Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.319
- Поени од реакции
- 12.334
Не држи ова што го зборуваш во библијата како книга, тоа е христијанска книга... еврејскиот мистицизам го содржи тој шмек што ти го спомна - правиш разлика нели?

Евреите се тие кои ги пренесуваат нештата „за понатаму“ - и тоа не е „Библијата“.
Ниту јас и ти не сме исти заради искуствата. Сите сме ѕвезди со свои орбити... со свои пракси и свои искушенија. Твоите разбирања за сказните е заради твојот видокруг и твојот универзум. Секој друг има свој универзум и свое искуство и раазлично ги разбира симболите - според патот

Слични симболи и разбирања имаат луѓе чии универзуми се сечат или одат по слична патека... но и тогаш никој не е ист со било кој друг на Земјата!
Затоа Телема нуди бесконечни патеки и не го оганичува човекот со алатки - секој сам избира како ќе напредува и ќе се усовршуа на две нивоа.
Нема врска времето освен ако не се гледа како простор за искуство по волја.
Реков ако сметаш дека библијата на христијаните е она што тебе те задоволува како човек - во ред, нека ти биде... но не ме убедувај дека ти ќе ми дадеш одговори преку други приказни или учења, а реално не знаеш ниту едно друго учење и само ова ти е читано како книга.
Јас постојано повторував дека за да се разберат евреите и нивното петокнижие и пророци треба да се откачи човек од христијанството (нивната „Библија“, тоа не постои кај евреите) и да ги проучи евреите и нивните симболи, но, можеби тоа ќе го согледаат некои идни читатели на форумов или идни луѓе со кои ќе дискутирам тука

Така, ќе дојде човек да го разбере и христијанството и зошто се појавува на светската сцена... тоа пак ќе даде одговор за исламот и нивниот чуден интерес и спојување на истокот и западот: хеленската и источната мисла во едно, па друго па трето итн итн...
Но ти не сакаш да се заморуваш, ти сакаш да ми толкуваш како ти го разбираш христијанството, а мене ми е небитно што ти една та иста сказна ќе ми сега кажеш со други зборови, прераскажани и објаснети пред тебе од купишта други луѓе - бидејќи тоа е таа книга уредена од христијани.
И се мислам дека не ме разбираш кога велам дека се обидуваш да толкуваш туѓа света книга и очајно се обидуваш „Библијата“ да ја извадиш од христијанството заради некоја твоја причина, која мислам дека ја разбирам, но не можам никако да ти помогнам...
Таа е само нивна света книга - на никој друг...