Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
4 август 2018
Мислења
1.600
Поени од реакции
3.403
„Царството Божјо во вас/нас„ е опис кој се однесува на човековата душа, односно делот од човековото битие кој е бесмртен и кој прв ќе влезе во Рајот, ако заслужи, разбира се. Воедно, под „царство Божјо„ се подразбира и раслопложението не човековата душа која е блиска до Бога и која (душа) се радува и весели уште во овој живот и во овој Свет. Радоста и веселбата ќе бидат непекинати расположенија за сите Богоугодни души кои ќе се вселат во Рајот.

Почетинот Рај е ограничен простор кој е оформен на Земјава, со претпоставка дека тоа се наоѓал на георгафскиот предел познат како Месопотамија/Меѓуречје. После Потопот, Рајот е пренесен на Небесата и во тој Небесен Рај се вселуваат душите од Богоугодниците.

Пеколот е „простор„ во подземјето од самата Земја, во кој (простор) битисуваат душите од неправедниците.
Фала ти Пророк што се одважи и ми разреши една од двете дилеми кои ми стојат како грутка во грлото деновиве..Другата е дали го чекаш доаѓањето на Исус Христос по втор пат на земјата и ако го чекаш дали тоа значи дека Бог не е меѓу нас моментално и дека сме оставени сами на себе до неговото следно доаѓање..
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.367
Поени од реакции
5.652

Согласно симболот од верата, кој вели: „...Го чекам воскресението на мртвите....и животот во идниот век...амин!...„, секој верник во Црквата Христова го чека второто Христово доаѓање.

Вториот пат, Христос нема да дојде на Земјава, туку над Земјава (во облаците) и ќе биде виден и видлив за сите досегашни луѓе, од сите времиња, после општото воскресение, но Христос нема да дојде за да биде убиен по втор пат, туку ќе дојде како праведен и строг Судија, кој ќе ни суди на сите, по делата и по верата наши.

Не сме оставени сами на себе, оти Христос е со нас до крајот од Светов, односно до Неговот второ доаѓање. Сите кои ќе заслужат свое место во Царството Небесно и Христово, ќе бидат во вечна близина и заедница со Христа Спасителот.

Да видиме што вели Христос: „...Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот...„ (Матеј, 28.20).

Како е Христос меѓу нас? Па Он ја слуша секоја наша молитва упатена кон Него, а во Светов се објавува на секоја литургија, преку Светата Тајна причест. Христос и Духот Свет, по промислата од Отецот, непрекинато делуваат во Светов, наведувајќи ги луѓето кон спасение.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.619
„Царството Божјо во вас/нас„ е опис кој се однесува на човековата душа, односно делот од човековото битие кој е бесмртен и кој прв ќе влезе во Рајот, ако заслужи, разбира се.
Кочи малце тука друже.. како мислиш 'ако заслужи...' ?

Значи јас како што знам по православни верувања спасение доаѓа од Божја милост не од заслуга..
Православни верувања се и тие на апостолот Павле како што и сам знаеш претпоставувам,така?
Треба да ги читаш писмата почесто.. :)

Како клучно за спасение е воскреснувањето кое е од милост.
Од милост се вратил кај својот народ иако го убиле.
Нели тоа еваѓелијата кажуваат?

Спасение доаѓа од верување и обожение како што знам јас..

Воедно, под „царство Божјо„ се подразбира и раслопложението од човековата душа која е блиска до Бога и која (душа) се радува и весели уште во овој живот и во овој Свет. Радоста и веселбата ќе бидат непрекинати расположенија за сите Богоугодни души кои ќе се вселат во Рајот.

Почетинот Рај е ограничен простор кој е оформен на Земјава, со претпоставка дека тоа се наоѓал на георгафскиот предел познат како Месопотамија/Меѓуречје. После Потопот, Рајот е пренесен на Небесата и во тој Небесен Рај се вселуваат душите од Богоугодниците.

Пеколот е „простор„ во подземјето од самата Земја, во кој (простор) битисуваат душите од неправедниците.
Околу претпоставката за Месопотамија,што значи тоа конкретно , така настанала животот или.. ?
Ти веруваш дека тоа така почнало во градина?
Не мислиш дека тоа е само симболична приказна на пример?
Исус проповедал преку многу такви приказни и параболи..
Јас ги сфаќам како симболични и корисни во одредена смисла , ама ништо повеќе од тоа.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.113
Поени од реакции
1.180
Кочи малце тука друже.. како мислиш 'ако заслужи...' ?

Значи јас како што знам по православни верувања спасение доаѓа од Божја милост не од заслуга..
Православни верувања се и тие на апостолот Павле како што и сам знаеш претпоставувам,така?
Треба да ги читаш писмата почесто.. :)

Како клучно за спасение е воскреснувањето кое е од милост.
Од милост се вратил кај својот народ иако го убиле.
Нели тоа еваѓелијата кажуваат?

Спасение доаѓа од верување и обожение како што знам јас..

Околу претпоставката за Месопотамија,што значи тоа конкретно , така настанала животот или.. ?
Ти веруваш дека тоа така почнало во градина?
Не мислиш дека тоа е само симболична приказна на пример?
Исус проповедал преку многу такви приказни и параболи..
Јас ги сфаќам како симболични и корисни во одредена смисла , ама ништо повеќе од тоа.
Се согласувам, ако човек се спасува, ќе се спаси поради божјата милост, не поради нешто друго. Тоа што Бог ни се смилува секој еден момент, тоа е неговата огромна добрина и милост која ја носи.
Продолжи, само напред да читаш свето писмо, ќе се доближуваш повеќе до Бога и до нашиот спасител Исус Христос.
Параболите се доста тешки за сфаќање, ама пак затоа постои објаснување и доста мудро кажано е.
Нека Господ Исус Христос по молитвите на неговата пречиста мајка и на сите свети да не помилува и спаси како благ и човекољубив.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.367
Поени од реакции
5.652
Кочи малце тука друже.. како мислиш 'ако заслужи...' ?

Значи јас како што знам по православни верувања спасение доаѓа од Божја милост не од заслуга..
Православни верувања се и тие на апостолот Павле како што и сам знаеш претпоставувам,така?
Треба да ги читаш писмата почесто.. :)

Како клучно за спасение е воскреснувањето кое е од милост.
Од милост се вратил кај својот народ иако го убиле.
Нели тоа еваѓелијата кажуваат?

Спасение доаѓа од верување и обожение како што знам јас..
Ако нешто и знаеш, не значи дека знаеш правилно.

Ако човекот се спасува само по Божјата милост, тоа значи дека секоја бараба ќе биде спасена, само затоа што Бог Е милостив.

Ама не ќе е така...

Спасението не доаѓа само од Божјата милост, туку и од личниот подвиг во прифаќањето на верата во Христа, која (вера) треба да биде придржужена со дела, со покајание, со смирение...

Значи, човековото спасение е чин на взаемно дејство меѓу Бог Спасителот и грешниот човек.
Автоматски споено мислење:

Околу претпоставката за Месопотамија,што значи тоа конкретно , така настанала животот или.. ?
Ти веруваш дека тоа така почнало во градина?
Не мислиш дека тоа е само симболична приказна на пример?
Исус проповедал преку многу такви приказни и параболи..
Јас ги сфаќам како симболични и корисни во одредена смисла , ама ништо повеќе од тоа.
Животот настанал затоа што е створен од живиот Бог-живото произведува живо.

Едемската градина не е место каде е настанат животот, туку оградено место во кое е внесен првостворениот човек, Адам.

Нема туку никаква симболика, туку точно одредено место во кое Адам и Ева битисувале пред да згрешат и пред да бидат истерани од Едем.

Параболите Христови се дадени низ Книгите од Новиот Завет (евангелијата), а Едемската градина е наведена во Постанокот, запишан од Мојсеј Боговидецот.

Параболите се толкуваат и симболично и фактички, зависно од самата парабола и имаат поучна улога во животот од човекот.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.600
Поени од реакции
3.403
@PROROKOT Само една е вистина а тоа е фактот дека немаме поима што е вистината..И никој не се вратил да ги потврди овие работи во кои си убеден до коска дека е така..Овие кои се враќаат од клиничка смрт не ми се нешто убедливи и не би играл на таа карта..
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.113
Поени од реакции
1.180
@Лаик може човек да има предвиденија или пророштва преку сон што му се претскажале, но факт е дека само во светото писмо - Библијата ги содржи сите информации за човекот што се случува после смртта. Спомнато е царството Божјо и пеколот, е сега за душата кај ќе оди, тоа секој одлучува според својата волја во што ќе верува и Господ после одлучува кога ќе се најди човекот пред него. Лошото е што пеколот е многу страшен, темен, што таму има вечен оган што гори и не угасува, замисли сега додека ти пишувам, дел од починатите се во Рајот, а дел се во пеколот.
Јас верувам најмногу во божјиот збор и закон, свесен сум дека сум го нарушил законот заради моите гревови и дека преку покајанието и исповедта ќе можам да се очистам, но стариот човек верувај ми после исповед може да се врати, т.е. да се врати човек на некои гревови, но треба да се стремиме кон покајание и после пак да се исповедаме.
Многу души сакам да се спасат, исто и Господ дава време за секој еден да се покае, но како што е пророкувано, така ќе се случува и од некои работи не можеме едноставно да избегаме.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.367
Поени од реакции
5.652
@PROROKOT Само една е вистина а тоа е фактот дека немаме поима што е вистината..И никој не се вратил да ги потврди овие работи во кои си убеден до коска дека е така..Овие кои се враќаат од клиничка смрт не ми се нешто убедливи и не би играл на таа карта..
И тоа како знаеме што е вистината, оти вистината ни е објавена од Синот Божји Единороден, кој вистината (т.е. вистините) ни ги донесе од Небесата, и како очевидец и како творец.

Што точно се случува со човекот после смртта, одамна е познато. Лично знам случај чија душа се има одвоено од телотот и кој после 40 денови во кома, се враќа жив во овој свет.

Кличичката смрт е вистинита, но не е тоа што им се случува на човековите души после смррта од телото, кога (душите) се јавуваат пред Христа Бога, на поединечниот суд. Кај клиничката смрт, душата се‘ уште се „врти„ во овој свет и не излегува пред Бог, туку пак се враќа во своето тело.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.619
Ако нешто и знаеш, не значи дека знаеш правилно.
:toe: :toe:

Ако човекот се спасува само по Божјата милост, тоа значи дека секоја бараба ќе биде спасена, само затоа што Бог Е милостив.
Си измислуваш работи
Јас не укажав на ова,немој да мешаш баби и жаби.

Ама не ќе е така...
:toe::toe:

Немој да тераш муабет на празно

Спасението не доаѓа само од Божјата милост, туку и од личниот подвиг во прифаќањето на верата во Христа, која (вера) треба да биде придржужена со дела, со покајание, со смирение...
По православни верувања изворот на сето тоа е Божјата милост
Човек не е сам на тој пат , го има Бог со себе.
Спасение не е по заслуга , тоа е по благослов.
Нема потреба топла вода да се измислува.

Ова е во книгата на пророкот Осија.

Божја казна и покајание
"Јас сакам повеќе милост, а не жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица."

И во посланието од Апостолот Павле до Ефесјаните им вели дека по благодет доаѓа спасение и тоа преку верата дека не е од нас туку Божји дар е тоа.
Не е од дела секако.
Делата се плодот на верувањето.

2:8-9 е мислам во Библијата

Неможе да е по заслуга , немој да водиш инат
Значи тоа 'дела' е римско-католичко верување а не православно..

Они си го имаат 'на ти го - дај ми го' со протестантите околу спасение.

Што му кажал Исус на еден од тие што биле исто распнатати на крст како него.. ?
Тоа е во Еванѓелие по Лука 23:41-43
Во тој пасус јасно е дека човекот си ја признава вината за што е распнат и го замолува Исус да го запамти таму кај што ќе одел.
Одговорот на Исус е во на крајот на тој пасус.

"Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот"

Кој дела ги имал овој човек .. :rolleyes: ?

Значи, човековото спасение е чин на взаемно дејство меѓу Бог Спасителот и грешниот човек.
Да , грешниот човек само треба да верува во божјата милост и делата ќе бидат плод на тоа верување.
Тоа значи исто и да се земе пример од божјата милост.
Божјата милост е синот Божји по православни учења ,или јас сум грешка ?

Не се соглсасувам дека спасение доаѓа по некој вид на заслуга како што објаснуваш
Како што кажав тоа се дел од некои римско-католички учења..
Од каде тоа кај тебе е прашањето..? :cautious:

Ние имаме многу сличности со католичката црква , но сме многу различни во централно верување.

Благослов/блатодет/милост од Бога е крштевање мисир еден :)

Животот настанал затоа што е створен од живиот Бог-живото произведува живо.

Едемската градина не е место каде е настанат животот, туку оградено место во кое е внесен првостворениот човек, Адам.

Нема туку никаква симболика, туку точно одредено место во кое Адам и Ева битисувале пред да згрешат и пред да бидат истерани од Едем.

Параболите Христови се дадени низ Книгите од Новиот Завет (евангелијата), а Едемската градина е наведена во Постанокот, запишан од Мојсеј Боговидецот.

Параболите се толкуваат и симболично и фактички, зависно од самата парабола и имаат поучна улога во животот од човекот.
Многу некако чудно ми звучи сето ова , пак ќе кажам..

Јас знам дека земјата е стара околу 4.5 билиони години.
Тоа научно може да се потврди преку истражување на карпи.

Иначe во Мароко се ископани докази од човекова раса стари 315 000 години :toe:

Тој 'Адам' кога живеел според тебе или според твоето разбирање на Библиски текстови..?
Кои се доказите дека он постоел,нормално освен тие стари Еврејски записи..?

Во еврејските записи зборот 'адама(х)' значи земја.

Човекот Адам е спомнат за прв пат во Битие 2:20 во овој контекст
"Но за Адам.."
Така почнува тој дел..

Зборот 'адама(х)' е веќе употребен во Битие 2:7

"И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа."

Дали ова значи дека Адам од Битие 2:20 е првиот човек?
Не ми изгледа мене така според тоа што науката кажува..

Многу работи се нејасни ако се земат во предвид исклучиво Библиски текстови
Историски гледано неможе да се каже дека Адам бил првиот припадник на човечкиот род бидејќи се пронајдени човечки остатоци во Мароко стари 315 000 години..
Тие се фактите

Ти си син Божји исто колку што си и 'рбетник и цицач.

Ова 'првостворен' ми звучи некако пре-оптимистички.. :cautious:

Првостворен во која смисла?

Православната црква подржува наука , не заборавај.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.367
Поени од реакции
5.652
:toe: :toe:

Си измислуваш работи
Јас не укажав на ова,немој да мешаш баби и жаби.

:toe::toe:

Немој да тераш муабет на празно

По православни верувања изворот на сето тоа е Божјата милост
Човек не е сам на тој пат , го има Бог со себе.
Спасение не е по заслуга , тоа е по благослов.
Нема потреба топла вода да се измислува.

Ова е во книгата на пророкот Осија.

Божја казна и покајание
"Јас сакам повеќе милост, а не жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица."

И во посланието од Апостолот Павле до Ефесјаните им вели дека по благодет доаѓа спасение и тоа преку верата дека не е од нас туку Божји дар е тоа.
Не е од дела секако.
Делата се плодот на верувањето.

2:8-9 е мислам во Библијата

Неможе да е по заслуга , немој да водиш инат
Значи тоа 'дела' е римско-католичко верување а не православно..

Они си го имаат 'на ти го - дај ми го' со протестантите околу спасение.

Што му кажал Исус на еден од тие што биле исто распнатати на крст како него.. ?
Тоа е во Еванѓелие по Лука 23:41-43
Во тој пасус јасно е дека човекот си ја признава вината за што е распнат и го замолува Исус да го запамти таму кај што ќе одел.
Одговорот на Исус е во на крајот на тој пасус.

"Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот"

Кој дела ги имал овој човек .. :rolleyes: ?

Да , грешниот човек само треба да верува во божјата милост и делата ќе бидат плод на тоа верување.
Тоа значи исто и да се земе пример од божјата милост.
Божјата милост е синот Божји по православни учења ,или јас сум грешка ?

Не се соглсасувам дека спасение доаѓа по некој вид на заслуга како што објаснуваш
Како што кажав тоа се дел од некои римско-католички учења..
Од каде тоа кај тебе е прашањето..? :cautious:

Ние имаме многу сличности со католичката црква , но сме многу различни во централно верување.

Благослов/блатодет/милост од Бога е крштевање мисир еден :)

Многу некако чудно ми звучи сето ова , пак ќе кажам..

Јас знам дека земјата е стара околу 4.5 билиони години.
Тоа научно може да се потврди преку истражување на карпи.

Иначe во Мароко се ископани докази од човекова раса стари 315 000 години :toe:

Тој 'Адам' кога живеел според тебе или според твоето разбирање на Библиски текстови..?
Кои се доказите дека он постоел,нормално освен тие стари Еврејски записи..?

Во еврејските записи зборот 'адама(х)' значи земја.

Човекот Адам е спомнат за прв пат во Битие 2:20 во овој контекст
"Но за Адам.."
Така почнува тој дел..

Зборот 'адама(х)' е веќе употребен во Битие 2:7

"И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа."

Дали ова значи дека Адам од Битие 2:20 е првиот човек?
Не ми изгледа мене така според тоа што науката кажува..

Многу работи се нејасни ако се земат во предвид исклучиво Библиски текстови
Историски гледано неможе да се каже дека Адам бил првиот припадник на човечкиот род бидејќи се пронајдени човечки остатоци во Мароко стари 315 000 години..
Тие се фактите

Ти си син Божји исто колку што си и 'рбетник и цицач.

Ова 'првостворен' ми звучи некако пре-оптимистички.. :cautious:

Првостворен во која смисла?

Православната црква подржува наука , не заборавај.
ОК, нека ти биде според верата твоја...
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.600
Поени од реакции
3.403
@Лаик може човек да има предвиденија или пророштва преку сон што му се претскажале, но факт е дека само во светото писмо - Библијата ги содржи сите информации за човекот што се случува после смртта. Спомнато е царството Божјо и пеколот, е сега за душата кај ќе оди, тоа секој одлучува според својата волја во што ќе верува и Господ после одлучува кога ќе се најди човекот пред него. Лошото е што пеколот е многу страшен, темен, што таму има вечен оган што гори и не угасува, замисли сега додека ти пишувам, дел од починатите се во Рајот, а дел се во пеколот.
Јас верувам најмногу во божјиот збор и закон, свесен сум дека сум го нарушил законот заради моите гревови и дека преку покајанието и исповедта ќе можам да се очистам, но стариот човек верувај ми после исповед може да се врати, т.е. да се врати човек на некои гревови, но треба да се стремиме кон покајание и после пак да се исповедаме.
Многу души сакам да се спасат, исто и Господ дава време за секој еден да се покае, но како што е пророкувано, така ќе се случува и од некои работи не можеме едноставно да избегаме.
И ја верувам во Божјиот збор ама таму нема никаде пишано ни роденден да му се слави,ни јајца да се фарбаат,ни да се пости среда и петок,ни да се маскираме за стара-нова ко овие циркузанти василичари ни да се гледа производот што го јадеме од што е составен и дали е посен,ни фрлање крст на св.Јован и тн..
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.367
Поени од реакции
5.652
И ја верувам во Божјиот збор ама таму нема никаде пишано ни роденден да му се слави,ни јајца да се фарбаат,ни да се пости среда и петок,ни да се маскираме за стара-нова ко овие циркузанти василичари ни да се гледа производот што го јадеме од што е составен и дали е посен,ни фрлање крст на св.Јован и тн..
Полека...

Создавањето на Црквата е јасно посочено во евангелијата-денот е познат како Педесетница (50 денови после Христовото воскресение), односно ден во кој Светиот Дух слегува врз Апостолите и од тој ден, Апостолите почнуваат да делуваат согласно Христовата заповед кон нив-да се движат меѓу народите, да ги поучуваат во духот Христов и да ги крштеваат во името од Троичниот Бог.

Учењето од Црквата Хростова не е дадено во целина во Новиот Завет, затоа шро тоа учење се развива во текот од наредните векови, се‘ до некаде VII-VIII век, кога се устроени сите догми и канони, кои и ден-денес се важечки.

Заблуда е ако сметаш дека Црквата е ограничена само на нештата кои се запишани во Новиот Завет.

Василичаркиот карневал никаде не е запишано дека е дел од црковната традиција. Боењето јајца за Великден е дел од црковните благочестиви обичаи, како и фрлањето на крстот за Богојавление. Постот во среда и петок е најстариот пост кој е воведен во Црквата, заедно со Великденскиот и Богородичиниот.
 
Кул сум не брзам никаде..
Грција,Бугарија и Романија слават Божик на 25-ти(пошто се ,,опасно православни земји") а ние според јулијанскиот календар правен од Цезар кој бил православец до коска у пм нели..

Религиите се направени за регрутирање на овци за колење(телесно и духовно)..и ја во тоа не сакам да учествувам..наречи ме како сакаш протестант,секташ или било каков сеедно ми е..
 
Можеш да се наречеш како сакаш, тоа сепак е твој избор и одлука.

Бугарите, Грците и Романците, т.е. нивните помесни Цркви, го прифатија грегоријанскиот календар под влијание од грчкиот масон Мелетија Метаксакис, кој во 1923-тата година, како вселенски патријарх, носи одлука со која помесните Цркви можат да го користат грегоријанскиот. Први во таа календарска промена беа Грците, а по нивниот памет тргнаа и другите Цркви.

Од кога постои Црквата на Земјава, го користи јулијанскиот календар, затоа што во времето кога тој календар е важечки, роден е и Месијата па од таа причина се‘ уште се користи јулијанскиот и нема потреба и причина за негово менување.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
4.010
Поени од реакции
22.440
Бреј, ке се потепате меѓу себе како онија тетовирани џанкери што ке се потепаф кој да га фати крст за Водици.
И тој сфе за нешто недокажано и нелогично.

Страшно и језиво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom