Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Да, може да се каже. Али ако го гледаш во проценти место во 0/1 негација/потврда ќе имаш количина на атеизам/теизам. Може некој да е 70% сигурен дека не постои Бог и да се декларира како атеист исто како што друг кој е 100% сигурен дека не постои Бог и пак ќе се декларира како атеист. Како трета алтернатива е агностикот кој не става ни 1 ни 0, туку не знае или им дава 50%/50% шанса на двете можности и пак се декларира како агностик пошто не е сигурен.
0 I 1 se procenti vo mojot post. 0 e 0, 1 e 100.

Se obiduvam da ukazam deka teizmot I ateizmot plovat na istiot brod.

Ona sto vsusnost mnogumina ne sakaat da go prifatat kako realnost.

Ne moze da se negira definicija deka ateist e covek koj ima verba blisku do 0 ili 0 , vo odnos na prasanjeto za egzistencija na Bog.

Ne moze, ne veruvam vo egzistencija, da e razlicno od veruvam vo nemoznost za egzistencija.

Se e do skalata na verojatnost kaj subjektot.
И двајцата ја грешите, да не реплицирам поединечно и на повеќе постови дискусијата е таа.
Не постои 58% посто теист или 82% теист. Тој што е теист е 102,3% теист што би рекол кока кола. И би држело до некаде да беше една религија и еден бог во кој веруваат или верувале луѓето. Како што Доналд ги посочи неколку нетиестички варијанти требаше да посочиш и повеќе богови во претходниот пост. И да ссе тие нетеистичките варијанти што ако ниедна не ми се допаѓа? Ниту еволуција, ниту генетскиот инжинеринг, ни вонземјани ни... не знам што беше уште таму набројано. Кое е тука верувањето во тој случај? Или едноставно qr ме боли дали е првата втората или десета? Што има врска тоа со Атеизмот? И да е, еве некој повеќе наклонет на една да речеме варијанта, не ги исклучува другите или не е е убеден дека било која од тие е точна... Никој не стои толку цврсто на било која од тие можности (макар да има исклучоци).
За агностицизмот не е 50-50 постои или не постои. А кое е тоа 50% да постои? 10% Сварог 8% Јупитер 3 % Один 11% Брама и 7% Ра? Или како? Агностицизмот е сосем друго, и никогаш не стои сам. Во 99% е кон атеизмот и 1% кон теизмот (слободна проценка, не е статистички податок). Како и во атеизмот така и агностицизмот има различни степени (или веке не знам како да ги наречам) и не е неспоив со атеозмот (па Чак ни Норис, со теизмот) Не е нешто трето, не е нешто измеѓу.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Верувањето е тука, и стои како поим. Не протнувам ништо.

Само ти велам дека ти имаш верба во егзистенција на Бог, која се стреми кон 0.

Истата ќе порасне кај тебе вртоглаво, доколку добиеш релевантен доказ.
Истата може и да се сруши, нели? Не биди сигурен во нешто за кое нема доказ. Играј паметно, итро, а не ко овчичка која го следи пастирот.
 
D

Daedalus

Гостин
@Donald Sikert @Атеист @kooperativa и остали, ги префрлив мислењата тука.
Атеист, идеш у екстреми. НЕ секој подеднакво е несигурен/сигурен во постоењето на Бог и ако го глеаш од аспект на „интензитет на увереност/неувереност“ постојат повеќе сиви зони.
Семантички (ко што кажав многу пати) си во право.
Од психолошка гледна точка, не си.
Мајка ми на пример е скептична во врска со Бог и „некако не и се верува дека постои“ иако не е скрос сигурна
.
Кооператива е скрос убеден во врска со тоа прашање сем ако не му понудиш доказ за спротивното.

Невена кажува дека постои „можеби“ нешто, ама не и штима овој Богов од религиите.

Марија си е побожна, ама она го доживува Бог од некој пантеистички аспект.

Селмо тврди дека не се замара со тоа прашање, ама ипак ги праи обичаите пошто од кај знаеш, нешто го копка дека постои Бог иако не е скрос убеден.

Мики е скрос убеден до степен да се испоубие со некој за тоа прашање.

На Анте му е се' едно. Ако постои постои, ако не не. Нема буквално став за тоа прашање.

Семантички не можам скрос да ти ја доловам поентата, али сигурност/несигурност во вистинитоста на одредено нешто може да варира во интензитет што ми беше првенствената поента.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Роџер, па и не е екстрем, него симплифицирање на работите. Ако фатиме да цепидлачиме, тогаш треба и верниците да ги ставиме на кантар. Еве мики е 99%, исто и еден друг давеж, ама спиро е 50%, нели?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
:)

Прво ти си за ќутек :). Ти ја почна дискусијата таму. Ќе честиш пиво за казна. :D
Прво, без дилема, мајка ти е атеист, без разлика на двоумењето. Кооператива колку и да е убеден не го знае тоа пошто никој не го знае тоа, затоа се вика вера, нели? И тој е атеист. Невена е исто атеист (да те поправам со кој бог од 4000+ не и штима? Марија некако пантеизам и побожност не идат заедно, освен ако не мислиш на (морам на англиски) спиритуалност, кое нема врска со спиритуализам. Ако е убедена во пантеизам, атеист е. Анте и што и да го боли не е религиозен, пак е атеист. Ќе речеш различно е. Да е различно. Не се сите атеисти исти. Секое верување во богови надвор од религиите, (Деистички, пантеистички, панентеистички, цпинозин..... или што јас знам каков некој бог) не го прави некого не-атеист. Се разбираме сега?
Друга работа па и за @Donald Sikert се однесува. Нели нема врска со науката, атеизмот? Што морам да имам став за некакво научно алтернативно “решение“? Прифаќам и се (па и некаков си бог), и ништо. Ама сакам да знам, не ми треба верувањето. И најголемиот верник, ако има доказ, нема веќе да верува во бог. Зошто....? Размислете.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Како и кога доаѓа до таква одлука, и врз база на што?
Постоење на докази, недостаток на истите, сопствено знаење и уверување, влијание од околината, традиција, култура, образование. Шо ти знам јас, ова е ептен "истресена" генерализација, онака од ракав. Можеби би било полесно , ако сам себе си ги поставиш истите прашања.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
8.566
До толку знам хемија, ама ВЕРУВАМ дека во нивното книжуле го има и тоа, па да ми објаснат. Нели, науките се дело на рогатиот така да и металите имаат ковалентност.
Еве ти добар прирачник за хемиските врски:

http://www.smallscalechemistry.colostate.edu/PowerfulPictures/ChemicalBonding.pdf

Toa дека науката е дело на рогатиот може да го тврди само заблуден схоластик, не и вистински верник.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
И двајцата ја грешите, да не реплицирам поединечно и на повеќе постови дискусијата е таа.
Не постои 58% посто теист или 82% теист. Тој што е теист е 102,3% теист што би рекол кока кола. И би држело до некаде да беше една религија и еден бог во кој веруваат или верувале луѓето. Како што Доналд ги посочи неколку нетиестички варијанти требаше да посочиш и повеќе богови во претходниот пост. И да ссе тие нетеистичките варијанти што ако ниедна не ми се допаѓа? Ниту еволуција, ниту генетскиот инжинеринг, ни вонземјани ни... не знам што беше уште таму набројано. Кое е тука верувањето во тој случај? Или едноставно qr ме боли дали е првата втората или десета? Што има врска тоа со Атеизмот? И да е, еве некој повеќе наклонет на една да речеме варијанта, не ги исклучува другите или не е е убеден дека било која од тие е точна... Никој не стои толку цврсто на било која од тие можности (макар да има исклучоци).
За агностицизмот не е 50-50 постои или не постои. А кое е тоа 50% да постои? 10% Сварог 8% Јупитер 3 % Один 11% Брама и 7% Ра? Или како? Агностицизмот е сосем друго, и никогаш не стои сам. Во 99% е кон атеизмот и 1% кон теизмот (слободна проценка, не е статистички податок). Како и во атеизмот така и агностицизмот има различни степени (или веке не знам како да ги наречам) и не е неспоив со атеозмот (па Чак ни Норис, со теизмот) Не е нешто трето, не е нешто измеѓу.
Јас мислам дека убаво ти објаснив.

Се е до степенот на доделување веројатност на одредена хипотеза во твојата риск анализа, што да прифатиш, за да припаднеш на едната или другата човечка конвенција.

Навистина ми е нејасно зошто се противш на категоризација дека си теист со верба во одреден прашање која се стреми кон нула?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Мислам дека е коректно да кога се спомнува некој Атеизам, да биде ословуван со голема бука А, исто како и за Христијанство, Ислам и сл, нели? Како што ние покажуваме почит, коректно е и обратно. Во спротивно, гневот на Летечкиот Розев Еднорог ќе биде страотен:mad:
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Истата може и да се сруши, нели? Не биди сигурен во нешто за кое нема доказ. Играј паметно, итро, а не ко овчичка која го следи пастирот.
Така де. Ако се сруши уште толку иде удоле веројатноста.[DOUBLEPOST=1413573892][/DOUBLEPOST]
Роџер, па и не е екстрем, него симплифицирање на работите. Ако фатиме да цепидлачиме, тогаш треба и верниците да ги ставиме на кантар. Еве мики е 99%, исто и еден друг давеж, ама спиро е 50%, нели?
Верниците се теисти со верба во одреден прашање која се стреми кон 1, односно 100%.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Јас мислам дека убаво ти објаснив.

Се е до степенот на доделување веројатност на одредена хипотеза во твојата риск анализа, што да прифатиш, за да припаднеш на едната или другата човечка конвенција.

Навистина ми е нејасно зошто се противш на категоризација дека си теист со верба во одреден прашање која се стреми кон нула?
Ова исто ко и за теистот дека Е атеист кој се стреми кон 1?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
:)
Прво ти си за ќутек :). Ти ја почна дискусијата таму. Ќе честиш пиво за казна. :D
Прво, без дилема, мајка ти е атеист, без разлика на двоумењето. Кооператива колку и да е убеден не го знае тоа пошто никој не го знае тоа, затоа се вика вера, нели? И тој е атеист. Невена е исто атеист (да те поправам со кој бог од 4000+ не и штима? Марија некако пантеизам и побожност не идат заедно, освен ако не мислиш на (морам на англиски) спиритуалност, кое нема врска со спиритуализам. Ако е убедена во пантеизам, атеист е. Анте и што и да го боли не е религиозен, пак е атеист. Ќе речеш различно е. Да е различно. Не се сите атеисти исти. Секое верување во богови надвор од религиите, (Деистички, пантеистички, панентеистички, цпинозин..... или што јас знам каков некој бог) не го прави некого не-атеист. Се разбираме сега?
Друга работа па и за @Donald Sikert се однесува. Нели нема врска со науката, атеизмот? Што морам да имам став за некакво научно алтернативно “решение“? Прифаќам и се (па и некаков си бог), и ништо. Ама сакам да знам, не ми треба верувањето. И најголемиот верник, ако има доказ, нема веќе да верува во бог. Зошто....? Размислете.
Ок де. Сакај си ти да знаеш. ДОдека не дознаеш, веруваш.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
8.566
:) Ама сакам да знам, не ми треба верувањето. И најголемиот верник, ако има доказ, нема веќе да верува во бог. Зошто....? Размислете.
Си слушнал ли ти за вера, надеж и љубов? Знаеш ли ти дека во животот во Идниот Век (Небесното Царство) нема да постои ни вера, ни надеж, туку само љубов? Нема да постои вера зашто нема повеќе да веруваш во Бог, туку ќе Го знаеш, нема да постои надеж зашто нема да Го очекуваш повеќе, туку Тој ќе биде секогаш покрај тебе. Ќе остане само безграничната љубов.

Ти сега, на овој свет, како сакаш да знаеш? Тоа е контрадикторно.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ок де. Сакај си ти да знаеш. ДОдека не дознаеш, веруваш.
Не бе брат не верувам. Работам бинарно (1 или 0) нема тежи кон нула. Кога ќе знам или кој кога ќе знае нема верување, знаеш и толку. Како можеш да веруваш во нешто што знаеш. Знаеш дали ручаше денес или веруваш? За некого можеби важи таква квалификација. Не секаде можеж да генерализираш. Дај ми знаење, ќе знам. Упорно буткаш нешто под нос како што ти мислиш дека треба.

Си слушнал ли ти за вера, надеж и љубов? Знаеш ли ти дека во животот во Идниот Век (Небесното Царство) нема да постои ни вера, ни надеж, туку само љубов? Нема да постои вера зашто нема повеќе да веруваш во Бог, туку ќе Го знаеш, нема да постои надеж зашто нема да Го очекуваш повеќе, туку Тој ќе биде секогаш покрај тебе. Ќе остане само безграничната љубов.

Ти сега, на овој свет, како сакаш да знаеш? Тоа е контрадикторно.
А ти као вчера се врати од таму па ни пренесуваш нели? :pos:
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не бе брат не верувам. Работам бинарно (1 или 0) нема тежи кон нула. Кога ќе знам или кој кога ќе знае нема верување, знаеш и толку. Како можеш да веруваш во нешто што знаеш. Знаеш дали ручаше денес или знаеш? За некого можеби важи таква квалификација. Не секаде можеж да генерализираш. Дај ми знаење, ќе знам. Упорно буткаш нешто под нос како што ти мислиш дека треба.
А какво знаење сакаш да добиеш и за што?

Како ги класифицираш работите за да ги отфрлиш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom