Па и не треба да прашува на вакви празници. Ме сфаќаш? Тоа смета.
Ај попластично, јас тоа го едначам со масакарот кај Смилковско. Немаше помалку да е масакар ако беше по 1 недела, туку сакаше да се испрати порака и затоа беше баш тогаш.
ОКЕЈ форум е, ама не јади гомна кога јас нешто празнувам, ќе јадеме откако ќе ми помине празникот. Тоа се вика почит и култура.
Башка и си има соодветна тема, не тука каде верници си честитаат празник, остави ги луѓето бар на празник не им брцај во очи.
Јас пробав во оваа тема да прашувам/одговарам, но сите други продолживте во другата тема да пишувате, иако самите давате насоки овде да пишуваме.
Како поповите, слушај што ти зборам, не ме глеј што правам
Како бе не треба да се прашува на вакви празници? Па ти како дете (а и возрасни) кога си прашувал што означува некој празник, кое е значението на некој обичај. Кога прашуваат зашто скокаме по крстот, кога прашуваат што значи лебчето со паричка или кога прашуваш за некои туѓи обичаи што значат.
Не може и не смее да смета. Ако ти смета, тогаш нешто не е во ред со твоите верувања, со начинот на кој ја применуваш својата религија, вера и во никој случај не е јадење гомна. Ова со јадењето гомна излегуваш сличен ко фантаците, а сметам дека не си од тие.
Баш овој твој став е тоа што ги оддалечува младите од духовното и ги носи во технологијата, материјалното. Целта е симбиоза, не од една крајност во друга крајност.
Сега знаеш како викаш, зошто би одел кај забар кога ме боли заб ќе одам кај автомеханичар.
Не ти велам дека треба да му веруваш, ти велам дека можеш подобро да се информираш пошто тоа „му е работа“, а твое ќе биди непристасно да гледаш од твоја страна и да извлечиш свои заклучоци.
И не, не мора да прашуваш некој кој е поп или монах, еве прашај оџа. Зошто да не?
Па да си имал желба нешто подлабоко да осознаеш, немаше за гласникот пратен од господ да кажуваш дека е автомеханичар. Ако сега повторно дојде некој гласник како Исус, Мухамед, Мојсеј, вие верниците кои слепо се држите до храмовите, први ќе го пратите во лудница, бидејќи владиката или папата или рабинот не потврдиле.
Во универзумот на информации, јас одлучив да се информирам од луѓе кои своите знаења, зборови успеале да ги преточат во материјалниот свет, нешто да создадат, не само филозофии и бајки.
Заборавив битна ствар, во дискусиите со некој кој се нарекува „слободоумен“ или е во потрага по „вистината“ (не мислам на тебе), најчесто сретнуваш вакви дилеми - од типот на барање емпириски докази во световноста / религијата и поставување на догми во емпиријата / науката.
Не оди тоа така другар, затоа и постои секуларна власт (црквата и државата се одделени и не е едно исто), така е и со науката не можеме да поистоветуваме бидејќи нема да дојдеме до ништо и само ќе се вртиме во круг.
Не се согласувам. Баш треба да се бараат емпириски докази и има луѓе кои даваат одговори поддржани со практични објаснувања и докази. Нели и самиот господ рекол, побарај и ќе ти биде дадено, но тоа не значи дека господ ќе работи за тебе, туку ќе работи со тебе, притоа треба да сме спремни за тоа што го бараме.
Со делење на црквата и државата, со развојот на технологијата, со безброј информации, луѓето не се задоволни од паушалните одговори на религиските чиновници, затоа и се повеќе забегуваме кон технологијата или лутаме. Колку повеќе прашуваме, повеќе ќе дознаеме и посигурно ќе чекориме низ животот, а нашите наследници ќе имаат подобра иднина.
Прочитај ја книгава или ислушај дел и кажи дали подобро објаснува него ли Муамер Зурколич и отец Предраг Попович, Пајсеј и други
If you enjoyed this audio book leave a Like and Comment which audio book we should add next. Don't forget to subscribe and turn on notifications, so you can ...
www.youtube.com