Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
6 ноември 2024
Мислења
848
Поени од реакции
1.572
Бреј, ке се потепате меѓу себе како онија тетовирани џанкери што ке се потепаф кој да га фати крст за Водици.
И тој сфе за нешто недокажано и нелогично.

Страшно и језиво.
А замисли господинот врамнотежен да им влеташе у бубрег? Апокалипса 2.0
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.127
Поени од реакции
1.204
Кога човечката душа излезе од телото, тогаш станува голема тајна. Ако е виновна за гревови, тогаш доаѓаат мноштво демони, лоши ангели и темни сили, ја грабнуваат таа душа и ја водат во своите предели.

Никој не треба да се вчудоневидува на ова, бидејќи, ако душата додека била во овој живот, им се потчинувала и им била послушна на лошите духови, ако била нивна робинка, затоа тие со право ја задржуват и таа останува под нивна власт и тогаш, кога излегува од овој свет.

А што се однесува до добрата душа, која Му била послушна на Бога, треба да знаеш нејзиното излегување од овој свет е сосема поинакво. Со светите Божји слуги уште во овој живот се наоѓаат ангели и свети духови ги окружуваат и ги запазуваат. И кога нивните души излегуваат од своите тела, тогаш ангелите ги примаат и ги водат во своите места, во чистиот живот, и на тој начин ги приведуваат при Господа.

Свети Макариј Велики
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.389
Поени од реакции
10.256
“Before the soul can see, the Harmony within must be attained, and fleshly eyes be rendered blind to all illusion.”
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.127
Поени од реакции
1.204
Љубовта кон ближниот

8И не должете никому ништо освен да се љубите еден со друг; зашто оној што го љуби другиот, го исполнува Законот. 9Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не посакувај туѓо“, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Возљуби го својот ближен како себеси!“ 10Љубовта не му прави зло на ближниот; оттаму, љубовта е полнота на Законот.

11И тоа правете го, знаејќи го времето, дека веќе дошол часот да се разбудите од сонот, зашто спасението е сега поблиску до нас отколку кога поверувавме. 12Ноќта одминува, а денот се приближува; да ги отфрлиме, пак, сите дела на темнината и да се облечеме во оружјето на светлината. 13Да живееме пристојно како дење – не во срамни гоштевки и пијанство, не во блуд и разврат, ниту, пак, во препирка и завист; 14туку облечете се во Господ Исус Христос и грижата за телото не претворајте ја во похоти
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
4.041
Поени од реакции
22.576

Ти не си добар сс памет.

Дали ти се облачаш како Исус Христус?
Има едни сандале тија оргинал ги викаф исусофке,а тија од Али Експрес ги викаф апостолке.
Кои ги носиш ти?
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.127
Поени од реакции
1.204
Ти не си добар сс памет.

Дали ти се облачаш како Исус Христус?
Има едни сандале тија оргинал ги викаф исусофке,а тија од Али Експрес ги викаф апостолке.
Кои ги носиш ти?
Ние со самото крштевање стануваме Христови, после со самата света причест примаме крв и тело Христова и ние се облекуваме во Исус Христос и се трудиме да живееме по неговата волја.
Читај Свето Писмо и поуки од светите отци и поучувај се.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
30.061
Ти не си добар сс памет.

Дали ти се облачаш како Исус Христус?
Има едни сандале тија оргинал ги викаф исусофке,а тија од Али Експрес ги викаф апостолке.
Кои ги носиш ти?
Ja носам џејсонки. Како маската на Џејсон од петок 13ти.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.425
Поени од реакции
4.795
...илјада свети книги прочитани и научени напамет, не ја носат мудроста на животот. Исти се по важност и тежина колку и од оној што научил само де се крсти...
...китењето со убави зборови било некогаш опиум за масите, денешницата носи поголеми предизвици и прашања за кои уште нема одговор
...а одговорот не доаѓа по дифолт од некој Бог, или некоја света книга
 
Светото писмо ни служи како доказ, со докажани факти, со мудрости, за ние како луѓе да ја прифатиме реалноста и постоењето на живиот Бог.
Бог живее во сите нас, само што ние одбираме дали ќе веруваме или не, бидејќи имаме слободна волја за да направиме избор.
Со истражувања спроведени, докажани се многу работи, што се поврзуваат со Бог и многу историски работи што се докажани според Библијата дека постојат.
Само прифаќањето на Господ Исус Христос за свој Бог и Спасител може да не спаси, името негово носи вечен живот.
Кога ќе се сврши овој век, ќе дојде Господ Исус Христос како праведен судија над сите и ќе му суди на секого според неговите дела, е тогаш, во тој ден, нема бегање, се што сме му згрешиле, се пред нас ќе извади, сите гревови.
Само вистинскиот Бог може да ни суди, а тој е Исус Христос, него слава и вечна пофалба. Тој е Алфа и Омега, првиот и последниот, животот и воскресението.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.622
Поени од реакции
3.443
@PROROKOT @aishtajn- Никад не сум видел дека сте објавиле некоја песна на подфорумот музика..Слушате ли вие нешто или идете по онаа девиза музиката е ѓаволска работа..Бог бара луѓе од акција во мозокот кога грешиш се бориш и му се обраќаш за помош онака целиот немоќен да ти подаде рака и извади од гомната..Мрази статисти кои живеат по образци и се пазат да не погрешат..Така ми има кажано неформално..
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.416
Поени од реакции
5.699
@PROROKOT @aishtajn- Никад не сум видел дека сте објавиле некоја песна на подфорумот музика..Слушате ли вие нешто или идете по онаа девиза музиката е ѓаволска работа..Бог бара луѓе од акција во мозокот кога грешиш се бориш и му се обраќаш за помош онака целиот немоќен да ти подаде рака и извади од гомната..Мрази статисти кои живеат по образци и се пазат да не погрешат..Така ми има кажано неформално..
Лично, слушам музика во распон од македонска, преку поп, џез, до класика...но само во денови надор од еднодневните или повеќедневните пости. Имам пристојна лична фонотека (ЦД, ЛП плочи...).

Секако дека слушам и црковна, особено во посните периоди.

На посочената тема не сум објавил ништо, пошто немам време да правам дописи на секоја тема на форумов.

И секако, не мислам дека музиката е ѓа‘олска работа, туку ангелска...иако музиката и тоа како е злоупотребена.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.127
Поени од реакции
1.204
@PROROKOT @aishtajn- Никад не сум видел дека сте објавиле некоја песна на подфорумот музика..Слушате ли вие нешто или идете по онаа девиза музиката е ѓаволска работа..Бог бара луѓе од акција во мозокот кога грешиш се бориш и му се обраќаш за помош онака целиот немоќен да ти подаде рака и извади од гомната..Мрази статисти кои живеат по образци и се пазат да не погрешат..Така ми има кажано неформално..
Јас исто слушам музика, но не онаа што ја прават некои стрнски артисти ,,ритуална", сум слушал и таква без знаење, но сега кога би бирал ако ме прашаш од музика, би одбрал според мене поп музика, нешто рок и од се по нешто.
Ние како христијани си имаме и свои преференции, но сепак, за време на пост можи знаеш малку е непријатно заради захтевноста на самиот пост и тука бара малку повеќе внимавање со слушање на музика, ама и ние како луѓе сепак секој дневно со работата слушаме.
Лирата, харфата, тапанот, кавалот и гитарата ми се онака измеѓу инструментите кои би сакал да ги сретнам во музиката. И добро е, да имаме на македонски јазик, опеан цел псалтир, што не е воопшто мал и има мислам најмногу работа, доколку би се нафатил да го опеам, со инструменти, со се.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
1.135
Поени од реакции
589
How can a man-made belief written with man-made symbols and words have meaning.
Unless you give meaning to it and believe in that.
Ако му речиш на некој во африка парите или животот што мислиш тој би се возненирил??Или исплашил?
Добро и лошо, спрема кого,што? Според кои параметри, споредено со што, и гледано од која страна?
Луѓето 09 природа не ни зборуваат и тоа е многу неприридно за нив..затоа по 100 пати пишувавме по една буква. Нон стоп има нови зборови кои имаат значење кое ти им го даваш...
Ако Господ зборувал некој јазик зошто да се преведува тој јазик...сите би го зборувале тој...

Човекот нема поим за религија додека истата не му биде сервирана.
Најсреќни се децата...а појма немаат ни за било која религија Господ иѓи било што.
Тоа што ни треба е добро семејство и фамилија,заштита,слобода, добра храна, социјална интеракција,добра куќа итд....

Што ти менува која вера ја пратиш сите се слични...и да ја мениш не очекувај драстични промени во животот...сите се слични.
Освен ако не си на функција таму и да земаш голема пара и така да си го обезбедиш горенаведеното....
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.389
Поени од реакции
10.256
Има луѓе на кои не им треба личен тренер а има луѓе на кои им треба а има и луѓе што и покрај тренер нема да ги "бидне". Така и со религијава, не може генерална пресуда да се донесе дали е добра или не. Тоа е една работа и друга работа е што постојат различни религии, различни концепти. И трета работа е што секој поединечен поглед на универзумов преку очите е апсолутен, и како таков е исправен. Ние сме научени да ги гледаме работите у одреден точка у времето а уствари не е тоа целосната слика, иако у себе ја содржи целосната слика у смисла на холограмски принципи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom