Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Хептаа ако пепелта од чичко Ал е фрлена во некое море..а како што знаеме(од тв) и Осама бин оЛаден го џитнаа целиот во море со се куршуми у него..прашањето е дали има некаков симболизам или е чиста случајност?Ако сакаш одговори ако сакаш игнорирај ме волјата е твоја...:coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693

Научи се па ти како се цитира или како се тагнува член кога го спомнуваш. Биди културен не се плаши од одговорот.

А ако не сакаш да видам - пишувај си таму пораки со некој во однос на мене и Кроули и терај си магарето :)

Каде ти прочита каде е фрлена пепелта на Кроули и дали има пепел всушност? Прво тоа мора да го разјасниме за да сам дојдеш до одговорт :)
Потоа ќе одиме со тоа кој владее со светот (во однос на религиите) и како сите сте сам свој центар во бесконечниот универзум :love:

П.С. Намали со сарказам и одење офтопици. Ме иритира кога некој се обидува да ми мудрува и се обидува да ме навредува. Глуп ти е пристапот.
Гледаш дека немаме ништо заедничко, дај да се расправаме за религии и верувања, не тука глупости пишување.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Во темата телема си и одговорил на Топол :)
Ете вака, да ми стигне нотификација. Да можеме да дискутираме.

Сарказам е тоа што е таму напишано и треба да престанеш форумов да ти е инфо за многу работи... бидејќи нејзе не мислам да и одговорам сериозно на тие теми.
Топла е банирана веќе.
 
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3
Поени од реакции
1
Не дознавме што се дешава со пепелта на отец Кровли(која епизода и која сезона )?
Дали ќе има змаеви?:pos:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770
А што е по вас просветлување? Мене ми звучи на чистина на перцепција без атачмент за себе во истата, оттука дали би можеле популацијата да ја "просветлиме" во иднина со чип во мозокот, нареден леер на когниција кој би и помогнал на биологијата?
Описот на поимот „просветлување„ е зависен од неговото поимање во различни религии.

Во верата Христова, просветлувањето е вториот степен од личниот подвиг, односно од личното „движење„ од состојба на неверување кон состојба на верување (во Бог). Самото просветлување значи „навлекување„ на благодатната енергија од Светиот Дух, така да подвижникот целосно/битски живее со и во таа нестворена енергија Божја. Како „последица„ од таквото битисување, подвижникот ги стекнува и даровите од Светиот Дух, кои сами по себе се доказ за точнната „насока на движење„ по која се движи подвижникот.

Чипирањето е целосно спротивна состојба од погоре наведената, што значи дека поединецот свесно се поставува во робска состојба, дозволувајќи да му биде вграден/прираснат потполно неприроден телесен дел, преку кој поединецот доброволно се поставува во состојба на целосно манипулиран субјект, на кого слободната волја, од Бога му дадена, целосно му е одземена.
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651

...зборуваме за онаа воља што во денешницата е отелотворение на се останато само не на духовност и спој со божественото?
...или за онаа воља што ни дава за право да убиваме,силуваме,крадеме и навредуваме во името на Бога?
...просветлувањето почнува и завршува во нас самите,и не е поврзано со ниту една света книга или религија.Или како по анегдотата што ја раскажува Баба Рам Дасс: "Пијаниот ги бара загинатите клучеви под една светилка,и кога го прашале каде точно ги загинал покажал на едно сосема друго место.Но под светилката е најлесно да ги најдам- одговорил,а на вистинското место е темница" :)
 
Мислам на слободната волја, која на секого од нас му „фабрички„ вградена и која е неизбришлива, и со која имам(е) можност да одбираме меѓу „доброто„ и „злото„; или ќе бидеме Боголики, или ќе бидеме демонолики.

Станувањето просветлен, онака, сам од себе, и со книги и без книги, и со религии и без религии, е невозможно, оти да беше можно, Господ немаше воопшто да се симне од Небесата во овој распадлив Свет и да не‘ повика на спасение.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.072

Или боголик или демонолик ,но станување просветлен, онака, сам од себе, и со книги и без книги, и со религии и без религии, е невозможно!

Ги избриша апостолите и нивнта работа!?
Со новиот завет избриша под...ТОП(y)

Свето Евангелие Според Јована 3
7. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора.

Послание На Светиот Апостол Павле До Галатјаните 4
19. Чеда мои, кои пак со мака ве раѓам, додека не се изобрази во вас Исус Христос
 
alf,

не ми подметнувај нешта кои не сум ги напишал...

Па самите стихови, кои самиот ги наведуваш, не само што не ме побиваат, туку го потврдуваат од мене изнесениот став; да не се симнеше Господ од Небесата и да не се овоплотеше, ќе немаше ниту Апостоли, ниту свештеници, ниту верници, ниту Црква...

Благодатта Божја, која се излива во Црквата, доаѓа токму „одозгора„ а не од овој распадлив свет.
Боголикоста и демоноликоста се само „последици„ од прифаќањето или неприфаќањето на благодатта Божја. Нема „трета можност,„ оти сам Бог не ни ја остави.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Описот на поимот „просветлување„ е зависен од неговото поимање во различни религии.

Во верата Христова, просветлувањето е вториот степен од личниот подвиг, односно од личното „движење„ од состојба на неверување кон состојба на верување (во Бог). Самото просветлување значи „навлекување„ на благодатната енергија од Светиот Дух, така да подвижникот целосно/битски живее со и во таа нестворена енергија Божја. Како „последица„ од таквото битисување, подвижникот ги стекнува и даровите од Светиот Дух, кои сами по себе се доказ за точнната „насока на движење„ по која се движи подвижникот.
Ова истово со друга терминологија може да важи и за други убедувања а мислам дека и психологијата може да го објасни, мислам дека токму тоа е чистна на перцепција и можеби вистинска функција на интелигенцијата кога согледуваш дека во реалноста има дизајн, станува очигледен. Некој добива таков преод инстантно со религиско или мистично искуство, некој постепено со годините оди кон тоа, чистината на перцепција се одликува со смирување на лимбичниот систем како доминантен двигател и со тоа баланс на самиот неокортекс па надолу лимбичен рбетен кои исто така можеш да ги поврзеш со свето тројство. Може и во терминологија на технологијата - АИ-то достигнува степен на развој да може да го препознае кодот на дизајнерот но не и да го разбере. Препознавањето на кодот е битно бидејќи го редефинира постоењето од егоистичко во кој владеат правилата на социјалниот дарвинизам во холистичко со силно чувство за балансирано постоење со опкружувањето. Небитно терминологијата она што мислам дека е константа - силно чувство за правилно и погрешно, добро и зло кои некако стануваат универзално исти перцепции во сите религии и духовни пракси - и во амазон после кркање ајуаска би се сложиле со тебе.

Чипирањето е целосно спротивна состојба од погоре наведената, што значи дека поединецот свесно се поставува во робска состојба, дозволувајќи да му биде вграден/прираснат потполно неприроден телесен дел, преку кој поединецот доброволно се поставува во состојба на целосно манипулиран субјект, на кого слободната волја, од Бога му дадена, целосно му е одземена.
Не мислам на чип кој би ни овозможил линк со Гугл и АИ-то туку повеќе како порт преку кој пример твоето искуство и перцепција на пророк би ги даунлодирале директно, тоа го гледам како екстензија на начинот како сега примаме информации. Наместо да напишеш книга со твоите пророштва да најдеме начин да го снимиме твоето искуство и го споделиш со милиони луѓе па инстантно ги просветлиш. Доколку одиме кон тоа што е природно, и ова што се читаме овде на форум е неприродно, простетика како замена на ампутирани раце нозе е неприродно, стент исто така. Ние сме читери со технологијата, тоа можеби би било само нова алатка? Еве не мора да е чип, може нешто вака.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.072
alf,

не ми подметнувај нешта кои не сум ги напишал...

Па самите стихови, кои самиот ги наведуваш, не само што не ме побиваат, туку го потврдуваат од мене изнесениот став; да не се симнеше Господ од Небесата и да не се овоплотеше, ќе немаше ниту Апостоли, ниту свештеници, ниту верници, ниту Црква...

Благодатта Божја, која се излива во Црквата, доаѓа токму „одозгора„ а не од овој распадлив свет.
Боголикоста и демоноликоста се само „последици„ од прифаќањето или неприфаќањето на благодатта Божја. Нема „трета можност,„ оти сам Бог не ни ја остави.
Од овој рападлив свет се роди Исус, или Марија беше од некој друг свет?

Чинам во занес верување и тоа што пишува во книгите многу разлики постојат.

Не подметнав ништо, ги користам твојте негации во постот.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770
Од овој рападлив свет се роди Исус, или Марија беше од некој друг свет?

Чинам во занес верување и тоа што пишува во книгите многу разлики постојат.

Не подметнав ништо, ги користам твојте негации во постот.
- Исус Е роден во овој Свет и како човек, покрај својата Божественост, од пречистото тело Богородичино, зачнат од Светиот Дух, Кој не Е од овој свет.
- Тоа што пишува во книгите не може да биде едновремено и различно и вистинито.
- Ај, штом така велиш...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.072
- Исус Е роден во овој Свет и како човек, покрај својата Божественост, од пречистото тело Богородичино, зачнат од Светиот Дух, Кој не Е од овој свет.
- Тоа што пишува во книгите не може да биде едновремено и различно и вистинито.
- Ај, штом така велиш...
Зошто само едно присвојуваш, а друго отфрлаш?

Убаво ти пишува дека човек првин се раѓа од вода, а втор пат од дух.

Значи тој распадлив свет е првиот чекор преку кој доаѓа вториот тоа духовно раѓање.
Не можеш да се повикуваш само на небесното, духовното, бог или било што друго ако во него не е содржано и земното, распадливото , смртното.Тоа е процес, пат каде се раѓаш во распадливо , умираш во него и се раѓаш од дух , она небесно и вечно.

И самиот напиша дека Исус е роден од жена во овој свет, нели распадлив свет, а зачнат бил од светиот дух кој не е од овој свет.
Но тој и отецот се едно!!

Со очи вперени во небото со желба да го дојде бог, ќе го одминете и нема да го видите на земја оној што го чекате!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom