Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Со очи вперени во небото со желба да го дојде бог, ќе го одминете и нема да го видите на земја оној што го чекате!
Боговите ниту доаѓаат ниту си одат, исто како што енергијата ниту исчезнува ниту се добива нова :)

Мноштвото секогаш одминува :coffee: Така е низ целата Земја, низ сите епохи...
Мислам дека и во овој случај се зборува и за конкретни бројки колку од кое колено, „ќе се спасат“, откако ќе дојде меѓу нас...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

Не мора толку дрско со поделби помеѓу боговите кој ниту доаѓаат ниту си одат и од друга страна мноштвото одминувало.Немој така.

Ќе дојде, биди стрплив.

п.с Почни да размислуваш да напуштиш модераторска фотеља.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Не мора толку дрско со поделби помеѓу боговите кој ниту доаѓаат ниту си одат и од друга страна мноштвото одминувало.Немој така.

Ќе дојде, биди стрплив.

п.с Почни да размислуваш да напуштиш модераторска фотеља.
Јас не ни размислувам за модераторство кога расправам по форумов со вас. :) Добро се држите без навреди и одлично дискутираме... иако се плашите да пишувате или немате повеќе што да кажете бидејќи... можеби толку е што има да се каже за старите религии?
Едно та исто... ни недостасуваат муслимани, ќе имаат поголема жар дискусиите...

Каде виде дрскост? Или пак поделба?

Да, боговите не заминуваат, не доаѓаат. Тоа може само да изгледа така привидно за некој што за прв пат видел бог и да викне во екстаза: Ете, бог! И потоа кога ќе западне во мрачните лавиринти на својот дух да викне: Татко татко зошто ме остави... The Dark night of the Soul :)

И го знам тоа „ќе дојде“. Доаѓа веќе... многу време. Секако ќе го одминеме или распнеме... зависи од времето и просторот.
Сличен муабет како од новиот завет, само прераскажано, „протолкувано“ бидејќи нели, нови пророци си требаат што комуницраат со Христос.

П.С. Можеби ќе размислам да го напуштам форумов, што се грижиш. Конечно ќе можеш на мир да зборуваш за Исус, ама оној вистинскиот, не христијанскиот православен Христос, а јас нема да ти сметам во проповедите... :coffee:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
Зошто само едно присвојуваш, а друго отфрлаш?

Убаво ти пишува дека човек првин се раѓа од вода, а втор пат од дух.

Значи тој распадлив свет е првиот чекор преку кој доаѓа вториот тоа духовно раѓање.
Не можеш да се повикуваш само на небесното, духовното, бог или било што друго ако во него не е содржано и земното, распадливото , смртното.Тоа е процес, пат каде се раѓаш во распадливо , умираш во него и се раѓаш од дух , она небесно и вечно.

И самиот напиша дека Исус е роден од жена во овој свет, нели распадлив свет, а зачнат бил од светиот дух кој не е од овој свет.
Но тој и отецот се едно!!

Со очи вперени во небото со желба да го дојде бог, ќе го одминете и нема да го видите на земја оној што го чекате!
Изнесуваш неконзистентни ставови, нафрлаш неповрзани произволности, што значи дека ти недостасува пристојно предзнаење за оваа тема.

Повикувањето на стихови од Писмото не ќе е добра пракса...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Јас не ни размислувам за модераторство кога расправам по форумов со вас. :) Добро се држите без навреди и одлично дискутираме... иако се плашите да пишувате или немате повеќе што да кажете бидејќи... можеби толку е што има да се каже за старите религии?
Едно та исто... ни недостасуваат муслимани, ќе имаат поголема жар дискусиите...
Ти посочив да размислиш бидејќи си дел од она мноштво кое одминува.;)

Каде виде дрскост? Или пак поделба?

Да, боговите не заминуваат, не доаѓаат. Тоа може само да изгледа така привидно за некој што за прв пат видел бог и да викне во екстаза: Ете, бог! И потоа кога ќе западне во мрачните лавиринти на својот дух да викне: Татко татко зошто ме остави... The Dark night of the Soul :)
Ако тоа го вели филозофијата која ја следиш,тогаш за тебе/вас сигурно е така.
Уште се "потпираш" на стапот(мажот- жената) глумејќи го Мојсе кој ги изнесува робовите од египетската земја(стариот еон)?
Сине-ќерко до кога ќе луташ?

И го знам тоа „ќе дојде“. Доаѓа веќе... многу време. Секако ќе го одминеме или распнеме... зависи од времето и просторот.
Сличен муабет како од новиот завет, само прераскажано, „протолкувано“ бидејќи нели, нови пророци си требаат што комуницраат со Христос.
Не ни знаеш што значи распнување и кој тоа го прави и кој го одобрува,затоа и вака буквално го толкуваш.Не е тоа историска приказна случена таму некаде далеку во времето , туку овде и во секое време се случува, но слепите првин теба да прогледаат за да видат!
Инаку како да му кажеш на слеп како изгледа темнината,кога не видел светлина!

П.С. Можеби ќе размислам да го напуштам форумов, што се грижиш. Конечно ќе можеш на мир да зборуваш за Исус, ама оној вистинскиот, не христијанскиот православен Христос, а јас нема да ти сметам во проповедите... :coffee:
Сине-ќерко барај си друга пустина!
Автоматски споено мислење:

Повикувањето на стихови од Писмото не ќе е добра пракса...
Од тоа Писмо(со голема буква п) оглувевте и ништо друго не слушате.Ама кога некој со цитати ве разобличува тогаш не е добра пракса да се повикува на стихови.
Да ја искинеме библијата на прачиња,што викаш?
Оној што е во мене истиот е и во тебе,затоа ти посочив на друго место дека не го познаваш.

Остај книги и земи носи си го крстот.
Никој не те повика да сведочиш лажно за својот бог,затоа немој твој слепи мисли во негова уста да ставаш!
Во верата Христова, просветлувањето е вториот степен од личниот подвиг, односно од личното „движење„ од состојба на неверување кон состојба на верување (во Бог). Самото просветлување значи „навлекување„ на благодатната енергија од Светиот Дух, така да подвижникот целосно/битски живее со и во таа нестворена енергија Божја. Како „последица„ од таквото битисување, подвижникот ги стекнува и даровите од Светиот Дух, кои сами по себе се доказ за точнната „насока на движење„ по која се движи подвижникот.
Станувањето просветлен, онака, сам од себе, и со книги и без книги, и со религии и без религии, е невозможно, оти да беше можно, Господ немаше воопшто да се симне од Небесата во овој распадлив Свет и да не‘ повика на спасение.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
Од тоа Писмо(со голема буква п) оглувевте и ништо друго не слушате.Ама кога некој со цитати ве разобличува тогаш не е добра пракса да се повикува на стихови.
Да ја искинеме библијата на прачиња,што викаш?
Оној што е во мене истиот е и во тебе,затоа ти посочив на друго место дека не го познаваш.
Кога ти би го познавал Писмото, наместо просто „копи/пејст„ од истото, ќе ни кажеше и што е напишано во напишаното...:icon_lol:
Вака, делуваш како и секој добар протестант, кој е убеден дека затворил нечија уста, а притоа не кажал ништо.
Автоматски споено мислење:

Остај книги и земи носи си го крстот.
Никој не те повика да сведочиш лажно за својот бог,затоа немој твој слепи мисли во негова уста да ставаш!
Крстот ми е веќе земен, не морам два пати да го земам.
Не сведочам лажно, туку ти си во тешка прелест...ај, може ќе ти текне.

Ај за почеток, кажи што значи изразот „земи го својот крст„. Со нетрпение го очекувам одговорот...ако го имаш. Се сомневам...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
бидејќи си дел од она мноштво///
Уште се "потпираш" на стапот(мажот- жената) глумејќи го Мојсе
Сине-ќерко до кога ќе луташ?
Ништо од ова што го зборуваш нема допирни точки со мене.

Стапот наречен „Маж Жена“, па и Мојсеј (Муса) :coffee:

Колку што знам ти си нов пророк, што зборува со Христос и ни ја толкуваш „правилно“ библијата.
Не може да крадеш од евреите и да создаваша секти... глупо е, видено веќе, досадно, бесцелно...

Според тебе, иако зборуваш за христијанството и библијата, излегува нека одат по ѓаволите и еврејските рабини кои ги создале тие писанија (еврејскиот закон) и сите езотериски симболи испреплетени таму, нека одат по ѓаволите и останатите - ти си тука, да ни кажеш за Исус и новото христијанство, ниту православно ниту католичко заедно со сите деривати. Ти ќе ми кажеш за Бабалон или за Ѕверот... или за Соломон кој што со сигили успеал да ги командува духовите ...
Баш ти? :coffee:

Ти си бил поопасен од мене во однос на старите религии, море сине - добро сме те потковале преку форумов по се изгледа...
Напред! Само напред!
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Кога ти би го познавал Писмото, наместо просто „копи/пејст„ од истото, ќе ни кажеше и што е напишано во напишаното...:icon_lol:
Вака, делуваш како и секој добар протестант, кој е убеден дека затворил нечија уста, а притоа не кажал ништо.
Не ни очекував дека ќе разбереш што кажав со "тој што е во мене истиот е и во тебе".
Кога би го пронашол оној во тебе, а тоа е гол човек кој од себе ги "соблекол" сите наметки според кој се дефинирате , не би имале разлики.
Тие наметки како име, националност, припадност кон догма, карактер дефиниран од емоциите треба да се отфрлат и да остане само човек, но и самиот збор човек дава облик поправилно е празнина.
Човек кој нема одраз во огледал.

Тоа е тој за кого раскажуваш , понесен од верување зборуваш за чекори до просветлување и веднаш потоа си контрираш како тоа не е можно и јас ти велам невистина збориш.

Писмото зборува за таков човек(гол човек).
Ако не го осознаеш неможеш ниту да го познаваш, а кога некого не познаваш твојте зборови свучат медени , но лажни.

Крстот ми е веќе земен, не морам два пати да го земам.
Не сведочам лажно, туку ти си во тешка прелест...ај, може ќе ти текне.

Ај за почеток, кажи што значи изразот „земи го својот крст„. Со нетрпение го очекувам одговорот...ако го имаш. Се сомневам...
Да го носиш своето бреме!

Ти не го носиш свое бреме туку крстот(мечот) ти е во рака и со него војуваш против сите кој не се твој истомисленици и членови.
Прави разлика , едно е да го носиш бремете , а сосема друго со тоа бреме да правиш резови на праведни и неправедни, верници и неверници, протестанти и други верници.

Да го имаше крстот на својот грб ќе го сакаше животот.Бидејќи кога чекориш спрема смртта се појавува толку голема љубов кон животот со што во очите и на најголемиот крвник ти го гледаш животот во него и се радуваш што го има, а не со гнев кон тоа што го прави.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
Не ни очекував дека ќе разбереш што кажав со "тој што е во мене истиот е и во тебе".
Кога би го пронашол оној во тебе, а тоа е гол човек кој од себе ги "соблекол" сите наметки според кој се дефинирате , не би имале разлики.
Тие наметки како име, националност, припадност кон догма, карактер дефиниран од емоциите треба да се отфрлат и да остане само човек, но и самиот збор човек дава облик поправилно е празнина.
Човек кој нема одраз во огледал.

Тоа е тој за кого раскажуваш , понесен од верување зборуваш за чекори до просветлување и веднаш потоа си контрираш како тоа не е можно и јас ти велам невистина збориш.

Писмото зборува за таков човек(гол човек).
Ако не го осознаеш неможеш ниту да го познаваш, а кога некого не познаваш твојте зборови свучат медени , но лажни.

Да го носиш своето бреме!

Ти не го носиш свое бреме туку крстот(мечот) ти е во рака и со него војуваш против сите кој не се твој истомисленици и членови.
Прави разлика , едно е да го носиш бремете , а сосема друго со тоа бреме да правиш резови на праведни и неправедни, верници и неверници, протестанти и други верници.

Да го имаше крстот на својот грб ќе го сакаше животот.Бидејќи кога чекориш спрема смртта се појавува толку голема љубов кон животот со што во очите и на најголемиот крвник ти го гледаш животот во него и се радуваш што го има, а не со гнев кон тоа што го прави.
Ти благодарам на исцрпниот одговор...:kafence:
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ништо од ова што го зборуваш нема допирни точки со мене.

Стапот наречен „Маж Жена“, па и Мојсеј (Муса) :coffee:

Колку што знам ти си нов пророк, што зборува со Христос и ни ја толкуваш „правилно“ библијата.
Не може да крадеш од евреите и да создаваша секти... глупо е, видено веќе, досадно, бесцелно...

Според тебе, иако зборуваш за христијанството и библијата, излегува нека одат по ѓаволите и еврејските рабини кои ги создале тие писанија (еврејскиот закон) и сите езотериски симболи испреплетени таму, нека одат по ѓаволите и останатите - ти си тука, да ни кажеш за Исус и новото христијанство, ниту православно ниту католичко заедно со сите деривати. Ти ќе ми кажеш за Бабалон или за Ѕверот... или за Соломон кој што со сигили успеал да ги командува духовите ...
Баш ти? :coffee:

Ти си бил поопасен од мене во однос на старите религии, море сине - добро сме те потковале преку форумов по се изгледа...
Напред! Само напред!
И ти сега што напиша нема допирни точки со мене.
Фали уште да ме прогласиш за телемит и утре да се петелите како сте ме научиле вие тука на форумов, абе мршш.

Гориш од желба да ти побарам членство.
Како куче трчаш по мене.

Потписот што го имам е од твојот брат, заканани во лична порака, а сега навиваш и ме присвојуваш ословувајќи ме со "сине".
Ајде гит бре!
Автоматски споено мислење:

Ти благодарам на исцрпниот одговор...:kafence:
:)
Не ми се заблагодарувај мене, туку на живиот бог кој е на небото(мислите-зборови)

Потсетисе на еден цитат кој иде вака....

Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Сине беше кажано еднаш од забава, испадна ти да изреагираш како да те тргнав од средина на твоето општење со богот...
И од тогаш така ти велам и ти на секое „сине“ - се препелкаш...
Батали го тоа, се знае дека си христијанин што не сака црква и затоа од петни жили сам си ги толкува нештата како ти чини... што е добро.
Не сме од вчера, се знаеме, ти го знам менувањето низ времето на форумов и од каде на каде изодуваш. :coffee:

Еми ќе напишам нешто набрзина, да видиш како е без да мислиш кога пишуваш испровоциран без да се има потреба од тоа, кога сешто ти доаѓа на ум само да ми вратиш со сешто пишување... веднаш навреден се чувствуваш, нападнат... да, сите сме нападнати на подфорумов Религија.

Сите религии се една против друга и против се и сешто... љубовта за која зборуваат не е љубов за која што се зборува во источните философии, бидејќи таму има пракса за тоа, а овде е верување и љубовта е само мисловна именка, само својот го сакај, другото, господ ќе го реши... така?
Дали се разбира, дали се познава она кон кое се гради омраза, нема врска, битно е да си против и „моето објаснување е врвот и најточно, верувајте во мојот концепт на божественост, јас ги разбирам светите книги...“ и тоа е така со векови, не е од сега. Нетот само го доближи тоа до луѓето кои се заморуваат со религии, верувања и учења кои постоеле, постојат и како ќе се развиваат во иднина.

Каде реков дека си ти Телемит? Како мислиш да побараш членство? За каде? Зошто ми ставаш зборови во уста кои не мислам никогаш да ти ги упатам? :coffee:

По твојата моќ на пресудување така одлучи? Или егото ти се полни додека тркалаш идеи како Хептаграм XI како Телемит сака еден алф да биде Телемит? За тоа сме зборувале на темата Телема, како и зошто се станува Телемит... таму има напишано убаво, јасно и гласно.

И како мислиш дека некој може да те прогласи за Телемит? Ти треба прогласување? :) Чујте и почујте, во тој стил?
Христе боже дојди збери си ја вересијата, јас не можам повеќе... до толку е дојдено :coffee:

Што е ова, стар еон? Ќе кренеш прст и ќе прогласиш некој за сатанист и зло на пример и толку? Ќе го избркаме до крајот на светот за да не постои бидејќи ни смета на нашите проповеди и толкувања на старо-еонските книги, ќе им бараме нова смисла...?
Не може така.

Светите книги од стариот еон може само да се прераскажуваат во светлото на новото време, не да се толкуваат како ти што правиш, бидејќи не се компатибилни со човештвото... не може да се верува и толку...
Верувањето е почеток... ако остане само на тоа, ќе создадеме нови догми и никакви алатки за да напредвува човештвото. Премногу сме успорени заради такви работи... не барај пламен да најдеш каде што нема пепел, не пак жар за нов оган што ќе го распламти човештвото кон новото! :coffee:

Исус никогаш не бил без националност и без револуција во себе - насочена кон другите! Зошто е распнат?

Донесе меч и донесе разделба... што потоа нели, отците и се останато почна да толкува, како одговара без да се заморуваат со историјата и зошто и како се појавило сето тоа движење и проповедање во Јудеа...

Сето ова поимање го имаш за христијанството и Исус бидјеќи читаш редактирани IV век грчки преводи (што тебе не ти менува ништо, нели?) на текстови кои никогаш нема да ги видиш со очи (оригиналите)... создаваш митолошки Исус и го касапиш за да изгледа нов, во новото време и новото човештво. Ништо посебно, реков и претходно...

Веќе видено, но ти бидејќи нели нема потреба да си запознаен со историјата и минатото, не читаш ништо, доволни ти се евреите и христијаните за да градиш своја секта...

Повели слободно туркај, реков добро сме те навлекле на патот, само продолжи... не мислам да те сопрам. :coffee:
Мислам дека пропушташ една тема, оди спукај некое толкување од апостолите, што кажале за Христос и што тоа значи...

П.С. И лесно е да проповедаш „не прави ова„, „не прави она“, „Исус е во тебе“... пробај да го правиш тоа што го проповедаш тука... ќе видиш кој е во тебе.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
:)
Не ми се заблагодарувај мене, туку на живиот бог кој е на небото(мислите-зборови)

Потсетисе на еден цитат кој иде вака....

Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото
Ете, сега очекувам да го подобјасниш напишаното во последната реченица...она де, за Бог, за Синот, за Словото...

Ти посакувам појќе успех, што значи-немој пак да се изрезилиш како во постот претходно...(y)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Сине беше кажано еднаш од забава, испадна ти да изреагираш како да те тргнав од средина на твоето општење со богот...
И од тогаш така ти велам и ти на секое „сине“ - се препелкаш...
Батали го тоа, се знае дека си христијанин што не сака црква и затоа од петни жили сам си ги толкува нештата како ти чини... што е добро.
Не сме од вчера, се знаеме, ти го знам менувањето низ времето на форумов и од каде на каде изодуваш. :coffee:

Еми ќе напишам нешто набрзина, да видиш како е без да мислиш кога пишуваш испровоциран без да се има потреба од тоа, кога сешто ти доаѓа на ум само да ми вратиш со сешто пишување... веднаш навреден се чувствуваш, нападнат... да, сите сме нападнати на подфорумов Религија.

Сите религии се една против друга и против се и сешто... љубовта за која зборуваат не е љубов за која што се зборува во источните философии, бидејќи таму има пракса за тоа, а овде е верување и љубовта е само мисловна именка, само својот го сакај, другото, господ ќе го реши... така?
Дали се разбира, дали се познава она кон кое се гради омраза, нема врска, битно е да си против и „моето објаснување е врвот и најточно, верувајте во мојот концепт на божественост, јас ги разбирам светите книги...“ и тоа е така со векови, не е од сега. Нетот само го доближи тоа до луѓето кои се заморуваат со религии, верувања и учења кои постоеле, постојат и како ќе се развиваат во иднина.

Каде реков дека си ти Телемит? Како мислиш да побараш членство? За каде? Зошто ми ставаш зборови во уста кои не мислам никогаш да ти ги упатам? :coffee:

По твојата моќ на пресудување така одлучи? Или егото ти се полни додека тркалаш идеи како Хептаграм XI како Телемит сака еден алф да биде Телемит? За тоа сме зборувале на темата Телема, како и зошто се станува Телемит... таму има напишано убаво, јасно и гласно.

И како мислиш дека некој може да те прогласи за Телемит? Ти треба прогласување? :) Чујте и почујте, во тој стил?
Христе боже дојди збери си вересијата, јас не можам повеќе... до толку е дојдено :coffee:

Што е ова, стар еон? Ќе кренеш прст и ќе прогласиш некој за сатанист и зло на пример и толку? Ќе го избркаме до крајот на светот за да не постои бидејќи ни смета на нашите проповеди и толкувања на старо-еонските книги, ќе им бараме нова смисла...?
Не може така.

Светите книги од стариот еон може само да се прераскажуваат во светлото на новото време, не да се толкуваат како ти што правиш, бидејќи не се компатибилни со човештвото... не може да се верува и толку...
Верувањето е почеток... ако остане само на тоа, ќе создадеме нови догми и никакви алатки за да напредвува човештвото. Премногу сме успорени заради такви работи... не барај пламен да најдеш каде што нема пепел, не пак жар за нов оган што ќе го распламти човештвото кон новото! :coffee:
Хепта, до кога ќе се правиш апостол на новиот еон?
Сме збореле многу пати на пдф телема.
Погрешна ви е филозофијата... а не викам грешен е Хепта.
Тргни од самио себе , но без да се лажеш себеси.Духовен "водач" позади кој се двајца , маж и жена е навреда за сите просветлени луѓе,Што сте се уфилмале, постои таква духовна состојба и со едно тело.

На форумов се прочита многу од ваши бивши членови, гневни на вашиот однос спрема нив.
И сосема ги разбирам, бидејќи знам со какви подли и ниски удари се користите.
Ќе пукнеш од мака што нема сега кој да ти пренесува за мене лични работи.
А тие лични работи знаеш многу добро да манипулираш.

Од моментот кога се појавивте по форуми грабавте од виртуелниот простор.
Со реклами за својот блог на секој пост, го искористи атеист додека беше модератор да ви ја боцне како важна темата телема.
Надмудрување со слободоумните и "камшикување" на верниците.
Целта беше да ја покажете вашата духовна големина за да придобиете членови, а оние тврдокорните ги носевте на работ од бан со пријава до модераторот.
Малку по малку го запустивте форумот, телема е меѓу првите теми, телемит е модератор, а форумот без членови.
Браво!!

Исус никогаш не бил без националност и без револуција во себе - насочена кон другите! Зошто е распнат?

Донесе меч и донесе разделба... што потоа нели, отците и се останато почна да толкува, како одговара без да се заморуваат со историјата и зошто и како се појавило сето тоа движење и проповедање во Јудеа...

Сето ова поимање го имаш за христијанството и Исус бидјеќи читаш редактирани IV век грчки преводи (што тебе не ти менува ништо, нели?) на текстови кои никогаш нема да ги видиш со очи (оригиналите)... создаваш митолошки Исус и го касапиш за да изгледа нов, во новото време и новото човештво. Ништо посебно, реков и претходно...

Веќе видено, но ти бидејќи нели нема потреба да си запознаен со историјата и минатото, не читаш ништо, доволни ти се евреите и христијаните за да градиш своја секта...

Повели слободно туркај, реков добро сме те навлекле на патот, само продолжи... не мислам да те сопрам. :coffee:
Мислам дека пропушташ една тема, оди спукај некое толкување од апостолите, што кажале за Христос и што тоа значи...

П.С. И лесно е да проповедаш „не прави ова„, „не прави она“, „Исус е во тебе“... пробај да го правиш тоа што го проповедаш тука... ќе видиш кој е во тебе.
Ти реков дека појма немаш што значи распнувањето и кој го одобрува.
Исус е ѕвер, најтешка состојба која може човек да ја доживее, но само така се обновува човештвото бидејќи ако не е тој вие ќе се самоуништите, нема да постоите поради вашата неукост, ненаситност и злоба.

Глумци сте на духовното како што и овој свет со својата наука пробува да направи идентична духовна поврзаност на сите луѓе во еден ум-интернет и преку него да ја зачува уникатноста на поединецот и да ја контролира масата вметнувајќи зборови-идеи!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Хепта, до кога ќе се правиш апостол на новиот еон?
Сме збореле многу пати на пдф телема.
Погрешна ви е филозофијата... а не викам грешен е Хепта.
Исто велиш и дека никогаш нема да се запознаеш со философијата на Телема. :coffee:

Сешто трпи html, секој може да пишува без знаење и со бесцелнс омраза кон било што, од свои лични побуди...

Но треба да се истражува и да се имаат аргументи, без тоа... нема што да се дискутира.

П.С. Iesus Therion ... Like. :sneaky:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Но треба да се истражува и да се имаат аргументи, без тоа... нема што да се дискутира.
Нема поголемо истражување од она кое го осознаваш од самиот себе.( од сите периоди од своето постоење)
Читање зборови е надминато.
Како што жена зачнува од машко семе, така зборовите зачнуваат во вас.
Да ти биде појасен терминот "син" во духовна смисла.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom