Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 11.627
- Поени од реакции
- 11.667
Кога ќе бидеш инициран - ќе зборуваме за тоа што значи Иницијација. Вака, ќе треба да зборувам за работи кои за тебе се фантазија.....
Ако не ве „хранам“ малку по малку како иницијант во О.Т.О. (иако многу малку зборувам за Редот, повеќе за Телема) - не знам што правам со тебе тогаш сега... можеби не си ги научил симболите со кои ти ги кажувам работите, па разбираш погрешно и се ти изгледа како помија за свињи!
Тоа што вие сте лакоми и сакате на брзина, по скратени патеки да постигнете нешто, што сте го читале можеби во некоја книга или фантазирате за совршен живот со демони, ангели, богови околу вас, а вие во бесценета палата да живеете - не е моја кривица ниту на некој друг. Ваша кривица е целиот живот како го живеете!
Преиспитајте си го животот и кои сте и што реално можете во животот. Преиспитајте се дали Законот на Телема Е Закон кој што ќе ви помогне или помили ви се старо-еонските религии и учења!
Бидејќи стариот еон е виден низ историјата и видено е што и каде заглави човештвото. Пак сакате таму бидејќи сте изградиле омраза?
Ќе ви биде подобро. Што и да одлучите, самото право на избор дојде со новиот еон. Биди роб на стариот еон или биди слободен човек во новиот Еон каде што се е истражување, искуство, надминување...
Телема малку.
Реков вашите фантазии ако ги преставувате како реалност за работи во кои сте немале искуство, туку сте читале по книги или сте си замислувале како би било дека е, а со цел да некој ве поправа на форуми за да научите нешто повеќе без да прашате реално што не знаете - не бидува.
Какви треба пак да бидат аспирантите или пак адептите - ти си последниот кој што треба да кажува кој каков „би требало да биде“ ако е инициран во О.Т.О. или масонерија или Реики или било каде....
Доста со тој старо-еонски дух на местење калап за сите какви треба да бидат.
Ти калап смисли и за иницијантите какви треба да бидат?
Wow...
Толку не разбирате колку сте задоени со стариот еон, та секоја ваша мисла е чекор наназад во калта и ропството?
Како тоа „иницијантите“ треба да бидат вакви или онакви? Што е Иницијацијата? Калап?
Сосема спротивното е.
И ако некој спрема тебе се поставил како што на тебе не ти чини, треба да се запрашаш што ти си направил за да такви бидат работите, не другиот да го прашуваш! Секогаш нанадвор прашувате, наместо навнатре!
И тука вреска стариот еон.... Не бидете робови, само тоа не бидувајте...
P.S. Види во „Мали есеи за вистината“ од Кроули за да ти се разбистри маглата околу овие ствари. Има и други книги, но оваа е најмала - барем од некаде да почнеш. Да не биде премногу „храна“ па да ми повратиш - до сега 100 пати ми имаш повратено глупости пишувајќи во обид да ми кажеш како Телема не е ништо ново заради незнаење.
Последно уредено: