Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Иронично е да нафрлаш некому епитет како "богохулие", кој всушност не е ништо друго туку интелектуална немоќ и интелектуална импотенција кога станува збор за аргументи. Одејќи по оваа ваша сопствена логика, вашите верувања се богохулие за муслиманите. Бидејќи за нив вие му припишувате син на Бог, а тоа за исламот е едно од најголемите Богохулија! И сега дали тоа значи дека вие сте Богомразци?И за на крај целта(богохулија, провокации, хранење на егото и омразата) на вашите теми дискусии веќе повеќето членови - верници, ја препознаа, и не фаќаат на вашите провокации а вие кутрите си го храните егото мислејќе ’’ги притиснавме до ѕид’’.
За решавање на овој проблем треба вие малку да подзапрете со навредите и особено богохулијата, а модераторите и администраторите да ја земат малку раотата во раце, во спротивно квалитетот на дискусија или воопшто дискусијата драстично ќе се намали.Толку од мене. Се надевам ти стана појасно.
За решавања на овој проблем, треба вие да разберете дека различниот став или несогласување не е навреда и дека таа навреда постои само во умот на ограничени луѓе - догматски индоктринирани, и дека немањето аргумент итекако значи дека некој ве притиснал до ѕид.