Си измислуваш работи
Јас не укажав на ова,немој да мешаш баби и жаби.

Немој да тераш муабет на празно
По православни верувања изворот на сето тоа е Божјата милост
Човек не е сам на тој пат , го има Бог со себе.
Спасение не е по заслуга , тоа е по благослов.
Нема потреба топла вода да се измислува.
Ова е во книгата на пророкот Осија.
Божја казна и покајание
"Јас сакам повеќе милост, а не жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица."
И во посланието од Апостолот Павле до Ефесјаните им вели дека по благодет доаѓа спасение и тоа преку верата дека не е од нас туку Божји дар е тоа.
Не е од дела секако.
Делата се плодот на верувањето.
2:8-9 е мислам во Библијата
Неможе да е по заслуга , немој да водиш инат
Значи тоа 'дела' е римско-католичко верување а не православно..
Они си го имаат 'на ти го - дај ми го' со протестантите околу спасение.
Што му кажал Исус на еден од тие што биле исто распнатати на крст како него.. ?
Тоа е во Еванѓелие по Лука 23:41-43
Во тој пасус јасно е дека човекот си ја признава вината за што е распнат и го замолува Исус да го запамти таму кај што ќе одел.
Одговорот на Исус е во на крајот на тој пасус.
"Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот"
Кој дела ги имал овој човек ..

?
Да , грешниот човек само треба да верува во божјата милост и делата ќе бидат плод на тоа верување.
Тоа значи исто и да се земе пример од божјата милост.
Божјата милост е синот Божји по православни учења ,или јас сум грешка ?
Не се соглсасувам дека спасение доаѓа по некој вид на заслуга како што објаснуваш
Како што кажав тоа се дел од некои римско-католички учења..
Од каде тоа кај тебе е прашањето..?
Ние имаме многу сличности со католичката црква , но сме многу различни во централно верување.
Благослов/блатодет/милост од Бога е крштевање мисир еден
Многу некако чудно ми звучи сето ова , пак ќе кажам..
Јас знам дека земјата е стара околу 4.5 билиони години.
Тоа научно може да се потврди преку истражување на карпи.
Иначe во Мароко се ископани докази од човекова раса стари 315 000 години
Тој 'Адам' кога живеел според тебе или според твоето разбирање на Библиски текстови..?
Кои се доказите дека он постоел,нормално освен тие стари Еврејски записи..?
Во еврејските записи зборот 'адама(х)' значи земја.
Човекот Адам е спомнат за прв пат во Битие 2:20 во овој контекст
"Но за Адам.."
Така почнува тој дел..
Зборот 'адама(х)' е веќе употребен во Битие 2:7
"И Господ Бог го создаде
човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа."
Дали ова значи дека Адам од Битие 2:20 е првиот човек?
Не ми изгледа мене така според тоа што науката кажува..
Многу работи се нејасни ако се земат во предвид исклучиво Библиски текстови
Историски гледано неможе да се каже дека Адам бил првиот припадник на човечкиот род бидејќи се пронајдени човечки остатоци во Мароко стари 315 000 години..
Тие се фактите
Ти си син Божји исто колку што си и 'рбетник и цицач.
Ова 'првостворен' ми звучи некако пре-оптимистички..
Првостворен во која смисла?
Православната црква подржува наука , не заборавај.