Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Дискусија во форумот 'Религија' започната од kooperativa, 8 јануари 2014.

  1. artweb

    artweb

    Член од:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    1.238
    Допаѓања:
    627
    Како да не му бараат пари кога бизнис е во прашање, а не религија.
     
    На Ipsissimus му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    18.191
    Допаѓања:
    2.568
    artweb,

    а како ти, како нерелигиозен, разликуваш „бизнис“ од религија? ......Изменето од модератор.... наведи 3 разлики меѓу бизнисот и религијата.

    Се надевам дека вечноста ќе е доволно долга за да имаш време да одговориш...
    --- Споено дупло мислење, 19 март 2017 ---
    Ма секако дека не се разбравме, ниту ќе се разбере, оти разликата е појче од очигледна; јас верувам и ја исповедам мојата вера, а ти не веруваш и исповедаш Богоборство, видено катаљон пути на форумов, а и шире...

    Меѓу верните и неверните не постои разбирање.
     
  3. Кеплер

    Кеплер ▄︻̷̿┻̿═━一

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    2.619
    Допаѓања:
    2.837
    Ти не ја шириш твојата вера, туку ја штитиш организираната религија и бизнисот со истата.
     
    На mister blue, Ipsissimus и artweb им се допаѓа ова.
  4. artweb

    artweb

    Член од:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    1.238
    Допаѓања:
    627
    Навистина не можам да ти наведам 3 разлики, едоставно не постојат, религијата ја претворивте во бизнис.
    Од вас нема поголеми грешници, за вас треба посебно место во пеколот.
     
    На Ipsissimus му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    18.191
    Допаѓања:
    2.568
    Кон болдот; знам дека не можеш, а работата беше сам да признаеш.
    Разликите постојат секако, но, како што самиот признаваш, не ги знаеш.
    --- Споено дупло мислење, 19 март 2017 ---
    Истото прашање и до тебе; наведи 3 разлики меѓу бизнисот и религијата.
    Не знаеш? Не ме чуди...
     
  6. Кеплер

    Кеплер ▄︻̷̿┻̿═━一

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    2.619
    Допаѓања:
    2.837
    Нема разлики и едното и на и на другото имаат основна цел да заработат што е можно повеќе пари и да ја наметнат својата моќ за контрола на одредена група.
    Разликата е што бизнисот најчесто нуди нешто што прави добро на помала или поголема група, а религијата продава „магла“.
    Пример бизнис со мобилни телефони, компаниите нудат производ со кој корисниците остваруваат некаква комуникација, покрај потребите се стекнува и зависност од комуникација, па некои не се симнуваат од нив, но сепак има одредена таргет група која е задоволна и има бенефит.
    Религијата ги лаже дека со молење ќе остварат комуникација со госпо, бенефит има само религиозната група што ја проповеда својата прикаска, а комуникацијата ја нема.
     
    На Ipsissimus му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    18.191
    Допаѓања:
    2.568
    Кеплер,

    уопште не те прашав дали „нема„, туку „кои се„ разликите меѓу бизнисот и религијата.

    Обиди се пак, можи ќе ти успеи...
     
  8. Кеплер

    Кеплер ▄︻̷̿┻̿═━一

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    2.619
    Допаѓања:
    2.837
    Оваа „обиди се пак, можи ќе ти успеи“ ти е одбранбен механизам кога не знаеш како да се браниш.
    Јас ти наведов разлики, бизнисите нудат улуги и добра, организираната религија продава само магла и служи за контрола на народ, слично како политиката.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  9. artweb

    artweb

    Член од:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    1.238
    Допаѓања:
    627
    Полесно ќе ми биде да ти наведам 300 заеднички карактеристики помеѓу религијата и бизнисот отколку 3 разлики, зошто е тоа така треба се запрашате вие свештените лица.
     
    На Кеплер, Атеист и Ipsissimus им се допаѓа ова.
  10. protivpropaganda

    protivpropaganda

    Член од:
    29 април 2005
    Мислења:
    381
    Допаѓања:
    30
    1. Во бизнис се влегува за да се оствари материјално-финансиска добробит. Во религијата (зависи која) се учествува заради духовна добробит.

    2. Границите, во бизнисот, помеѓу што е добро и што не е се мери преку остварениот профитот. Во религијата (зависи која) тоа се мери преку објективниот морал.

    3. Бизнисот создава богатство кое може да го снема или лесно да биде одземено. Религијата (зависи која) создава богатство кој никој не може да ти го земе.

    Една комична разлика:
    4. Во бизнисот прават разни акробации како да ти ги земат парите. Во религијата истото го прават за сам да си ги дадеш парите.

    Да не се можело да се дадат 3 разлики помеѓу бизнис и религија докажува елементарно непознавање на едното и на другото. Да не ги спомнам другите причини. Од ракав ги дадов трите разлики. За четвртото, малку се подразмислив.

    Само затоа што некои светштеници се однесуваат непримерно не значи дека сите се такви. Стереотипизација е одлика на слаб или мрзлив ум. Со самиот факт што сте пред компјутер и давате свои мислења, понекогаш поддржани од проверени факти, значи дека не станува збор за слаби умови. Е сега, за мрзата... Добро де, и јас понекогаш сум мрзлив.


    Поздрав
     
    На katinakatalina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MIKI1

    MIKI1 Поставувач на неодговорени прашања.

    Член од:
    10 јануари 2008
    Мислења:
    18.191
    Допаѓања:
    2.568
    Еве, јас тебе те прашувам „...зашто е тоа така...„ па дај распали и наведи 300 заеднички карактеристики...
    Почни.
    --- Споено дупло мислење, 20 март 2017 ---
    Не си навел ти ништо, освен мудри мисли извадени од погрешни делови од телото.
    Обиди се пак...
     
    На katinakatalina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mister blue

    mister blue Infinity, Eternity, Immortality, Everything...

    Член од:
    4 февруари 2013
    Мислења:
    210
    Допаѓања:
    93
    1. Во бизнис се влегува за да се оствари материјално-финансиска добробит. Во религијата (зависи која) се учествува заради духовна добробит.

    затоа поповите, владиците се во христијанската религија, за да се фалат со добри коли, џипови, богатство, луксузен живот, или народно кажано да уживат во сите земски убавини на грбот на оние кои слепо веруваат во нивната религија и прават се за добивањето на “духовна добробит“.

    2. Границите, во бизнисот, помеѓу што е добро и што не е се мери преку остварениот профитот. Во религијата (зависи која) тоа се мери преку објективниот морал.

    во религијата имаш мерење на кој владика има подобар џип, ама се знае кој може да вози мајбах и другите не смеат ни да писнат за тоа, се мери кој има повеке слепи верници, кој има повеке цркви, кој има поголеми цркви, кој е поблиску до измислениот господ, кој колку плака за споменици и колку пари има и со тоа колку треба да плати на поповите за погребение и со тоа на умрениот да му го отворат патот до рајот, и.т.н.

    3. Бизнисот создава богатство кое може да го снема или лесно да биде одземено. Религијата (зависи која) создава богатство кој никој не може да ти го земе.

    религијата создава богатство на црквата во земја(18 проценти од земјата во Македонија), во хотели, во слики за аукција(икони), злато, сребро, дијаманти скриени во темни подземни подруми, луксузни возила, цркви, куки(за секој поп има кука од црквата), бесплатни ручоци и другу видови на услуги и.т.н, богатства кои исто така може многу лесно да ги “снема“ доколку лугето се разбудат, ослободат од умственото ропство наметнато од демонската христијанска религија

    4. Во бизнисот прават разни акробации како да ти ги земат парите. Во религијата истото го прават за сам да си ги дадеш парите.

    во религијата користат техники за потикнување/истакнување на сите негативни човечки особини за самите луге да си ги дадат парите на црквата
    страв од пеколот, страв од казната на еврејскиот господ-демон за нив самите и за нивните најблиски, суеверие за одење во пеколот доколку не ги исполнуваат ритуалите на црквата, алчност за рајот и алчност за сите убавини кои ги нуди рајот и.т.н

    Само затоа што некои светштеници се однесуваат непримерно не значи дека сите се такви.

    главниот на црквата вози мајбах од неколку стотина илијади евра, владиките возат џипови главно од сто илијади евра, монасите и монахинјите возат џипови од 50 000 евра, поповите имаат приходи од 3000 до 5000 евра месечно, исто така имаат куки од црквата таканаречени попски куки, јас лично познавам неколку попа и сите од нивните фамилии (синови, керки, жени) се вработени во популарните државни работни места,
    дај објасни за кои свештеници зборуваш


    П.С како што гледам, МИКИ1 ја искористил опцијата “повикај пријател“
     
    На Ipsissimus му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Let 3

    Let 3 The Nipple Erector

    Член од:
    13 јули 2008
    Мислења:
    27.750
    Допаѓања:
    28.978
    Дали Исус и апостолите проповедале за плата и дали денешното свештенство зема плата за својата работа??
     
  14. Lord Raven

    Lord Raven

    Член од:
    17 јануари 2012
    Мислења:
    1.033
    Допаѓања:
    639
  15. protivpropaganda

    protivpropaganda

    Член од:
    29 април 2005
    Мислења:
    381
    Допаѓања:
    30
    mister blue,
    Се ќе беше во ред и донекаде ќе ти држеше дискусијата ама зошто мораше и шегата да ја коментираш. Дали знаеш кој коментира и објаснува шега?
    И ова, како ја заврши дискусијата. Не ја гледам причината зошто личноста зад никот МИКИ1 ја инволвираш во дискусија меѓу мене и тебе.

    Се надевам дека твојата наредна реплика ќе биде позрела.
    Таква жестокост која ја покажуваш кон религијата... Тоа што ни еден момент не се осврна на духовното, возвишеното, личното, ми укажува дека кај тебе постои силен револт кон неправедноста, измамништвото, алчноста, односно одвратноста во однесувањето на одредени свештеници.
    Си седнал да размислиш зошто си толку огорчен кон нив?
    --- Споено дупло мислење, 21 март 2017 во 15:16 ---
    Let 3,
    Е така бе Лет. Знаев дека можеш да правиш убав муабет.
    Одговорот на првиот дел е НЕ.
    Одговорот на вториот дел е ДА.

    Е сега, дали апостолите требале да плаќаат струја, вода или други режиски трошоци?
    Без да оправдувам негативно однесување на дел од свештенството ќе те прашам дали денешните свештеници можат да рачунаат на доброчинството на граѓаните за да обезбедат за своето семејство?
     
    Последно уредено: 21 март 2017 во 15:16
    На MIKI1 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: