Сине беше кажано еднаш од забава, испадна ти да изреагираш како да те тргнав од средина на твоето општење со богот...
И од тогаш така ти велам и ти на секое „сине“ - се препелкаш...
Батали го тоа, се знае дека си христијанин што не сака црква и затоа од петни жили сам си ги толкува нештата како ти чини... што е добро.
Не сме од вчера, се знаеме, ти го знам менувањето низ времето на форумов и од каде на каде изодуваш.
Еми ќе напишам нешто набрзина, да видиш како е без да мислиш кога пишуваш испровоциран без да се има потреба од тоа, кога сешто ти доаѓа на ум само да ми вратиш со сешто пишување... веднаш навреден се чувствуваш, нападнат... да, сите сме нападнати на подфорумов Религија.
Сите религии се една против друга и против се и сешто... љубовта за која зборуваат не е љубов за која што се зборува во источните философии, бидејќи таму има пракса за тоа, а овде е верување и љубовта е само мисловна именка, само својот го сакај, другото, господ ќе го реши... така?
Дали се разбира, дали се познава она кон кое се гради омраза, нема врска, битно е да си против и „моето објаснување е врвот и најточно, верувајте во мојот концепт на божественост, јас ги разбирам светите книги...“ и тоа е така со векови, не е од сега. Нетот само го доближи тоа до луѓето кои се заморуваат со религии, верувања и учења кои постоеле, постојат и како ќе се развиваат во иднина.
Каде реков дека си ти Телемит? Како мислиш да побараш членство? За каде? Зошто ми ставаш зборови во уста кои не мислам никогаш да ти ги упатам?
По твојата моќ на пресудување така одлучи? Или егото ти се полни додека тркалаш идеи како Хептаграм XI како Телемит сака еден алф да биде Телемит? За тоа сме зборувале на темата Телема, како и зошто се станува Телемит... таму има напишано убаво, јасно и гласно.
И како мислиш дека некој може да те прогласи за Телемит? Ти треба прогласување?
Чујте и почујте, во тој стил?
Христе боже дојди збери си ја вересијата, јас не можам повеќе... до толку е дојдено
Што е ова, стар еон? Ќе кренеш прст и ќе прогласиш некој за сатанист и зло на пример и толку? Ќе го избркаме до крајот на светот за да не постои бидејќи ни смета на нашите проповеди и толкувања на старо-еонските книги, ќе им бараме нова смисла...?
Не може така.
Светите книги од стариот еон може само да се прераскажуваат во светлото на новото време, не да се толкуваат како ти што правиш, бидејќи не се компатибилни со човештвото... не може да се верува и толку...
Верувањето е почеток... ако остане само на тоа, ќе создадеме нови догми и никакви алатки за да напредвува човештвото. Премногу сме успорени заради такви работи... не барај пламен да најдеш каде што нема пепел, не пак жар за нов оган што ќе го распламти човештвото кон новото!
Исус никогаш не бил без националност и без револуција во себе - насочена кон другите! Зошто е распнат?
Донесе меч и донесе разделба... што потоа нели, отците и се останато почна да толкува, како одговара без да се заморуваат со историјата и зошто и како се појавило сето тоа движење и проповедање во Јудеа...
Сето ова поимање го имаш за христијанството и Исус бидјеќи читаш редактирани IV век грчки преводи (што тебе не ти менува ништо, нели?) на текстови кои никогаш нема да ги видиш со очи (оригиналите)... создаваш митолошки Исус и го касапиш за да изгледа нов, во новото време и новото човештво. Ништо посебно, реков и претходно...
Веќе видено, но ти бидејќи нели нема потреба да си запознаен со историјата и минатото, не читаш ништо, доволни ти се евреите и христијаните за да градиш своја секта...
Повели слободно туркај, реков добро сме те навлекле на патот, само продолжи... не мислам да те сопрам.
Мислам дека пропушташ една тема, оди спукај некое толкување од апостолите, што кажале за Христос и што тоа значи...
П.С. И лесно е да проповедаш „не прави ова„, „не прави она“, „Исус е во тебе“... пробај да го правиш тоа што го проповедаш тука... ќе видиш кој е во тебе.