Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А што е вистина бе Мики?

Ќе биде и тоа, ќе се докаже, посебно непостоењето на бог како што е објаснето религиски.

Реалноста вели дека има многу глуп народ, помалку од 10% се со IQ над 120, 15тина проценти се од 110-120, се останато ти е со помало IQ, за Македонија не правам ни муабет, бројките се покритични.

Плус многу е мал процентот и од големите умови што се замараат со докажување на непостоечка работа и така не им менува ништо и не го губат животот што им преостанува на докажување на глупост, па затоа црквата и останатите религии си го тераат бизнисот и шиткаат лопати.

Која е потребата од фрескописи и храмови на твојот бог? Ако навистина постои како што вие го опишувате ќе може да се молите и да му праите метании и од пазар, трговски, на улица, на планина, на нива, во јавна куќа и тн, зошто мора материјални работи да му праите за да го задоволите?

Зошто црквата место да ги фрли тие пари за фрескописи и ѕидини во кои ќе се палат свеќи и ќе се чадат тие фрескописи не ги даде парите на бездомници, сираци, болни луѓе?

Па библијата е напишана од луѓе, не ја напиша госпо па да ви забрани и книгите по економија и бизнис се напишани од луѓе и одобруваат работи што носат профит,

а вие како профитабилна институција која не е оданочена си имате напишано убави правила на игра за вашата страна.
- не се вели „што е„ туку „кој е„ вистината.
- наведи 3 научни докази за Божјото непостоење. Велам „докази„, не лаги од типот на тоа што кажал Дарвин, Маркс или Хокинг.
- во Македонија, состојбата со И-КУ не е ништо битно поинаква од состојбата во Светот, а генијалноста сама по себе не е гарант за нечија доблест.
- сите славни истражувачи веруваат во Бога, на ним својствен начин.
- фреските и иконите се описни слики за мојата вера.
- Црквата веќе помага, ама тебе пак не ти кажале. Изгледа дека стално доцниш....
- Библијата е напишана не од било кого, туку од посебни Боговдахновени луѓе, преку кои Бог му зборува на родот човечки.
- материјалната милостиња на е економска категорија и не е предмет на оданочување.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881

Мики вистината се однесува на работи кои може да се утврдат и постојат, а за твојот госпо немаме доказ дека постои, ете го снема 2000 години се притаил таму и не се јавува, па те остаи да ја читаш и толкуваш библијата и да се тешиш дека постои.
Нели твојата вера треба да се чувствува, зошто ти требаат слики за опис на верата, тоа или го имаш или го немаш, вака само трошок прајте да ги шарате ѕидовите.
Зошто ви се толку храмови? Еве во Општина Аеродром правите на секоја раскрсница, секое паркче што не одговара Чифлиганец да изгради зграда стана црква и секоја е донација од Адора, Жикол и останатите македонски тајкуни и е за возврат што им даде Ивица да градат згради во општината. Зошто тие пари не ги дадете на сиромасите, зошто ви е црква со златни куполи во центар? Демек госпо ќе се огледува на златото или поеќе ќе ви фати молитвата кога имате злато?
Мики жално е што не сте оданочени, жално е што уште и постојат религиите, го вративте човекот многу назад, во среден век уништивте многу научници кои да имаа слобода ќе придонесеа уште повеќе од тоа што дадоа на човештвото.
Истата приказна е и сега, светот се движи во два правци, првиот во развиток на науката и мрдање чекор повисоко во еволуцијата, развиток на нови технологии, можност за поголемо истражување на универзумот и подобар живот, а втората идиотизмот на религиите особено на оваа што зазема подем т.е исламот и која уште блада војни, оружје, освојување и истребување. Ако тргнеме по вториов пат и не се свестат и тие и останатите нема да ви треба ни вас ни нив госпо ниту земјата, првиот тригер ќе ја направи пепел со нуклеарното оружје, па ќе го имаме одговорот на тоа кој ја уништил човековата раса, а воедно и земјата и никогаш нема да го најдеме одговорот на првото прашање кој не создаде.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики вистината се однесува на работи кои може да се утврдат и постојат, а за твојот госпо немаме доказ дека постои, ете го снема 2000 години се притаил таму и не се јавува, па те остаи да ја читаш и толкуваш библијата и да се тешиш дека постои.

Нели твојата вера треба да се чувствува, зошто ти требаат слики за опис на верата, тоа или го имаш или го немаш, вака само трошок прајте да ги шарате ѕидовите.

Зошто ви се толку храмови? Еве во Општина Аеродром правите на секоја раскрсница, секое паркче што не одговара Чифлиганец да изгради зграда стана црква и секоја е донација од Адора, Жикол и останатите македонски тајкуни и е за возврат што им даде Ивица да градат згради во општината. Зошто тие пари не ги дадете на сиромасите, зошто ви е црква со златни куполи во центар? Демек госпо ќе се огледува на златото или поеќе ќе ви фати молитвата кога имате злато?

Мики жално е што не сте оданочени, жално е што уште и постојат религиите, го вративте човекот многу назад, во среден век уништивте многу научници кои да имаа слобода ќе придонесеа уште повеќе од тоа што дадоа на човештвото.

Истата приказна е и сега, светот се движи во два правци, првиот во развиток на науката и мрдање чекор повисоко во еволуцијата, развиток на нови технологии, можност за поголемо истражување на универзумот и подобар живот, а втората идиотизмот на религиите особено на оваа што зазема подем т.е исламот и која уште блада војни, оружје, освојување и истребување.

Ако тргнеме по вториов пат и не се свестат и тие и останатите нема да ви треба ни вас ни нив госпо ниту земјата, првиот тригер ќе ја направи пепел со нуклеарното оружје, па ќе го имаме одговорот на тоа кој ја уништил човековата раса, а воедно и земјата и никогаш нема да го најдеме одговорот на првото прашање кој не создаде.
По редослед:

- токму за таква вистина ти зборувам, не за Телемитско фантазирање.
- погрешно; мојата вера се живе и не е „ствар„ на сентименталност.
- мене лично, не ми се потребни ситни храмчиња на секои 100м, а токму такви се градат, затоа што се работи за уцена од властите кон изведувачите во границите од општината. Со тоа, властите кокетираат со Црквата а не обратно.
- милостињата не се оданочува, оти е доброволна. Наведи еден научник кој е уништен од Црквата.
- науката нема благе везе со еволуцијата. Нема поголем идиотизам од научно заглупавување на луѓето.
- одговорот за тоа кој не‘ создаде веќе постои, ама и за тоа не ти кажале...
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
По редослед:

- токму за таква вистина ти зборувам, не за Телемитско фантазирање.
- погрешно; мојата вера се живе и не е „ствар„ на сентименталност.
- мене лично, не ми се потребни ситни храмчиња на секои 100м, а токму такви се градат, затоа што се работи за уцена од властите кон изведувачите во границите од општината. Со тоа, властите кокетираат со Црквата а не обратно.
- милостињата не се оданочува, оти е доброволна. Наведи еден научник кој е уништен од Црквата.
- науката нема благе везе со еволуцијата. Нема поголем идиотизам од научно заглупавување на луѓето.
- одговорот за тоа кој не‘ создаде веќе постои, ама и за тоа не ти кажале...
Не зборуваш за никаква вистина, проповедаш нешто за кое ни самиот не си сигурен дека постои, го проповедаш поради стравот што ти е наметнат дека ќе бидеш казнет ако не правиш како што те учеле.
Ако не ви се потребни тогаш застанете со став дека не ви требаат храмови и дозволете тие пари да се дадат на тие што му требаат, а не да пробувате насила со градење храмови на секој чекор да вратите дел од верниците кои ги изгубивте.
Nicolaus Copernicus, Galileo Galilei,Franciscus Patricius, Giordano Bruno, Tommaso Campanella, Gerolamo Cardano, Cesare Cremonini.
Науката не доведе до тоа ниво кое сме сега, многу пати ти ги имам наброено благодетите што и ти ги користиш поради науката, а не поради црквата и религијата али залудно е, подобро е да дискутирам со дрво отколку со тебе.
Мене ме информирале дека уште се бара точната информација како настанавме, а тоа што тебе те лажи религијата е твој проблем, далеку е од вистината за настанокот.
 
Кеплер,

ако тебе те „информирале„ дека се трага по начинот и кој е настанато све живо, тогаш мене ми кажаа дека се‘ има свој Творец, Кој се‘ створил премудро.

Ако мене верата ме лаже, дај биди ти мангупот кој ќе ја каже вистината, на која никој до сега не се сетил.

Обиди се, можи ќе ти успеи...

Патем кажано, за наведените ликови слободно обрати се кај Папата Фрањо, оти јас сум убеден дека типот е добро запознаен со начинот на кој делувала „светата„ Инквизиција и све може подробно да ти објасни.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Кеплер,

ако тебе те „информирале„ дека се трага по начинот и кој е настанато све живо, тогаш мене ми кажаа дека се‘ има свој Творец, Кој се‘ створил премудро.

Ако мене верата ме лаже, дај биди ти мангупот кој ќе ја каже вистината, на која никој до сега не се сетил.

Обиди се, можи ќе ти успеи...

Патем кажано, за наведените ликови слободно обрати се кај Папата Фрањо, оти јас сум убеден дека типот е добро запознаен со начинот на кој делувала „светата„ Инквизиција и све може подробно да ти објасни.
Мики која година е напишана првата библија?
На кој јазик е напишана првата библија?
Кој го преведи јазикот и по која метода е протолкуван јазикот?
Папата Фрањо будист, муслиман, христијан шо беше?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.707
Поени од реакции
7.840
Мики која година е напишана првата библија?
На кој јазик е напишана првата библија?
Кој го преведи јазикот и по која метода е протолкуван јазикот?
Oбиди се самиот да одговориш на овие прашања. Можеби тогаш ќе согледаш колку е апсурдно ова што го бараш. Можеби.

Папата Фрањо будист, муслиман, христијан шо беше?
Ти што мислиш дека бил?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Мики која година е напишана првата библија?
На кој јазик е напишана првата библија?
Првата библија е напишана на Македонски јазик во 1993 година
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Oбиди се самиот да одговориш на овие прашања. Можеби тогаш ќе согледаш колку е апсурдно ова што го бараш. Можеби.

Ти што мислиш дека бил?
Не можам да си ги одговорам јас тие прашања, сакам мики да ми ги одговори, да видиме чекор по чекор како мики ја учеше и од кого „вистината“, кој ја скоцка библијата, која е вистинската библија, на кој јазик е напишана, кој ја преведе.
Папава ќе да е католик, исто како и Clement VIII кој го осуди Џордано Бруно на смртна казна.[DOUBLEPOST=1487011755][/DOUBLEPOST]
Првата библија е напишана на Македонски јазик во 1993 година
Тоа оти Тито не даваше порано да ја објават, инаку првио чоек е македонец, првиот писмен чоек е македонец, госпо ги сака македонците.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Тоа оти Тито не даваше порано да ја објават, инаку првио чоек е македонец, првиот писмен чоек е македонец, госпо ги сака македонците.
прв пат македонија доби своја црква - Макеонска, за време на владение на Тито/
Треба икони да му ставите во сите цркви и да му славите роденденот повеќе од велигден
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
прв пат македонија доби своја црква - Макеонска, за време на владение на Тито/
Треба икони да му ставите во сите цркви и да му славите роденденот повеќе од велигден
Икони и родендени може да му слават религиозните и тие што се восхитуваат на црквите, јас ќе му славам роденден на тој што ќе забрани да се фрлаат пари на такви глупости.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Религијата е таа.
-Која? Tаа на Лутер?

Госпо е тој.
- Кој?

А пасторката која е? Кој ја ракоположил неа и што и кого таа претставува, со оглед дека православниот свештеник претставува икона Христова во Црквата?
Епископот е тој што го претставува Христа во Црквата (поконкретно), инаку целата Црква (Православна) е Тело Христово, секој човек (безразлика на вера или невера) е Лик (Икона) Божји кој има потенцијал да биде и Подобие Божје (подобен на Бога значи да биде како Бог, бог по благодат а не по сушт, т.е. материја). Накратко...Ако има нејасно да се изјасниме за да се објасниме[DOUBLEPOST=1488354244][/DOUBLEPOST]
...
Nicolaus Copernicus, Galileo Galilei,Franciscus Patricius, Giordano Bruno, Tommaso Campanella, Gerolamo Cardano, Cesare Cremonini...
Ај провери си нги изворите, ДЕТАЛНО, и кажи кој кого гонел и убивал, може? Пошто во моите тефтери стои дека АПОКРИФИСТИТЕ, т.е ЕВРЕЈСКИОТ МИСТИЦИЗАМ е одговорен за судбината на повеќето горенаведени (не сум ги истражувал сите). Ако толку те интересира, а претпоставувам дека си запознаен/а, поистражи малку језуитизам и еврејски мистицизам...сметам нема потреба да се коментира понатаму
 
Последно уредено:

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
- материјалната милостиња на е економска категорија и не е предмет на оданочување.
кога имате ценовник за 3500 денари за свадба, 2000 денари за жигосување на мали бебиња, 2500 денари за погребување не се работи за милостиња, туку за цена, цена кој секој треба да ја плати без разлика дали има или не. каква е таа голема милостиња што црквата успеала да поседува 18% од земјата во република македонија,

велиш дека црквата помага, тоа е лага, во која што ти слепо веруваш и сакаш исто така сите други слепо да веруваат.
дај објасни ми какво е тоа помагање, на погреб на најтешкиот ден за некоја фамилија кога сите најблиски се во психички шок, и народно кажано кога некој ке умре и човек нема и пари нема, поповите да бараат 2000 денари за погреб. кога се оди на погреб сите оставаат кој колку може 50ден, 100 ден, а само поповите наплакаат по ценовник, како приватна фирма.
 
mister blue,

кое брашно го користиш и по која цена го плаќаш?
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
mister blue,

кое брашно го користиш и по која цена го плаќаш?

не мешај брашно, бурек јадење со помош од црквата и добивање милостиња за тоа,
туку дај обајсни каде и милостињата кога некој ке умре и неговата фамилија на целата мака која ја има задолжително треба да плака на поповите 2000 денари да го пејат на починатиот, и со тоа починатиот да оди во рајот а неговата фамилија да добие внатрешен мир. ајде детално објасни каде е овде милостињата што е дадена на црквата и на нејзините попови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom