Видов вест поврзана со чудната материјална потреба на твојата црква, па да споделиме... знаеш, лакомоста не е новост, но ете, нова информација... :)

П.С. Немаш вера пренесена во дела.
Имаш страв пренесен во вера преку која ширите омраза и неразбирање. Прибери се. Не сме во црква да молчиме додека се зборуваат глупости.
Стариот еон и сказните вакви од твојот тип дома меѓу семејството...
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Се разбираш барем ти што прашуваш?
Да, се разбирам, арно ама, ми фалиТ твојот одговор.

За сваки случај, еве го моето прашање уше еднашка:

„...Хепта,
како е засегнат бајато-новиот еон од сечата на шумите околу Јанковец?...„

Тешко ти е да одговориш на вака лесно прашање или се самозаглавуеш у туѓи теми?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.642
Поени од реакции
11.678
Тебе да ти фалеше само мој одговор, ќе беше бомбона... но, не даваат боговите така, малку да ти фали...

Не ти го разбирам прашањето нелогично, затоа прашав дали ти разбираш што прашуваш и да оформиш ново прашање кое ќе има смисла, за да може да се одговори... не да повторуваш исто...
Ти сеуште се мешаш со стариот еон, верата, Христос, сите сте грешни, ќе умрете, страдајте, итн итн со членови на форумов...

Стариот еон е едно, ти си друго, новиот еон е едно, јас сум друго итн итн... разбираш каде се сопнуваш?

Ако прашањето беше зошто јас се заморувам со тоа што ќе прави црквата одговорот е дека секогаш следам што прават непријателите од блиску. :)
А и да дадеме hint да се потсетиме што беше тоа црквата во Македонија која е поблиску до бизнис заедницата и политиката отколку до оние „божји“ закони дадени во стариот еон...

Но ова е одговор на претпоставено прашање, како јас сум го разбрал истото... :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Да се потсетиме на моето прашање, нагласено со болдување:

„...Дека „...има илјадници вери...„ е типично атеистичко самооправдување на личното неверие и со тоа не се разликуваш од било кој атеист, небитно што себе си се гледаш за ѓоамити „аспирант на редот„.

Нашата посебност е она кое веќе го имам напишано миљон пати; вера, пренесена во дела. Делата се вреднувани од Црквата и конечно од Бога, па така, Црквата изобилува со Божји праведници, чии титулари се наоѓаат во распон од “праведен„ до „рамноапостолен„. Делата, со кои се стекнува Божјата милост, се практикуваат во распон даден од Бога; од подавање вода, преку подавање материјална милостиња па се‘ до положување на душата своја ради своите пријатели.

Ајде сега, да ги видиме делата и наградите од твојата идеолошка заблуда.

Едно е сигурно; дека ќе умрете. Што правите до смртта?...

Или смртта веќе ви е загарантирана награда?...„

И велиш, вашите дела и награди се?...
Не можам да прочитам што си ми одговорил.
И јас милион пати ти побарав да приложиш метод или начин со кој ќе може било кој да ги провери и да ги потврди тие титулари, толкувања, дела и што уште не, такво нешто сеуште нема од твоја страна, само истото малоумно повторување како грамофонска плоча. Сите религии имаат ,,дела" сите имаат титули, сите тврдат дека баш тие ја имаат вистината а сите други се во зблуда. Се се сведува на тоа кој е позабеган, поглуп и слеп пред фактите, а ти очигледно си вон секаква конкуренција на тоа поле.

Што се однесува до нашите дела, безброј пати сум укажал на тоа дека во моментот кога телемитските начела, принципи и вредности се појавуваат на почетокот од минатиот век, ниеден од нив не бил претходно реалност. Веднаш по објавувањето на новиот еон, сите тие почнуваат да се материјализираат, стануваат реалност. Па така, ако сега се направи проста споредба помеѓу Liber Oz и човековите права, промовирани од обединетите нации, ќе сс види дека тие се идентични! Обединетите нации во 1904-та не постоеја, Телемата постоеше! По очигледни дела и доказ од ова тешко дека ќе најдеш! Денес ти живееш во новиот еон, сакал или не!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom