Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Нормално дека можам, ама реков еднаш и пак ќе повторам:

Прво друго треба ти да направиш после глупостите што ти ги читам во врска со Телема без да си прочитал било што, па потоа јас сериозно да ти ги разгледувам прашањата. До тогаш не можам да те гледам како сериозен соговорник кој што знае што прашува воопшто... да не имаше строги правила, ќе ти кажев дека постои име за луѓе како тебе, но не можам да го напишам... за жал, дури и ова што го пишувам сега ти е премногу.

Зошто да ти прераскажам?

Можеби и за тебе смртта ќе биде мила како што пишува во „Книгата на Законот“:

„Трепери со радоста на животот и смртта!
Ах! твојата смрт ќе биде мила: тој што ќе ја види ќе биде задоволен.
Твојата смрт ќе биде печат на ветувањето за нашата вековна љубов.“
- Liber AL, II:66

Сите заморувате со смртта и ја величите до ѕвездите, а заборавате дека сте вечност! Стариот еон ви ги разнишал столбовите многу добро.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ах! твојата смрт ќе биде мила: тој што ќе ја види ќе биде задоволен.
Хепта,

мал миљон пути иам напишано дека за атестите, смртта доаѓа како среќен крај, со оглед на безмислицата и бесцелноста од атеистичкиот начин на битисуење во Светов.

ПРИЗНАВАМ! ВО КРИВО СУМ!

Па не биле саде атеистите во таа заблуда...:pos:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Ете ти сега - христијанин се смее на други... заборави на она со раската во окото?
Слабо светите книги кога ќе ве занесе светот...

Само робовите од стариот еон се смеат на други како живеат, а не гледаат како тие самите умираат со сета философија која ги опкружува!

Ќе излажев ако напишев дека жалам што е така, Законот даден во Liber AL, Глава II содржи доволно за овие!
Немам што да додадам ниту да одземам.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ако е така како што викаш, зошто уште човештвото практикува да каже крај на едно, а почеток на друго, ако преку секоја точка може да се анализира целината и иста ја осознаете?

Отука може да се види апсуртноста од прогласување крај на еден еон, а почеток на друг.
Тоа кажува дека уште не сте ја осознале целината и затоа ја кроите и прекројувате, како би се држеле во рамките на тоа што ви е вам познато.

Да ви беше смртта позната, времето ќе ја изгубеше својата сила, но бидејќи не ви е затоа времето посилно е.
Веќе го имаме дискутирано ова, еон е термин што се однесува на човештвото, животот и смртта се однесуваат на човекот. Човекот и човештвото не се иста работа, човекот може да биде пред своето време, далеку поназад од своето време или пак да е вклопен во она во кое живее. Токму поради ова, времето може но и немора да има моќ над човекот, зависи од неговиот степен на самоспознавање, но човештвото секогаш е дефинирано од периодот во кој се наоѓа, времето го обликува.
Ти упорно ги мешаш овие две нешта, дали намерно или не незнам, тоа си е твое. Но твоето неразбирање на нештата упорно го прикажуваш како наш недостаток.
Испи,

дај бе не забегуј во оваа извретност од Телема; пак ми поставуваш прашање „...а ла хабардов центар...„, кое пати од извртена логика, во која последицата ја условува причината па така, ..... СКАРЛЕТНА БУКВА .... ОД МОДЕРАТОР , очекуваш да и‘ поставам рисјанско прашање на некоја претпоставена судијка, која си нема благе везе од мојата вероисповест, оти кога претпоствената судијка (како и сите нешта во Телема, кои патат од претпоставеност, не од реалност...) би бија рисјанка, не би и‘ паднало на памет да биде судијка, уште помалку да сака бисери и кристали појќе од словото од законот...

Дај не лупетај...

Туку, оти не ми кажеш дали судијките ја зголемија или ја намалија правичноста во Светов, со тоа што токму жени-судии се нашле во позиција да делат правичност, иако никој не ги повикал за таква функција.
Ти праша што да правиме со тврдоглавите што живееле во стариот еон. Како ќе живееш во стариот еон, кога таму се вели дека жена не смее да има власт над тебе, а ти живееш во реалност каде жени имаат власт над тебе?
 
Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
351
Поени од реакции
639
Ajde, gradjevinci (neli se ste majstori, zidari), da rascistime so nov i star eon (iako se samo vasi izmislici i sega ke se vidi istoto)
Kaze te mi ja razlikata vo noviot i stariot eon vo odnos na:
1. Ljubovta:;
2. Dusata;
3.Egoto:
4.Voljata;
5. Svesta;
6.Smrtta;

Eve vi pravi prasanja od prav covek, sto ve gleda odozgora na skalata...he he he

Isto i drugo sakam da vi dodadam.
Kako se smeete na hristijanite deka koristat dogmi od nekoj vas star eon, a vie koristite dogmi od uste
5 000g pred Hrista? Vasata yoga i meditazija (daleku ste vie od meditecija ama ajde neka vi bide) se 5 000g pred novata era (znavi vremeto se meri pred Hrista i posle nego, pred novata era i posle novata era, a ne nekoi nju ejg izmislici na star i nov eon koi nemaat ni pocetok ni kraj)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Веќе го имаме дискутирано ова, еон е термин што се однесува на човештвото, животот и смртта се однесуваат на човекот. Човекот и човештвото не се иста работа, човекот може да биде пред своето време, далеку поназад од своето време или пак да е вклопен во она во кое живее. Токму поради ова, времето може но и немора да има моќ над човекот, зависи од неговиот степен на самоспознавање, но човештвото секогаш е дефинирано од периодот во кој се наоѓа, времето го обликува.
Ти упорно ги мешаш овие две нешта, дали намерно или не незнам, тоа си е твое. Но твоето неразбирање на нештата упорно го прикажуваш како наш недостаток.
Ипси, постоењето на човек во временски интервал ќе ги даде различностите кое сега го ословуваме како човештво, додека во смртта не постојат временски интервали.
Никакво знаење, доживување,сопствената волја,па ниту некаков степен од себепознавањето нема да понесе таму.
Затоа се вели ,ако умреш за еден исто како да си умрел за сите.Идентично е тоа кое се доживува во смртта, па отука тоа што е во мене е истото што и во тебе и во Хепта и во Мики,и Спирос посоодветен термин е "јас" сум во вас.
А со тоа човештвото е сведено само на човек, ма колку и да биле на број, тој е еден!
Ти упорно сакаш индивиуалното да го оделилш од колективното, па уште малку ви е тоа, па стар и нов еон како колективна поделаба со напреднодуховни и уназадени...ејјјј .
Твојот брат одби да се изјасни од што толку бегате што по секоја цена сакате новиот еон да го донесете, кратко ви е времете,а?

Лесно е да зборуваме и да се натегаме во мирно време кога мислата не ти е одвлечена од тоа, што ќе јадеш денес, дали ќе преживееш утре и кој ќе се грижи за најблиските, затоа "Јас" не го познавате!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
5 000g pred Hrista? Vasata yoga i meditazija (daleku ste vie od meditecija ama ajde neka vi bide) se 5 000g pred novata era (znavi vremeto se meri pred Hrista i posle nego, pred novata era i posle novata era, a ne nekoi nju ejg izmislici na star i nov eon koi nemaat ni pocetok ni kraj)
И кога е тоа пре и после христа?
Исус е роден пред новата ера, некаде 4-6 година во стара ера а умрел околу 40 година од нова ера.
Почетокот на нова ера не се совпаѓа ни со неговото раѓање ни со неговата смрт ни со неговото објавување.
Исто така кинези, евреи, муслимани, корејци, иранци, индијци, си сметаат времето и годините поинаку од колку христијаните
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ти праша што да правиме со тврдоглавите што живееле во стариот еон. Како ќе живееш во стариот еон, кога таму се вели дека жена не смее да има власт над тебе, а ти живееш во реалност каде жени имаат власт над тебе?
Во реалноста, нештата и вредностите се изместени со неповратна тенденција на доизместување до ниво од апсурд, како што е на пример, легализацијата на гревот и на смртта. Но, тоа се „модерни времиња„, кои во Црквата се одамна познати.

Жените-судии над мене немаат никаква власт, оти никој до сега не ме судел и осудил.

Туку, пак не ми кажа, како се мери влијанието на судијките во правосудниот систем; дали правичноста се зголеми или се намали со учеството нас жени судии и како може да се измери тоа нивно учество?

И уште нешто; пак ( по којзнае кој пат...) не ми кажа, што да прајме со оние тврдоглавине кои нејќат да живеат според Светов?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.747
Поени од реакции
7.917

Сигурно мисли на некоја како Катето која за свадба на ќерка ѝ бараше еден месец слободно, иако кога самата таа би се мажела, по закон ѝ следуваат слободни само три дена.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Опасна станува темава - кај се крстовите, време е за распнување ... :)

@MIKI1 - секој живее извршувајќи ја својата волја денес. Колку ја разбира и како - така ќе проживее на Земјата во својот храм.
Некои како тебе избрале и знаат за црква и тоа им е доволно, други откриле Телема и немање калапи за луѓето, и меѓу нив ќе има расправи, надмудрувања - но секако ќе се слушнат и двете страни.
Па и други ќе имаат шанса да видат за што се во иднина.

„Како браќа борете се“ - Книга на Законот

Ќе мора да се намали осудувањето од луѓето кои ги поддржуваат верувањата и начинот на живот во стариот еон. Не сме XVIII век. До сега сите знаеја за ислам и христијанство со сите деривати од тие две религии.
Сега излегува нешто ново - сосема различно од овие две религии, од овие две учења за животот која го синтетизирала од сите еони целото учење и се кристализирало во нешто ново.
Постојано на одреден период на Земјата има „нешто ново“ кое доаѓа во бранови.
Да беше христијанството како што треба од почеток, немаше за 620 години да се појави Мухамед и исламот. Да беше исламот ок, немаше за исто толку години да се појави друг лик... но тоа е историја која не е за вас.

Црковна историја - доволно е.

Инаку нема што да им правиш на такви луѓе кои одлучиле од своја највнатрешна побуда да бидат out од светот.
Out се монасите на пример. Би било одлично 80% од христијаните да бидат во манастири! Ќе научат многу, наместо да дрдорат глупости како мирјани и да не може човек крајот да им најде.

За жените, ќе оставам жените да зборуваат за себе си. Вака ќе изгледаме како Седница на Женските Права во Саудиска Арабија - ниту една жена, а мажите зборуваат во името на жената. Глупости.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Сигурно мисли на некоја како Катето која за свадба на ќерка ѝ бараше еден месец слободно, иако кога самата таа би се мажела, по закон ѝ следуваат слободни само три дена.
Да не ги заборавиме бисерите и кристалите; како шти лукавиот и‘ понуди на Ева неодолива понуда, појака од волјата Божја, така и кај судијките повеќе вредат светликавите нешта, отолку словото на законот...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Да не ги заборавиме бисерите и кристалите; како шти лукавиот и‘ понуди на Ева неодолива понуда, појака од волјата Божја, така и кај судијките повеќе вредат светликавите нешта, отолку словото на законот...
А кога госпот и покојниот Исус нудат злата бисери и кристали тогаш е во ред...

18. Ѕидовите му беа изградени од јаспис, а градот – од чисто злато, како чисто стакло.
19. Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид драгоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд,
20. петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – вирил, деветтиот – топаз, – десеттиот – хрисопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист.
21. А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како провидно стакло.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Во реалноста, нештата и вредностите се изместени со неповратна тенденција на доизместување до ниво од апсурд, како што е на пример, легализацијата на гревот и на смртта. Но, тоа се „модерни времиња„, кои во Црквата се одамна познати.

Жените-судии над мене немаат никаква власт, оти никој до сега не ме судел и осудил.

Туку, пак не ми кажа, како се мери влијанието на судијките во правосудниот систем; дали правичноста се зголеми или се намали со учеството нас жени судии и како може да се измери тоа нивно учество?

И уште нешто; пак ( по којзнае кој пат...) не ми кажа, што да прајме со оние тврдоглавине кои нејќат да живеат според Светов?
Во реалноста жените итекако имаат власт над мажи и подучуваат, рамноправни се со тебе по сите основи! Така да, за да ти кажам што да се правело со некој што живеел според вашите мерила и стандарди, треба првин да видиме дали воопшто има такви, ти дадов предизвик да видиш дали било која судијка, професорка или менаџерка ќе се откаже од тоа што е и ќе ги прифати твоите поуки молчешкум! Ако се случи такво нешто, значи дека живееш според стариот еон, ако не, значи дека ти е само пуста желба и ништо повеќе!
А за достигнувањата на жените не се секирај, тие се исти како и на било кој маж! Нема никакви разлики, иако вие би сакале да има!
Ипси, постоењето на човек во временски интервал ќе ги даде различностите кое сега го ословуваме како човештво, додека во смртта не постојат временски интервали.
Никакво знаење, доживување,сопствената волја,па ниту некаков степен од себепознавањето нема да понесе таму.
Затоа се вели ,ако умреш за еден исто како да си умрел за сите.Идентично е тоа кое се доживува во смртта, па отука тоа што е во мене е истото што и во тебе и во Хепта и во Мики,и Спирос посоодветен термин е "јас" сум во вас.
А со тоа човештвото е сведено само на човек, ма колку и да биле на број, тој е еден!
Ти упорно сакаш индивиуалното да го оделилш од колективното, па уште малку ви е тоа, па стар и нов еон како колективна поделаба со напреднодуховни и уназадени...ејјјј .
Твојот брат одби да се изјасни од што толку бегате што по секоја цена сакате новиот еон да го донесете, кратко ви е времете,а?

Лесно е да зборуваме и да се натегаме во мирно време кога мислата не ти е одвлечена од тоа, што ќе јадеш денес, дали ќе преживееш утре и кој ќе се грижи за најблиските, затоа "Јас" не го познавате!
Никој не бега од никаков одговор! Убаво ти кажа Хептаграм! Не се трудиме да донесеме ние ништо! Очигледни се промените, точно се знае кога се имаат случено! Се останато е само кутро терање инает од ваша страна!
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Опасна станува темава - кај се крстовите, време е за распнување ... :)

@MIKI1 - секој живее извршувајќи ја својата волја денес. Колку ја разбира и како - така ќе проживее на Земјата во својот храм.
Некои како тебе избрале и знаат за црква и тоа им е доволно, други откриле Телема и немање калапи за луѓето, и меѓу нив ќе има расправи, надмудрувања - но секако ќе се слушнат и двете страни.
Па и други ќе имаат шанса да видат за што се во иднина.

„Како браќа борете се“ - Книга на Законот
До вчера Мики беше роб, а денес е брат?
Сепак одразот бил променлив. ;)[DOUBLEPOST=1493132399][/DOUBLEPOST]
А кога госпот и покојниот Исус нудат злата бисери и кристали тогаш е во ред...

18. Ѕидовите му беа изградени од јаспис, а градот – од чисто злато, како чисто стакло.
19. Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид драгоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд,
20. петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – вирил, деветтиот – топаз, – десеттиот – хрисопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист.
21. А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како провидно стакло.
Ова е опис на човековата душа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom