Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еее сполајти, да не беше ти жар на мево ќе ми ставеа.
Туку, дај да се договориме за некое тендерче од 2-3 милиони, милион мене, милион тебе, плус ти ќе ми опростиш се, ем ќе живеам убав земски живот, ем во рајот со цвеќиња, билбили, поточиња, анѓели, харфи ќе уживам отпосле ;)
Можи...Еве, ја су си скромен и барам само 15% провизија.

Да не е многу бе?...:lolzz:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950

Ништо не е многу чедо кога е во прашање продавање на парцела од Црквата, давај тапијата од некој плац каде што може да биднат згради низ Скопје, а е на Црквата, ќе го шитниме, плус на инсвеститорот ќе му кажеме осветен дека е ;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ипси,

што разбираш од посочениве зборови „...Бесплатно добивте-бесплатно раздавајте!..„?

Очигледно е до очебијност дека сами по себе, не кажуваат ништо конкретно па како ти текна дека тоа некокретното треба да биде раздавано бадијала?
Сигурно мислеле без платно да давате а не да не наплаќате. Тоа ќе е.
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Ипси,

ајде сега, по кој знае кој пат, зафркни се самиот себе си и подобјасни го болдуваниот дел од стихот, на кој самиот се повикуваш, а за кој, сигурен сум, абер немаш од кој контекст од Писмото е изваден и што уопште значи тој дел од стихот.

Еве го, цитирам:

10.ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата прехрана.

а што е со првиот дел од стихот

10.ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап

тоа во наше време би значело
ниту мајбах за пат, ниту два џипа од 100 000 евра, ни попски куки, ни 18 проценти од земјата во Македонија.

е нема каде да бегаш сега МИКИ1 овде многу јасно е кажано дека не треба ништо да поседуваат поповите и црквата

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Сигурно мислеле без платно да давате а не да не наплаќате. Тоа ќе е.
Мало потсетување:

http://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-797#post-8004522[DOUBLEPOST=1490132375][/DOUBLEPOST]
а што е со првиот дел од стихот

10.ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап

тоа во наше време би значело
ниту мајбах за пат, ниту два џипа од 100 000 евра, ни попски куки, ни 18 проценти од земјата во Македонија.

е нема каде да бегаш сега МИКИ1 овде многу јасно е кажано дека не треба ништо да поседуваат поповите и црквата
mister blue,

призна‘ам, ме фати, ме остај без зборој...:icon_lol:

Дај посочи ми, каде точно е одредено дека Црквата и свештенството не треба нешто да поседуваат.
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Мало потсетување:

http://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-797#post-8004522[DOUBLEPOST=1490132375][/DOUBLEPOST]

mister blue,

призна‘ам, ме фати, ме остај без зборој...:icon_lol:

Дај посочи ми, каде точно е одредено дека Црквата и свештенството не треба нешто да поседуваат.
10.ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап

е мики мики, ако не можеш да сватиш од таа реченица, ниту твојот господ не може да ти помогне веке. одиш дирекно во пеколот кога ке дојде време за тоа, во пеколот мики1
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
10.ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап

е мики мики, ако не можеш да сватиш од таа реченица, ниту твојот господ не може да ти помогне веке. одиш дирекно во пеколот кога ке дојде време за тоа, во пеколот мики1
mister blue,

чедо неписмено, во посочениот стих, Христос им се обраќа само на Апостолите и ја одредува нивната улога во Светов до крајот од нивните животи. Во стихот, Христос не ја споменува Црквата никаде, ниту и‘ забранува на Црквата да поседува имот.

Чедо неуко, не се брукај вака, јавно, оти од Светото Писмо сигурен сум дека го знаеш само насловот од истото, а не да знаеш „нешто појќе„ од содржината од истото.

Разбира се, можеш да продолжиш во стилот од другар ти Ипси и да се фаќаш за стихови од Писмото, чие точно толкување не можеш да го погодиш ниту од миљон обиди...

Трај си.
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
mister blue,

чедо неписмено, во посочениот стих, Христос им се обраќа само на Апостолите и ја одредува нивната улога во Светов до крајот од нивните животи. Во стихот, Христос не ја споменува Црквата никаде, ниту и‘ забранува на Црквата да поседува имот.

Чедо неуко, не се брукај вака, јавно, оти од Светото Писмо сигурен сум дека го знаеш само насловот од истото, а не да знаеш „нешто појќе„ од содржината од истото.

Разбира се, можеш да продолжиш во стилот од другар ти Ипси и да се фаќаш за стихови од Писмото, чие точно толкување не можеш да го погодиш ниту од миљон обиди...

Трај си.
како што поповите и црквата треба да се пример за лугето,(велам треба, не велам дека се), така апостолите треба да се пример за црквата и поповите. но ете изгледа не им одговара примерот па си ги изпревртуваат зборовите. пекол мики, пеколот не ти бега тебе и на другите попови, владики.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
како што поповите и црквата треба да се пример за лугето,(велам треба, не велам дека се), така апостолите треба да се пример за црквата и поповите. но ете изгледа не им одговара примерот па си ги изпревртуваат зборовите. пекол мики, пеколот не ти бега тебе и на другите попови, владики.
И, што рече, каде е забрането поседувањето имот за Црквата и за свештениците?
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
И, што рече, каде е забрането поседувањето имот за Црквата и за свештениците?
еве за пример да земеме еден од апостолите да се врати, чири бу, чири ба, и твојот господ направи еден апостол да дојде на улица овде во македонија, и човекот си почне да си ја работи работата, оди низ градовите, селата и проповеда. ама нема право ништо да поседува, јаде што му дадат и ако му дадат повеке тој не смее да зема со себе. и ете ти го мики1 застанува со џипот од 100 000 евра пред него, излегува од џипот, ама така тешко излегува(сигурно има стомаче, т.е сите попови имаат) и застанува до него. и што гледаме ние обичните луге еден голтар до еден “фраер“. оди ли тоа мики1, да се вратат твоите свети апостоли сега овде тие би биле скитници, голтари по вредностите кои што ги има моменталното општество, а не богаташи кои што уживаат во земските убавини како поповите и владиките на црквата. и каде ти (и црквата со сите попови/владики) се гледаш како нивен следбеник, поданик, и ја шириш нивната мисла, и ја продолжуваш нивната мисија.
секој со малку логика и разум ке ја увиди правата вистина овде и ке го согледа неморалот кој што го шири црквата во македонија.
 
на форумов веќе има доволно фантазери, кои сметаат дека со фантазирењето можат да доловат точни одговори. Не барав од тебе да измишљаш приказни и да си вадиш закЉучоци од истите, туку да посочиш точна одредба, било чија, која на Црквата или на свештенството им забранува поседување материјален имот.

Ај обиди се...
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
mister blue,

на форумов веќе има доволно фантазери, кои сметаат дека со фантазирењето можат да доловат точни одговори. Не барав од тебе да измишљаш приказни и да си вадиш закЉучоци од истите, туку да посочиш точна одредба, било чија, која на Црквата или на свештенството им забранува поседување материјален имот.

Ај обиди се...
10.ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата прехрана.

никаде нема напишано дека не ви е дозволено да собирате богатство, но само со еден стих тоа веке се подразбира,
во овој стих имате правец, патоказ по кој треба да се движат поповите и црквата. со прифакање на материјални богатства, уживање во земските убавини, вие не сте повеке на тој пат, а ако не сте повеке на тој пат вие не сте нивни следбеници, ниту ја продолжувате нивната мисија.

кога ке ве видат слепите послушници/верници во џипови од илијадници евра вие сте пример за нив, и тие слепи верници почнуваат светот и лугето да ги вреднуваат по материјалното богатство, а не по некоја си “духовност“ што ја рекламирате, зошто никој не верува на зборови, потсвесно сите ги гледаат делата, а овде делата се попови во скапи џипови, цркви накитени со злато, попови и владики на скапи ручоци и.т.н.

поповите и црквата постанавте пример за неморалност, алчност и збир на сите негативни човечки особини, негативни особини кои се истакнуваат кај човекот кога ке добие мок и власт.[DOUBLEPOST=1490137985][/DOUBLEPOST]
споредбата на денешните попови и владики со скапи џипови и богатство со апостолите без никакво материјално поседување(или народно кажано голтари, скитници), не е фантазија, туку реалност, а за поповите и владиките жална реалност што не сакаат да ја прифатат.

можеш ли да си замислиш господ да му каже на твојот господин стефан додека се вози низ град дека пратил еден од апостолите во скопје на центар да проповеда , и во тој момет стефан да оди до него, да излезе од неговиот мајбах од неколку стотина илијади евра и да оди да му бакне рака на апостолот (голтар, небањат неколку недели, целиот искинат и проповеда и моли за корка леба на улица). тешка работа мики, тоа би било големо понижување за него.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950
еве за пример да земеме еден од апостолите да се врати, чири бу, чири ба, и твојот господ направи еден апостол да дојде на улица овде во македонија, и човекот си почне да си ја работи работата, оди низ градовите, селата и проповеда. ама нема право ништо да поседува, јаде што му дадат и ако му дадат повеке тој не смее да зема со себе. и ете ти го мики1 застанува со џипот од 100 000 евра пред него, излегува од џипот, ама така тешко излегува(сигурно има стомаче, т.е сите попови имаат) и застанува до него. и што гледаме ние обичните луге еден голтар до еден “фраер“. оди ли тоа мики1, да се вратат твоите свети апостоли сега овде тие би биле скитници, голтари по вредностите кои што ги има моменталното општество, а не богаташи кои што уживаат во земските убавини како поповите и владиките на црквата. и каде ти (и црквата со сите попови/владики) се гледаш како нивен следбеник, поданик, и ја шириш нивната мисла, и ја продолжуваш нивната мисија.
секој со малку логика и разум ке ја увиди правата вистина овде и ке го согледа неморалот кој што го шири црквата во македонија.
Лед светла има џипот, поубо светат и затоа се викаат свети луѓе, пример со застава, фиат, рено, пежо, дачија, лада и останати коли за обични смртници, не може да се постигне истиот ефект.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
mister blue,

чедо неписмено, во посочениот стих, Христос им се обраќа само на Апостолите и ја одредува нивната улога во Светов до крајот од нивните животи. Во стихот, Христос не ја споменува Црквата никаде, ниту и‘ забранува на Црквата да поседува имот.

Чедо неуко, не се брукај вака, јавно, оти од Светото Писмо сигурен сум дека го знаеш само насловот од истото, а не да знаеш „нешто појќе„ од содржината од истото.

Разбира се, можеш да продолжиш во стилот од другар ти Ипси и да се фаќаш за стихови од Писмото, чие точно толкување не можеш да го погодиш ниту од миљон обиди...

Трај си.
Црквата твоја тврди дека е наследник на апостолите, така да ако веќе се повикуваат на нивниот авторитет и овластувања, ќе важат и истите пораки што им биле упатени и на апостолите.
На трепки да дубиш, неможеш да го смениш фактот дека јасно и недвосмислено им е порачано да не наплаќаат!
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Па немој толку сериозно и ти да свакаш, и јас само се шегував. инаку нели знаеш дека секоја шега е 50 проценти вистина - тоа важи за мојата и за твојата шега.

вакво влегување “под кожа“ со “шеги“ каде ја величиш христијанската демонска религија а потсмеваш и омаловажуваш неистомислениците, се поставуваш во позиција дека ти знаеш, другите не знаат, ти си сериозен а другите не се, ти имаш духовност, возвишеност а другите немат, психоанализирање за огорченост, гнев и жестокост а од твоја страна покажуваш смиреност, сериозност, зрелост и со се тоа ти си тој што треба да ни го покажеш вистинскиот пат е едно од многуте тактики на заведување од страна на поповите и подведување по патот на еврејскиот бог-демон. јас лично мислам дека си поп, монах, исправи ме ако грешам и највероватно сте колеги со МИКИ1, па затоа те поврзав во постот со него.

Тоа што ни еден момент не се осврна на духовното, возвишеното, личното, ми укажува дека кај тебе постои силен револт кон неправедноста, измамништвото, алчноста, односно одвратноста во однесувањето на одредени свештеници.
Си седнал да размислиш зошто си толку огорчен кон нив?

во претходниот пост веке нагласив дека сите попови(не одредени како што ти тврдиш, сите до еден) се измамници, алчни за богатство и кога спомнуваш “одредени свештеници“ имаат одвратно однесување, дај по втор пат те прашувам кои се тие свештеници, попови, кои не ги искористуваат слепите верници за трупање на материјално богатсво.
mister blue,
свакаш, и јас само се шегував. инаку нели знаеш дека секоја шега е 50 проценти вистина - тоа важи за мојата и за твојата шега.
Во право си само во делот што не го увидов твоето шегачење. Мојата главна замерка за црквата е токму тоа што го напиша во точка 4 како одговор. Затоа го сфатив сериозно. Ако треба за нешто да се критикуваат свештениците тогаш е токму тоа.

вакво влегување “под кожа“ со “шеги“ каде ја величиш христијанската демонска религија а потсмеваш и омаловажуваш неистомислениците, се поставуваш во позиција дека ти знаеш, другите не знаат, ти си сериозен а другите не се, ти имаш духовност, возвишеност а другите немат, психоанализирање за огорченост, гнев и жестокост а од твоја страна покажуваш смиреност, сериозност, зрелост и со се тоа ти си тој што треба да ни го покажеш вистинскиот пат е едно од многуте тактики на заведување од страна на поповите и подведување по патот на еврејскиот бог-демон. јас лично мислам дека си поп, монах, исправи ме ако грешам и највероватно сте колеги со МИКИ1, па затоа те поврзав во постот со него.
Јас не те омаловажувам иако заслужуваш многу повеќе од омаловажување. Зошто ти имаш право да навредуваш, а другите немаат право ни да се шегуваат со тебе? Што си ти толку посебен и од каде ја извлекуваш таа твоја посебност?
Од незнаење, напаѓаш, навредуваш, иритираш и при сето тоа се правиш дека си морален заштитник. Само од што заштитуваш ни самиот не знаеш. Си чул нешто ама не оддаваш впечаток дека си разбрал.
На христијанин должност му е секогаш да биде спремен да даде одговор од каде му е довербата која ја има. Тоа мора да го прави со скромност и трпеливост. Секој христијанин мора да знае и да укаже и толку. Исто така должност му е да ја каже радосната вест и толку. Не е негова задача да убедува, а камоли да присилува.
Јас сум христијанин! Крстен во Македонската православна црква ОА. Знам зошто сум христијанин и спремен сум да дадам одговор за тоа. Ниту те манипулирам, ниту би те присилил да направиш нешто што не сакаш. Господ не те присилува да веруваш во него, а не па јас. Кога ќе поставиш прашање, а одговорот не ти е по ќејф не значи дека е манипулација.
Мноооогу е поголем бројот на христијани отколку што си мислиш или некој те лаже и не мора секој со секого да биде поврзан на некаков начин освен вербата и довербата во Исус.

Тоа што ни еден момент не се осврна на духовното, возвишеното, личното, ми укажува дека кај тебе постои силен револт кон неправедноста, измамништвото, алчноста, односно одвратноста во однесувањето на одредени свештеници.
Си седнал да размислиш зошто си толку огорчен кон нив?

во претходниот пост веке нагласив дека сите попови(не одредени како што ти тврдиш, сите до еден) се измамници, алчни за богатство и кога спомнуваш “одредени свештеници“ имаат одвратно однесување, дај по втор пат те прашувам кои се тие свештеници, попови, кои не ги искористуваат слепите верници за трупање на материјално богатсво
Ти улав си, се правиш улав или...
Да не сакаш имиња да ти редам?

Сега јас ќе ја извлечам старосната карта. Не е за да излезам поголем фраер туку, од мое искуство, да ти објаснам нешто што некој друг, твој поблизок, требал да ти објасни. Мене ми беше објаснето од човек кој немал никаква обврска да ми објасни.
Се најдов во слична ситуација јас со тебе. Го враќам условот кој ми го постави како благодарност кон него. Патем, не беше христијанин!!!
Имај на ум, не си единствениот човек кој е огорчен од нешто. Од големо искуство ти зборам. Јас бев прашан ама морав да одговорам. Ти сега си прашан, но не мораш да ми одговориш бидејки одговорот е лично за тебе.
Си седнал да размислиш зошто си толку огорчен?
Несомнено е дека ќе одговориш како и јас што му одговорив. Стара работа е оваа, од дамнина е, нема што да кажеш, а некој пред тебе да го немал кажано, верувај. И НЕ! НЕ Е религиозна работа.
Мене ми беше кажано сега тебе ти кажувам јас, а важи за сите со силна огорченост како твојата.
Горчината е отров!!!
Кога имаш горчина кон нешто или кон некого што всушност правиш, знаеш?
Ти пиеш отров, а очекуваш другиот да биде отруен!!!
Зошто пиеш отров?
Си седнал да размислиш зошто си толку огорчен?

Јас моето го направив. Сега е лично твоја работа. Не грижи се ако сега не ти влегува во главата ништо. Не е лесно. Можеби ќе ти треба време.
Благодарноста ќе ја покажеш исто како и многумина пред тебе, како што и јас.
Имај на ум, и да не ти се верува, сепак нема бегање од ова: Се` се враќа, Се` се плаќа!!!

Се` што ти кажав е само повторување на тоа што мене ми беше кажано збор по збор.

Со здравје и со среќа!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom